Кога ќе ги видам сликите од кафињата во соодветната тема ми иде и мене да си напраам..ама па после тахикардија 3 дена ќе смирувам.
СДК 1."Најгорливата болка е да се препознаеме себеси како единствена причина за сите наши неволји.“-Софокле. СДК 2.„Многумина од нас го губат половина од своето време посакувајќи работи кои би можеле да ги имаат кога не би го потрошиле половина од времето на посакување.“– Александар Вулкот.
Сдк: Честит именден на сите славеници кои денес го прославуваат: Душко, Душан, Душица, Душанка........
Преголемата емотивност те води до тоа премногу да се приврзуваш за луѓе, а тоа е најлошото нешто што си го правиш себеси...
Вистинските пријатели се како ѕвездите на небото. Нивната светлина доаѓа до израз кога ќе се стемни. Лажните пријатели се како сенките. Се држат до вас додека минувате низ сончеви периоди, но избледуваат штом ви заоблачи, а инстатно ги снемува кога ќе се стемни. Така што кога замрачува и не е се така мрачно. Toкму тоа ни помага да ги препознаеме сјајните ѕвезди на нашето поднебје, но и да се отарасиме од сенките.
Како што вели народната поговорка: Прстите на рацете не се исти, а не пак луѓето. Всушност оваа поговорка може да ни даде јасна слика за луѓето во глобала. Сите луѓе се различни во поглед на многу сегменти и секој човек е приказна за себе. Од луѓето можеш да очекуваш се. Од љубов, добрина, внимание и грижа која може да ти ја пружат или да ти ги направат најгнасните и најзлобните работи кои на нормален човечки ум не би му паднале на памет. За двете групи на луѓе историјата е најдобар сведок.
Неколку другари од основно со кои убаво се дружевме во школо, сега сите сме во различни земји, ама ете на фејс си честитавме родендени,празници, ете си лајкнувавме слики и пак на некој начин бевме ,,во контакт,,...е, и сеа што се случува,они се женат иии толку од дружбата. Значи сакам да кажам колку ми се чудни тие нивни жени, како демек не смееш веќе да ставаш лајк, не смееш да честиташ родендени затоа што ете сум женски род??? Еве и јас имам сопруг, имам ќерка па никогаш не сум гледала на школски другари така..мислам што ако сум мажена, или он женет и ајде веќе не сме другари од школо?? Глупо ми е стварно..
Имаме сите своја волја и постапуваме спрема неа, но божјата волја секогаш е посилна и нештата на крајот се случуваат според Неговата волја. И тоа се вистинските нешта, нешта кои ние не сме можеле ни да ги замислиме. Бог секогаш знае што е најдобро и ние треба да веруваме во таа волја и само да се препуштиме.
Од луѓе што ги знам наоколу, роднини, пријатели, комшии, кои се на некаква функција, пример директор, инспектор, шеф, и слично, некако повеќето од нив ( не сите, се разбира има исклучоци) како да мислат дека тоа што се на некоја си функциа автоматски ги следува швалер, швалерка..дека нели се ,,некој и нешто,, во градот.. е сега не дека некој што е обичен работник не швалеросува ама овие другите се нај активни.. Доаѓа вчера еден гостин, кој во родниот град е полицаец, и муабет ваму таму, и почна да си се фали за неговата швалерка, па и слики што му праќала гола покажуваше, и како он бил таков тип, не можел дома да седи, се во град, со жени, швалерки и остало..а жена му ја знам, неколку пати се имаме видено, ептен фина е, и колку ми беше мизерно кога го праеше тој муабет. И зошто мораше да каже, да се покаже демек.. гадно и ниско. Дно дна..и јас цело време ја замислувам жена му како му ги чува децата дома а он у акција, па се враќа дома па и со неа..не можам да разберам како се може живот да се води така, деца да чуваш, жена да доведеш дома и тоа да и го правиш. Ех, животе
Сакам да кажам дека пребрзо тумачам и размислувам пред да ми дообјаснат што сакаат да кажат со коментарот. Премногу анализирам понекогаш, голема мана.
Имав вишок слободно време, па си ги читав мислењата од пред некој месец. Сосема друга личност. Сменета на подобро сум. Топло ми е на срцево, сакам со секоја клетка во мене. Личноста што ми е најважна е до мене. Нека остане вака, само нека остане вака. Ништо друго не барам
Центар е блокиран. Инфо за сите, ако планираат да одат натаму. Јас денес мн испешачив, бидејќи не ни знаев шо се случува. Од Собрание до после Рекорд е затворена улицата. Нз до кога ќе трае протестот, или што и да е.
Не значи дека имаш social skills само ако си зборлест, екстровертен и секој ден имаш на лагер различно друштво за лабаво излегување. Џабе ти е сѐ ако подлабоки особи правиш да се осеќаат непријатно со глупави индискретни прашања, обиди за анализи и непобарани совети. Мразам нападен став и незнаење каде ти е местото со луѓе што не ти се блиски, би напишала посебен бон-тон кој укажува дека ваквите не се ни ултра дружељубиви, ни психолози – туку само невоспитани и не почитуваат туѓ приватен простор, и би ги гаѓала со истиот...