Дали се сериозни? Извор:https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...ksi-vo-skopskite-kafani/#.WwQb59yZlSI.twitter
Кој видел аир од учење ? Јас. Еве зошто. Јас кога учам почнувам да имам допир со себе си и потребите на моето тело на доста завидно ниво. Така што коа ќе седнам да учам одма го чувствувам секој минимален сигнал на глад и жед, потреба од истегнување, потреба за одење по нужда, светлината под кој агол ми паѓа на маса (не сакам под секаков), ѕидниот часовник ми го иритира сетилото за слух секоја наредна секунда... Омммм... Учењето е здраво RUN
Ви текнува на она кога не знаеш од каде да почнеш, па не почнуваш ништо? Мислам дека ако почнам да размислувам на што и како да направам, главата ќе ми пукне од огромен прилив на информации и дека ќе ми се распрсне на милион делови што после нема да можам да ги спојам и ќе се претворат во една голема каша. Е така се осеќам. Во моментов ставам СТОП на се, и самата помисла на сите тие работи ми создава толкав стрес што не знам што да правам со себеси. Само што го напишав ова тука, осеќам дека срцето ми чука побрзо од нормално и дека не ми достига кислородот што го внесувам преку нос. Зошто сум ваква, и зошто мора се да ставам на страна? Како во стара куќа кога ѕидовите се толку варосувани што почнуваат да се пукаат и да се лупат. Е, баш така си го осеќам мозокот. Се случило нешто, јас сум го варосала, така до недоглед па имам ставено толку слоеви што мислам дека треба сите да ги откорнам, срушам и од почеток да глетувам за да дојдам до „tabula rasa“ Ако има некој words of wisdom, feel free to send them my way. А сега чао, ќе идам надвор да заборавам на ова што сум го пишала за да не ми се сруши браната и да ми се поплави цело село.
Цивилизацијата постои 6000 години. Би дала 10 години од својот живот да знам уште колку останува. Дали сме на самиот почеток, колку други општества ќе се сменат, кога ќе се истребиме, која ќе биде причината? Moment of silence за сите оние работи што никогаш нема да ги дознаеме.
Ова е Балкан Она кога живееш во зграда и навечер кога дури и на вампирите му е мака и тие спијат,имаш комшии од влезот до тебе кои пејат,скокаат,збораат на Скајп или си ги бараат вилиците под креветон акајќи се по ѕидовите.Спиј да те видам. Она кога нема потреба да пушташ ТВ или глас,бидечи комшијата доволно јако ја има пуштено серијата нешо од типо "Двајцата полубратучеди" или некоја временска прогноза чиј водител е старче од 100 години. Она кога се дериш по улици по некој познат како да си ги изгубил овцине во ливадана. Она кога се прајш сељачина и пушташ музика на најгласно за да те чуе свето дека:"Нисам знала да си таква кукавицаааааа." Она кога колата ја паркираш на тротоар, бидејќи на улица не те собра."Абе брат широк сум"(јбт широкиот). Она кога плукаат по улиците со залет ти се чини Цацко во олимписка игра плукање во далечина.Да ти се исуши устата. Она кога луѓено работаат за без пари.Не мора да глеаш 12 years of slave,ела си на Балкан. Она кога улиците ти изгледаат како некое село од Мадагаскар. Она кога децата "учат" колку тони ќумур има во Конго,а ти живејш на Балкан. Има уште Она кога,па to be continued шо би рекле скопјани-енглези. Пост скриптум:не се клади на енглези! И да,ова е Балкан чоенца и луѓенца.
