Dirty грешки од телефон part two - Нема да тееба... (треба) - Да ти кажам дрка... (Дека) - Ќе јадам печено пиче (Пиле) - Видов слатко курре (Кутре) - Се сретнав со Куре (Кире) Некои букви на тастатурата are not meant to be една до друга.
Колку и да се трудам, никогаш нема да можам да ги разберам жените кои се љубоморни на жена. Било таа да е убава, згодна, паметна, друштвена, успешна, има убав и среќен живот, убава работа, па дури и за ситници се љубомори (како пример за стилот на облекување, има жени што секое парче знаат да го носат совршено, нема нешто што не им стои). Има жени кои зрачат со позитивна енергија и се толку убави, да не може човек поглед да тргне од нив, знаат денот поубав да ти го направат. Направете нешто за да ви биде добро во своја кожа, сменете нешто во животот и навиките за да си го разубавите секојдневието, бидете позитивни и смејте се почесто, нема потреба од љубомора. Тајната на тие што им љубоморите е тоа што се среќни и задоволни, и тоа што си гледаат за себе и секогаш прават нешто за да бидат исполнети и насмеани.
Пред 3 недели игравме одбојка на див терен и при скок стапнав на дупка и го свиткав јако стапалото. Истегнав лигаменти и морав две ипол недели да носам лонгета и да одам со штаки Најбед ми е што ова се деси на пролет кога е најубаво за шетање надвор. Беља работа. Али од друга страна другари/ки ме развозуваа со кола, ми правеа ручеци, вечери.. да му се заарни на човек хаха, па шо, па еднаш и ја да се опуштам и да ме тинтраат, не само ја за нив да правам работи. У секој случај добар период човек да си ги провери вистинските пријатели. Некои што мислев дека ми се онака „пријатели од втор ред“ ме изненадија позитивно со нивната грижа дури и повеќе од што очекував. А имаше и еден обратен случај. Еден другар и овој период ме бараше од корист, само за негови потреби, без ни да праша како ми е, да не ми треба нешто. И пред тоа го правел тоа, али сега ми се отворија очите. Кое отпишување сум му го дал аууфф, со мерак и без пардон.
Losha zhena kade i da e ke se pokazhe.Ti gi poklonuvam moite novi patiki,posto vo tie tvoi staromodni chevli ke nemozhish da trchash i us pat zemigo tvoeto debelo prase poz
Мислам дека потешко нешто од квантна физика е да разбереш некои повозрасни луѓе кои во сѐ ти наоѓаат маана и споредуваат со нивно време. На девојка од 18 години прво ѝ велат дека ѝ е време за дечко. Ќе почне да излегува девојчево со некој, и тука коментарот дека наместо да учи, таа со дечкото и дека во нивно време тие не ни мислеле на љубов туку по цел ден работеле на поле. А потоа и коментарот како на нејзина возраст младите девојки веќе се мажеле и деца чувале. И пак на крај не сфаќаш како било во нивно време.
У нивно време било онака како што им одговара у дадениот момент за да ја докажат својата поента у муабетот. А у секој случај, они биле повредени, поодговорни, повоспитани и попаметни од младите у денешно време.
Блокче и решен проблем Да се надоврзам на моабетов за грешки при пишување на пораки, правам многу е една буква погрешна и ке сакаш во земја да си пропаднеш. Или да се .
Нека ти е со помин. Е да во вакви ситуации се приметуваат вистинските пријатели ... Многу пати пријатно изненадена од подалечни пријатели или познаници и многу непријатно изненадена од многу блиски пријатели.
Ситно друже.. Јас 2 ипол месеци од кревет не станав. Буквално Ти барем си одел.. Јас сега одам со штаки и тоа само за по дома па мијам садови, подзачистувам, запржувам нешто набрзина..Дури и мафини смучкав .. Наплаќам по малку за тие 10 недели сонце што не видов Па како фатив да бришам луѓе од живите...ееее.. Убаво е чувството, ти посакувам од сите такви да се ослободиш.. Со помин нека е..
Рандом озбилен муабет од средовечна жена за некоја познаничка - гостинка на матура на ќерка ѝ: „Стопати рече леле колку е убава, колку убав ѝ е фустанот... па ѝ викам на ХХ дојди ваму, ја тргнав настрана да ја измијам со осветена вода, оти ќе ја урочи оваа“ Значи луѓе пазете со дозата на љубезност и комплименти, не само што може да изгледате како лицемери и умилкувачи, туку уште има и некои што ќе се уплашат дека намерата ви е да урочите
@Someonespecial , ме потсети на еден твит: Втори сме во светот како нација со суеверија. Ќе бевме први ама некој не има урочено.
СДК Го сакам животот најмногу бидејќи имам 3 деца и маж пратен од Бога , ама се околу нас се ламји , смучено ми е веќе од се , ама ако , ќе дојдат моите 5 мин. и покрај се јас простувам на секој и помагам на секој и ако ми е , пак го добив ножот во грб , 100 пати ако ми е , да сум здрава јас и моите деца , знам и верувам во Бог ќе ми даде сила и на мене и на мм да докажеме прво на себе па потоа на другите дека сме многу способни да стоиме на свои нозе без ничија помош ... (само да се искаже човек одма доаѓа полесно , ама плачењето брише повеќе но , таа можност ја немам)
Па и не било така досадно по свадбите ако си имаш барем едно другарче погодено за муабет, да си пиете по малку црвено вино или бунарче, да си мезите од сѐ по малку што ви е поставено на маса и да разговарате за тоа колку јако би било одеднаш да почнат да ја свират The Rains of Castamere, но сфаќате дека сигурно никој од присутите ја нема гледано Game of Thrones па си продолжувате со виното.
Престанав да се преправам дека сакам горко кафе, па ставив две лажички шеќер. Сите тесни фармерки ги фрлив, почнав да купувам удобни. Почнав да се јавувам прва, да пишувам после караница. Ама уште не ми е удобно. Имам грутка до желудникот и нешто ме стега на вратот. Ниедна удобна облека и ниеден разговор не помагаат. Ништо. Немам ни кај да побегнам.