Она кога читаш на месинџер пораки стари 3 години, со личност која не е повеќе дел од твојот живот и одеднаш стиснуваш video call...
Дојдов да кажам дека кога ке прочитам наслов од типот ''Ја претепал бидејќи го фатила со друга жена во кревет'' или ''Ја исшамарал бидејќи му нашла пораки од други жени на телефон'",значи ми се гади,повраќа или незнам што од вакви створења. Е добро бе овие мажи што се животни или бетер.. ем криви ем силни,ебаго,нели жената е крива бидејќи го фатила или незнам на што акл ќе беа,ццц ебати мажиштата ебати
Колку би било убаво ако секоја физичка болка би минувала лесно и магично ако се намачкаме со некој крем. Најчесто децата веруваат во оваа теорија,и ја практикуваат по сто пати на ден,при најмала гребаница или повреда,физички удар од некој предмет...се мачкаат со кремче,и болката ја снемува,продолжуваат пак со неуморни игри и скокања(вака барем прават моите внуци) А ние,повозрасните,не знаеме сами да си направиме ваква "магија"ќе легнеме во кревет и ќе кукаме и за најмали ситници
Колку би било убаво и душевната болка да се мачкаше со крем Т.е. може да се замачка моментално, со еурокрем можеби
Многу сакам да се вратам во детството.... најубавиот период во животот на секој човек верувам. Најголема мака да ми бидат: 1)раскрвавените коленици 2)дали ќе ми дадат пари за четвртиот "Делта"сладолед денес 3) дали ќе ме поплукаат на криенка
Навистина е жално, нефер и нечовечки од страна на вработените по училиштата што не преземаат ништо против насилство врз ученици од страна на други ученици. И физичко насилство е застапено, ама психичкото доминира. Што е најтрагично, кога ќе собере храброст ученикот да се пожали кај соодветната служба, тие ништо конкретно нема да направат зашто насилниците претежно се деца на видни луѓе. После се чудиме зошто децата не ја тргнуваат главата од телефон, зошто седат по цел ден во соба, зошто не прават муабет дома и се толку повлечени во себе...па може дека во школо се малтретирани од врсниците...може им се смеат дека истите патики ги носaт 3 години со ред, дека истите фармерки сабајле ги носел постариот брат, дека од дома носат чоколатце од 5 денари за јадење, додека другите јадат тостови и хамбургери. Децата знаат да бидат сурови, ама се знае кој е виновен за такво воспитување. Навистина боли кога блиска личност што веќе долги години има завршено средно школо, ќе се отвори пред тебе за толку болна тема и ќе рече: - ''Фала што ме тешиш, ама не очекувам целосно да ме сфатиш. Сепак тебе не те малтретирале и не знаеш како е да го мразиш цело школо...Затоа не одам на генерациски собиранки".
СДК дека една од најдобрите одлуки во животот ми беше да ја оставам работата што не ја сакав и да се посветам на она што навистина сакам да го работам На тој начин работата не е обврска туку задоволство. Среќна сум што го преземав овој ризик
Минута молк за сите оние кои слушаат музика од некој си таму Rasta, MC Stojan, MC Yanko, Jala Brat, Buba Corelli и сличните на нив, кои искрено не знам ни од кое село излегоа директно на сцена И нешто што уште повеќе ме фрла во депресија е тоа што не само што ги слушаат, туку и објавуваат и нивни песни по социјални мрежи И кога некој што си мислела дека е нормален и кул човек, ќе објави песна од овие
Само мене може да ми се случи нешто да знам и да го згрешам размислувајќи дали тоа што го знам е погрешно А сум го знаела подобро од било кој. Е добро де, и најдобрите грешат мора да се оправда
Леле колку ми е иритирачки кога луѓето ги вреднувате, цените , проценувате и делите по тоа што музика слушаат и колку книги имаат прочитано...демек оние што слушаат раста се помалку вредни од оние што не го слушаат...читам книги ама не сметам дека оние што не читаат се помалку интелигентни, не паѓам у транс на Цеца ама имам многу добри другари кои се кафански луѓе..значи сурово е еден човек да го омалуважуваш само затоа што се пронашол во некој текст од Раста и све остало..
Мене па ми е иритирачки кога луѓе се навредуваат од приказна во која воопшто им се немаш обратено на нив Ама па кога ќе размислам можеби се пронаоѓаат во луѓето кои ја наполнија Борис Трајковски кога квалитетите од пејачи како Раста и Ана дојдоа да ни покажат на нас македончињава што е добра музика
Значи ако не ми се некој лично обрати не смеам да да дадам мое мислење на форумот по некоја тема? хм, не мислам така.. Слушам сосема друг тип на музика од спорната ама имам почит за останатите. Сакам да кажам ниско ми е кога некој се удира у гради оти слушал red zeppelin и треба останатите капа да му симнуваат. Човек се проценува по муабетот и по делата..не по музиката која ја слуша. Толку сакав да кажам.
Не се сеќавам некогаш да сум побарала на форумов сите да ме сакаат или да ми симнуваат капа, ама ете некој изгледа се сеќава на такво нешто Како и да е сакав да кажам дечки слушајте Раста и компанија и нек иде живот
Да се надоврзам на темата за музиката. Горенаведените и јас не ги преферирам , ама не ми смета кој што сака нека слуша. Мене ми пречеле муабетите од типот, овој слуша рап музика 100% е некој наркоман или муабети од тој тип. Исто ме вадат од кожа луѓе како еден мој сосед, кој во 2 часот по полноќ на звучници пушта гласна музика од која мислам дека се тресат темелите на сите куќи во маалото. Јас разбирам се ама тоа не можам да го разберам. Едноставно немаме елементарна култура за многу работи. Кога бев во Германија во 20 часот се спуштаа ролетните на прозорците од куќите и владееше мртва тишина. Тоа е веќе култура на ниво кое за нас е научна фантастика. Да се вратам на музиката се разбира дека не осудувам никој во поглед на тоа што слуша, како што јас не сакам да ме осудуваат кога ќе кажам каква музика слушам.
(Не)вкусот е дел од целокупната слика за еден човек. И тоа што/кого слушаме, читаме, поштуваме од познати личности/уметност – зборува за нас.
Е,да,супер би било душевната болка да знаевме со кремче да си ја излечиме како малите дечиња и неуморно да продолжиме напред.... Ама нема откажување,нели,ќе паднеме 1000 пати и уште толку ќе станеме борејќи се со цела сила. П.с еурокремчето и те како некогаш знае да направи демек се лечам,т.е исполнувам психички јадејќи на емотивна база,ама после е лошото,килограмите трчаат да ми се залепат како луди