Чудно е како некои луѓе што се колнеле дека ќе бидат покрај тебе и во добро и во лошо, одеднаш ги снемува. Како толку лесно забораваат се што си направил за нив, кога постојано си бил со нив бидејќи немале никој друг, зборење по цели денови и ноќи, плачење, смеење, совети безброј. За на крај замена да ти напраат со алкохол и леп провод у диско. Нека, ама знаеш дека Господ гледа
Сега ме потсети на сите другари од средно кога бев. *Секогаш тука во пола ноќ за тебе брат*.. денес кафе договарање на пар месеци, си бираат луѓе друштво од погрешни разлози, не ценат кој бил покрај нив и во најлошото..
Точно, и јас за тие зборам. Како заврши средно така и контактите завршија..ама најјакото е коа ќе начекаш некој надвор и ти вика "Обавезно да се видиме, ти вртам после" и ти комотно си планираш нешто друго за тој период пошо знаеш дека нема да се јават.
Не ми е јасно како за сите имаш време, да те викнат одма ќе истрчаш а кога станува збор за твоето дете нигде те нема. Што да правиш, веројатно приоритети се во прашање.
Во животов за многу работи сум си не прецизна, ама да се лупнам три пати на исто место сум неверојатно прецизна.Цел ден ѕвезди бројам
И јас овој период бев изненадена од блиска личност видов на ФБ убави сандали и пишувам секако иде секој ден у близина иди пробај ги види ова она и ми враќа добив се ме боли ,ок знам како е се откажав од сандалите и после пола саат ми пишува бев да ми стаат гел на ноктите а дуќаните се еден спроти друг и ајде ќе иде ај пак се израдував и чекам ми враќа за 15мин морав на автобуска ќе го испуштив автобусотoo ќе иде на гости.Ај не и беше добро па и стана подобро и како у 10век автобус ќе и избега коа на секој саат има. Само кажав убав помин. Ме здоболе зошто имам се направено за неа но од сеа знам и јас нема да сум тука за тебе Го раскажувам случајот на друга личност ми вели незнам шо да кажам а не се ни она понуди да иде само да ги види а јас да бев ќе се понудев .....јас како луда одев за нив за нивни мајки праев се сеа за мене.......
Така е тоа,обично секогаш први си одат од нас оние кои се колнат дека секогаш ќе бидат тука за нас. Иронично е знам,и тешко е,и болно,и долго не поминува разочарувањето,ама после се...жив човек се навикнува Нек иде живот....
СДК Дека незнаеш кога ке ти откуца биолошкиот часовник последниот тик. Сакајте се повеќе луѓе, баталете поделби створени од наша страна, и општествени. Повеќе љубов, во била каква форма ви посакувам.
90% од луѓето кој се јаки на зборови,и кој викаат дека целиот живот ке бидат до нас,во секое добро и секое зло,најчесто исчезнуваат во првото зло.Убаво рекле старите,куче што лае не каса. Оставете све на Бога,немојте да осудувате,све има во животот ЗАШТО Е ТОА ТАКА.
Сакам да кажам, да не речам гласно да се прашам себе: „Каде одиш со оваа непостоечна самодоверба?????“ Пред половина час се среќавам со маж кој предолго се обидува да има нешто со мене и вика:„Аууууу колку пати вежбаш ти бе, си ставила облини, мислам дека позгодна те немам видено..“ и јас мајмунот му одговарам:„Сакаш да кажеш дебела сум а......?“ Значи каде кокошко....каде со оваа самодоверба..... ц ц ц ц ц ц цц
Накратко, еден мирис ме врати во детството Се сеќавате ? Денешните деца нема да го разберат ова. Сеуште се миризливи!! Цели 25 години...
Повеќето од овие ги имав Јас памтам и првото тефтерче што го купив со што слика беше Пола саат бирав за да не се поклопи ко другарките што имаат за да се менуваме. .
Мислев дека сум веќе доволно созреана за да ги проценам добро луѓето,но не. За голем дел од нив сум била грешка. Мислев дека сеуште постојат оние пријатели кои навистина секогаш ќе бидат тука за тебе и во кои можеш да веруваш. После секое барем едно добро направено дело мислев дека се супер и им ги заборавав сите лоши и секогаш бев тука за нив. Но гледам дека сум била во заблуда. Всушност не сум доволно возрасна за да ги препознаам луѓето и затоа отсега нема со никој да бидам доволно блиска да може само една грешка да направи толку да се разочарам баш поради тоа што сум имала голема доверба во нив.
Незнам колку години имаш, скоро 29 имам, и можам да речам и на 28 изгубив. Но за мене биле грешка. Тие не беа доволно возрасни. Довербата чим ја изгубиш тешко ја враќаш. Мислев дека имам анализирано луѓе до 100%, и сепак ме разочарале. Можеби не ми е место за да се надоврзам, но сум давал 3ти, 4ти, 5ти шанси дури на луѓе. Мораш некогаш да мислиш на себе, немора да биде од место на себичност, туку љубов кон себе. Добри луѓе има секогаш, некој да те сослуша тебе а и ти него/нејзе. За довербата би цитирал нешто што прочитав/објавив некаде пред некоја недела, ке парафразирам *Немој да сакаш премногу, бидејќи сакањето денес може да биде длабочината на болката утре* И мене ми лежеше муабетов на срце па морав да цитирам.. Не сакам погрешно да ме свати членката, не давав совет намерно..
Мувите се синоним на досада,болест и вина. На сечија капа стојат,никој не е безгрешен. СДК..само не секој ги брка,зашто тој што не ги приметува не ги ни брка. Гајле му е за туѓи судови Брка,тој што сака степен на Пиедесталовата скала
Најмногу мразам кога некој не е сериозен. Ти бара нешто што и тој не знае кај го ставил. Бараш 2 часа цела куќа ќе ја превртиш наопаку и кога ќе најдеш, на крај ти вели не ми треба завршив работа. Епа дали сте нормални ??? Изгубив 2 часа барајќи нешто што на крај испадна дека не треба. Па кој ве врти нареден пат сами барајте си...
СДК 1 Моментот кога на врата ми стигнува доставата и забрзана бидејќи бев прегладнета, заборавам дека сум во пижами (бидејќи е sunday) и таква излегувам ноншалантно да си ја земам нарачката. Добивам чуден поглед од дечкото и сеуште си размислувам што е проблемот, и после само еден поглед кон облеката следуваше една цела вечност на „зини земјо и голтни ме“ СДК 2 Моментот кога со хаотична коса и сеуште по пижами излегувам на тераса за да оставам облека за проветрување, а на соседната тераса еден фин сосед со кој редовно си се поздравуваме. И успеав само да мавнам и да се скријам во рок од неколку секунди Се прашувам до вечер во каква се верзија ќе ме видат луѓево Имам време таман за уште некоја глупост, па денов да биде комплетен