Само во Македонија нема интелигентни, чесни и културни припаднички на женски пол што поштено си постигнале успеси на работа, туку за чудо сите што се успешни во својата кариера се курви или швалерки на газдата. Исто и како кога некоја девојка ќе му даде корпа на некој замарант што умира по цел ден, автоматски станува курва со сите што се е%е.
Ве знам кои сте и што сте, не можете мене да ми се фолирате. И извинете што исто се понашам со вас како кога бевте никој и ништо, што не ви лижам гз сега дека имате 200 наместо 33 лајкови. Катастофа.
Не постои човек кој знае се.... Ама нормално мора од толпа луѓе да се издвојуваат по неколку сезнајковци кои се НАЈ во се,и тогаш не ми преостанува ништо друго освен да превртувам очи,ионака не може поинаку да им се докаже колку всушност се досадни и напорни....
Kако брзо лета времето. Го гледав вечерва мојот најдобар другар како за првпат глуми на сцена. Детето поради кое верувам во машко женски пријателства,кое ме знае подобро од самата себе, кој секогаш ме крева на нозе кога светот ми се руши, единствен кој е до мене дури и кога самата не се поднесувам. Дур седев, kако вчера да било, низ глава ми се вртеа флешбекови од нас двајца од мали нозе, на првата 'бина' koја јас му ја направив кришум крадејќи палети од дома,на која филозофираме за денот кога тој ќе глуми, а јас ќе седам гордо во првиот ред и нема ни да трепнам,за да на секунда не пропуштам нешто. Е исто беше вечерва. И да, за првпат имам заплакано пред луѓе , т.е пуштив 2 3 солзи радосници,не можеше да издржи повеќе срцево кога бидна финишот и почнаа овациите. Вечер за паметење
СДК.... животот е круг. Не знаеме што ни носи утрото. Толку нагло може да се заврти та да незнаеш ни каде си,ни со кого,ни зошто. Кога среќата згаснува .... Јас-тука некаде. Вие- имајте убав ден.
Се разбудив со мала главоболка и жед. Испив чаша вода и го погалив мешето ем лицето на маж ми кој е во седми сон дур не почне да пишти алармот. Сакам да кажам, добро е што сме еден крај друг во секакви мигови. Вчера си гледавме слики од свадбата и сфатив дека јас и тој си пеевме еден на друг. Јас никогаш срамежливо, тој засекогаш. Ме мачеа милион прашања вчера и хормоните ми беа ко разбеснети студенти на журка. Од сета таа хаос - космос ситуација, излезе нова песна и ме смири.