Кога мислиш дека знаеш се и случајно ја отвараш темата за Телегонија и гледаш дека уствари ништо не знаеш. Кај живеам јас
Тетовско љубовно писмо Ме мафташ ка будаљинка на мртво, а и ладен си у последно време према мене и ич не ме сајдисуеш. Сигурно зашто не носим најлонќе ка скопјанќете. Ако је за тоа ќе идем у Вратница и ќе купим и тоа америчќе па тогај ќе видимо чиви ноѓе и чиви бутќе са пубаај. УБОО МОЕ ГОЛУПЧЕ. Нејќем да те сакалдисуем, ама срцево ми ќипе од муќе и сеќирације, ја когај слушам што ми кажуа за тебе! Прееска го сретнав у "Чапчоо Сокаче" Петрета-Кандило од Колтук и ми кажуеше како те видел на корзо у Скопје со некоа караконџула, што на образите и бузете турила по пол ока белило и црвило. Ти бар знаеш како сум наорлена на тебе, па тогај зошто ме тураш у гајле? Зашто ми праеш таквија збрќе. Ја сум ти рекла: Нејќем да се влечем по тебе ка парталка и нејќем да ме пуцаш ка јојо. Тија дејќе скопсќи, срчка да ги изеде, сараџа да ги отреби и рофија да ѓи дамлоса, што не остајле ни петел у чаршија раат, а камоли тебе, сурат мој напишан. Кандило ми вика да не берем многу гајле и ич да не се сакалдисуем, зошто тија биле како короконџуле и оцерени ка будалинќе. Ако е ова вистина - арно, ама ако са оплакнати, еден дн ќе дојдем од апансас и когај ќе ѓи фатим, влакно на глава нема да им остаем, ќе ѓи искубем ка чафќе, и ќе ѓи напраем ка папајце. Ама ми се чини и ти си за утепуење, зошто когај доаѓаш у Тетоо и когај ќе ти брбнем за ниф, ка очите да сум ти ѓи извајла. Ќе почнеш да ѓи пцуеш боштум абер немаш за ниф. Ќе ми речеш дека мораш да идеш на "Два Бреста" на фурна да наручаш за утрента пастрмајлије, иако ти убоо знаеш дека пастрмајлијете ги прае Драго Топалот. Ме мафташ ка будаљинка на мртво, а и ладен си у последно време према мене и ич не ме сајдисуеш. Сигурно зашто не носим најлонќе ка скопјанќете. Ако је за тоа ќе идем у Вратница и ќе купим и тоа америчќе па тогај ќе видимо чиви ноѓе и чиви бутќе са пубаај. Имам многу да ти кажуем ама нејќем више преку писмо. Па те молим да дојдеш што побргу, жити мене, зашто више немоем да издржим појќе, сум станала ка кол лозјарски. За поздрав ти праќам по Славета "Цунибаба" малу орае, коштање, раќија џенарикојца, винце поткомиње и една кошница јабуќе. Сега на крај те цунуе шиесе и шес пута твоата осантерисана, Менча Пријателка ми го разубави денот
Колкава некултура, непочитување лежи во денешниве деца тоа е страшна работа. Се тоа резултат на домашното воспитување. Коса ми се крева, од ова што го гледам и слушам. И срам ме фаќа мене, не па дедото доле. Пилиштарец од 10 години, цело маало го дигна на нозе урла, вреска, се дрецка, пцуе мајки шајки, пишти зашто дедо му после школо не го оставил да игра пред зграда. Од пцовки, до удирање со камења по човекот бре. А, дедото го знам од влезов мој е покроток и пофин нема во зградава. Молеше, ајде дедино ова ќе правиме она ќе правиме, не бре отиде и му избега којзнае каде. Култура бе нула. Никаква. Почит? Што е тоа. Срамота. Брука. Домашното воспитување денес е сведено на 0. Секоја чест на поединци, ама гооолем процент од децава денес се Господ на бељата.
Не мислам дека можам да мразам некого, ама има луѓе на кои ништо добро не можам да им посакам. Ете до толку ме осакатиле.
И јас размислував како тебе пред неколку години @x.Daisy.x . Во фазата на мојот развој се среќавав со такви ситуации и со таквите луѓе влегував во долги дискусии па имаше и ситуации каде што доаѓаше до физички пресметки. Секако дека трпението има своја граница, но со текот на годините треба да научиме да се контролираме во такви ситуации. Треба да имаме поголемо трпение и да не се замараме со идиоти кои сакаат да не испровоцираат и изнервираат. Сега на многу полесен начин ги решавам таквите ситуации. Првин на лицето кое се обидува да ме испровоцира и изнервира, му одговарам со лицемерна насмевка и потоа следи остар и ладен поглед. Самата личност ја подвиткува опашката и си го фаќа патот под нозе. Лицемерната насмевка е одговор кој ги заменува сите зборови кои би му ги кажал, а кои знам дека нема да ги разбере. Додека остриот и ладен поглед е знак дека ќе продолжам да го игнорирам и дека слободно може да ми го сврти грбот и да си замине.
