Се додека сум жив,ке пишувам за мојата мајка,додека дишам ке ја мислам,додека зборувам ке раскажувам.
А од совети на кои најмногу се чудам, се совети за воспитување на деца, за моето дете, од женско лице кое нема... А прво да имаш ти дете, стално ми иди да и речам... Тоа е исто како да советувам некој за бои и нијанси, а јас сум слепа..
Едно од најлошите чувства во животот е кога не можеш да помогнеш кога му е тешко на оној кој тебе ти помогнал
Кога луѓето не би се лутеле и замерувале за ситници и глупости, кога би биле попријателски и позитивно расположени, светот би бил многу поубаво место за живеење. Некогаш ми е преку глава дојдено од лицемери и негативни личности кои незнаат да се насмеат на ништо, кога цел свет им е крив ако нешто не им оди во животот, и кога свесно сакаат да наштетат на друг.
СДК... Сакам среќно семејство каде што односите помеѓу нас никогаш нема да оладат. Сакам да го доживеам со идното семејство она што не можев да го доживеам со моето сегашно семејство. Неверојатно е чувството кога ќе помислам дека еден ден ќе имам дечиња што се пола мои пола од човекот што го сакам најмногу на свет. Сакам да изградам семејство во кое најмногу ќе има љубов, среќа, почит, разбирање... And lots of cats and dogs of course. Семејство што ќе ми биде се'.
Ме убива анксиозност и мисли кои ми ги уништуваат моментите уште пред да ми се случат. Уште едно мало разочарување во низата. Ништо ново.
Oна кога другарка која живее во Скопје ти кажува каде сe' била надвор од државава, во кои други земји ама никогаш не отишла на Водно, Матка и низ Стара чаршија.
Сакам да кажам (и да се пофалам ) дека денес е годишнина на мојот престој на форумов. 8 години. Сакам да кажам дека ми е посебно драго што запознав некои прекрасни личности. Сакам да кажам дека многу од членовите тука ми биле инспирација и на некој начин придонесле за мојот развој. Посебно оние кои ме напаѓале. Сакам да кажам дека, на крајот, и после многу несогласувања со некои членови, сепак, од моја страна има само љубов, кон сите. Пораснав. Дојдов како детиште кое не знае кај тера, а денес сум права дама. По тој повод:
Сакам да кажам дека темата „Сакам да пробам“ упорно ја отворам место „Сакам да кажам“ и читам неколку мислења дур сфатам уствари дека пак ја отворив грешната тема. Колку се имам думано зошто некои од тие мислења би биле во „Сакам да кажам“.
Сакам да кажам дека никогаш волку не сум се смеел пред монитор, како блесав се изнасмеав, ех да бев во канцеларија сега да ме приметеше некој ниво смеење
Кога прв пат ја забележав со тоа „пробам“ на крај и јас мислев дека е за храна, и прв пат кога ја отворив бев спремна уствари да пишам кое јадење сакам да го пробам. И читам, и сфатив де. А, сега кога ќе ја видам во нови мислења едноставно гледам „сакам да ...“ и отворам демек дека е „да кажам“.
СДК секој ќе си го добие заслуженото. Некој порано,некој подоцна,знам дека секој го стига казната и судот,секој на крајот ќе жнее тоа што си посеал
Денес е првиот ден од pride month, June, 20 gayteen. Месецов се смета за месец на гордоста на ЛГБТ заедницата по иницијатива на транс девојки, а причината зошто месецот е јуни е бидејќи на 28 јуни 1969 се случува првиот масовен бунт против хомофобијата, во кафанче наречено Stonewall, близу Менхетн. Оттогаш, јуни станува месец на себеприфаќање, слобода, гордост за борбата против хомофобичното и трансфобичното општество, и секако, многу виножита во весела атмосфера каде љубовта победува. До сите припадници на LGBTQ+ заедницата, happy pride month, you are loved and supported. Be loud and be proud!