Дали сум добро ? - Да, добро сум фала на прашање знам дека не ме прашавтр. А од каде знаете ? -Па еве ви кажав. Дали е доволно ? - Па не баш Сигурно веќе знаете и сте свесни дека и комуникацијата ни станува догитална. Исто така знаете и сте сведоци дека прикажаниот живот на социјалните мрежи не е баш како оној у реалноста. Сигурно ги знаете лугето кои се отсликуваат во вашите глави со описот погоре. (Можеби сте и самите вие) Но не е секогаш проблемот што објавуваат лугето, туку исто така е важно и колку често, еве и зошто. Кога некој не е онлајн или не објавува веќе секој ден, се запрашуваме дали тој/таа/тие се добро, а кога објавуват секој ден заклучуваме дека се добро. See the difference ? If not, take your time. За да знаете подобро дали вашите пријатели се добро, побарајте го тоа очи во очи. RUN
Деновиве, гледам многу уфилмани принцезички околу мене Значи не,колку сакаш споделувај како Меган го лапна Хари,ти среќо ја немаш таа шанса само со тоа што ќе споделуваш нивни слики по 1354 на ден,и од горе мотивирачки пораки-кога се сака се' се може Па,и овие порталите претеруваат со споредбите како била мулаткиња,постара од него,разведена и најјакото не била девица Демек Кејт покажа бел чаршав со крв
Мора да ти е малце досадно и монотоно во животот ако немаш ниедна откачена слика/скриншот за кој кога на некој му го даваш телефонот да му покажеш нешто, ти прпа да не слајда и да ја види, па здраво да се усрамиш Уште повеќе, пак, сигурно ти било досадно детството ако во албуми немаш по некоја фотка со откачена поза/фризура/облека од кои истовремено се смееш и се фаќаш за глава кога ги разгледуваш
Кога бев мала мислев, еј мојата свадба ќе биде со сите мои роднини и пријатели кои безусловно ме сакаат,огромна свадба, нешто сосем спротивно од тоа денес што сакам скромна мала свадба, далеку од очите на сите. Другарки едвај 2,3..сепак мислам дека и се доволни, за разлика од моето фантазирање како сите другарки ме сакаат... Но, и ми ги нема моите најсакани баба и тетка.... За жал... Ќе ми недостигате секогаш ... Без разлика дали поминале, 4,40,400 години...
Кога ја читав пред некое време биографијата на Лејди Ди по кој знае кој пат се откри психолошкиот профил на ликовите кои се прекрасно доловени исто така во традиционалните руски литературни дела. Жената не сакала да ги понижува помошниците и им се обраќала културно по име.Чуму? Се ја кодошеле и за пари издавале тајни каде се барало од нив. Дури батлерот Пол ја ограби па бабе КраЉица Бети мораше да глуми дека таа му доверила работи од Дијана тој да ги чува а подзабораила за да го спаси од апсаана. Ја завлеков муабетот ми е тие на кои најмногу им правиш чест,многу изнад што заслужуваат на секое ниво,независно професија,приватност тие секогаш најубаво ќе ја злоупотребат таа чест. А има и такви кои се ќе видат-чујат и ќе се прават слепи и глуви за се и ќе грабат кон својата цел. Е сега кој се поопасни тие што имаат емоција некаква иако те злоупотребуваат и создаваат негативни емоции наоколу или оние без трунка осет што ништо не рецкаат и итаат напред,луѓе без осте кои нит ќе ги приметиш нит ќе создадат некаква емоција така не исперцепирани од тебе? Ете прашања што ме мачат додека се расчистуваат масите од кафулето удолу што пиштеше до пред малце иако веќе изминало 12саато. @simonna.a има бетар од твоено
Внука ми сакаше да и ставам црвен кармин,и ставив,и не сакаше да јаде да не и се избришел карминот,ја молевме јади,пак ќе ставиме да дојадеш,ама не,упорна беше да не јаде. Потоа,си седна на земја и се распостели со сите мои шминки,накит и парфеми,си најде уште поголема занимација,и сега не знам која сила ќе ја изваде од тука за да јаде
https://www.petitiontime.com/signat...dHJhamtvc2thQGdtYWlsLmNvbQ==&token=X6Ix87U6DR Еве кој може нека потпише.Жал ми е за кучињата П.С.Ме ставиле за полагање по еден предмет во Vip термин.Се чувствувам
Морам по втор пат да се искажам.Срцето ми се скрши пред малку.Брат ми глуми во драмско студио.Има премиера наскоро и треба да си продаде карти.Значи да молиш за да продадеш карти,и тоа на другари,и грубо да те одбијат.Важно за дома кај нас,не е проблем.Ќе седат,ќе ручаат.навечер филмови...А сега,без ни најмала желба да го гледаат другарот.Се работи за симболична цена,не огромна па да не може некој да си ја дозволи.Ме боли многу за брат ми.Тој мојот живот,моето Како постара сестра,во состојба сум на некој очите да му ги ископам ако треба за него.Какви се овие негови другари,не знам.Ама боли кога знаеш дека молиш за да продадеш,со надеж во очите гледаш некого-како небаре светот треба да ти го поклони,и те одбива грубо и незаинтересирано.Првенствено не го интересира твојата работа и твојата креативност,ни уметноста,после е картата и продажбата.Жал ми е Глув народ сме,и за уметност и за креативност.