Ве молам одвојте седум минути од вашето време и изгледајте го видеово. Во вечна борба сум со себе, постојано барам решенија како да си поставам ред и да се придржувам до него без разлика дали сакам или не. Не ми е доволно само зборот мораш, звучи баш досадно и демотивирачки во моите уши, а ваквите кратки видеа со ептен интересна содржина се нешто што би требало да го слушам секој ден за да си ја насочам енергијата на правилни работи.
Ако среда е среќен ден кај мене од сабајле не беше така. Звони аларм го исклучиви да го земам тел ми се заглави помеѓу душекот и страницата( мислам добро објаснив). Сеуште спијам 25мин со раката надоле нагоре тоа тесно... па јади набрзина брзо спремање тамн тргнав се вратив нешто заборавив ,трчав по трамвај смешки.Какаото на екс исто ко да не сум пила но како за среќа стасав точно у минута на време....Да видам што друго ми носи денот
Учете ги своите ќерки да бидат жени кои кога одат по улица земјата ќе се тресе од нив. Не им купувајте играчки розеви шпорети и тавчиња, купувајте им книги. Терајте ги да читаат, да учат, да бидат информирани за многу работи, за кога ќе седнат на маса со мажи освен со убавина да ги освојат и со интелект, со знаење. Почитувајте ги нивните ставови, желби, соништа. Не ги запирајте, бидете испружената дланка која ќе им помогне да се исправат ако случајно по патот до целта паднат или се предомислуваат. Да знаат дека имањето на свој став и искажувањето на истиот не значи дрскост туку храброст. Да бидат доволно храбри да го зграбат од животот она што го сакаат и фактот што се жени да им биде предност и гордост, а не хендикеп!
Тргнав во кујна со намера да си направам смути, ме здомрзе да го симнам блендерот од наткасна, и моментално седам и грицкам замрзнати овошја......
Тешко е да се функционира во свет во кој владее себичноста. Особено тешко е ако сакаш да бидеш фер кон сите и за сите да одвоиш време секогаш кога си им потребна, кога знаеш да правиш компромиси иако и таквиот компромис најнепожелно се одразува на твојот живот и на твоето време, на твојот распоред и план. И ако не направиш онака како што луѓето се навикнале од тебе да бидеш фер, односно ти да се прилагодиш на нив тогаш ти си таа бесчувствителна и безобзирна личност. А времето.. ех, времето кое го трошиш за договарање средби и накрај повторно прилагодување кон туѓите барања, е она скапоцено време кое ако си барем малку себична, ќе си го посветиш на себе и на правење на нештата кои те исполнуваат.
Луѓето кои изразито ги сакаат и се грижат за животните, можеби не се баш сите добри личности кои имаат доволно љубов, почит и коректни односи и со другите луѓе околу нив – ама оние кои се способни без никаква причина да повредат невино и мирно животно (како фрлачине на отрови по улиците), дефинитивно во сите нив има нешто сериозно злобно, мрачно и опасно и по луѓето во нивна околина.
Баш ме интересира што мислат луѓето во моментот додека си го тетовираат името на партнерот на рака? Прв пат фатил девојка и ајде името ќе и го истетовирам. Стварно? После 2-3 години од тетоважата раскинуваат и сега типот уште си оди со името на рака зашто собирал пари за да ја отстрани. Она веќе фатила нов дечко, а овој кутриот се ака со нејзиното име под дланка и ги лаже останатите девојки што сака да ги ќари дека така се вика сестра му што починала како мала. A што ако со некоја девојка стане сериозна работата? Како ќе ја погледне во очи и ќе и рече дека ја лаже, дека нема сестра, туку така се вика бившата? Ох, па тој да размислувал и да се замарал немало ни тетоважата да ја стави. Блазе си им на паметот.
Немам поим што ме очекува и што ќе се случи кога ќе заврши сето ова. Во овој миг го знам само ова: има болни луѓе и тие треба да се лечат
https://www.crnobelo.com/zivot/rodi...nesvesno-im-go-unishtuvaat-zhivotot-na-decata Koнечно да прочитам нешто што објаснува зошто сум израснала во толку несигурна особа,сето ова го имаат моите нешто едниот,нешто другиот,од збор до збор.