Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.238
    Во контекст на постот на @Lella погоре :)

    Кога човек конечно ќе си ја најде среќата и љубовта, се` друго станува споредно.
    И погледите полни со осудување, и тешките зборови, и неприфаќањето дури и од најблиските.
    Човек оди со крената глава, полно срце, блесок во очите и најискрена насмевка на свет.

    Љубовта е љубов. Јас ги жалам само оние што не можат да ја препознаат, да ја почувствуваат.
    Ги жалам и оние што осудуваат.
    Иако во последно време и немам многу простор во срцево за негативни чувства. Зашто е исполнето со љубов, стомакот полн пеперутки, а главата во облаци

    :inlove::inlove:
     
    На SV1911, Despinaa, cresa-jagoda и 26 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.113
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Почна летото. Идеме јако.
     
    На cresa-jagoda, Rama, КикиМаус и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ако не им опростиме на сите што ни згрешиле и ни нанеле зло,ако имаме спрема нив омраза,желба за одмазда,ситење на нивната болка,ако не ги благословуваме,тогаш ние сме школка испразнета од бесценетиот бисер-ЉУБОВТА...Љубовта е простување,смирение,сомилост,сострадалност,емпатија,љубовта не е себичност,егоизам,само-праведност,дрскост и гнев...Во љубовта не постои самооправдување,постои покајание...
     
    Последна измена: 1 јуни 2018
    На carangigia, cresa-jagoda, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Многу работи сакам да кажам, ама едно е сигурно - 2018та ми е година што точно на половина, односно денес, ја прегрнувам со голема љубов.

    Ми донесе и ми однесе многу нешта, но ме направи помудра, нова, прекрасна.
    Меѓу сите луди мигови, ми донесе спокој. Меѓу сите години стрес и немање патека, ми донесе одмор и мапа на нов живот. Ме созреа и ми направи ритуално чистење. Благодарна сум за тоа. И на себе, и на своите најблиски, на него. На сите луѓе со кои сево ова немаше да има смисла, да постои.

    Промоцијата помина ко слатко од јагода. Кратко, свежо и со многу колачиња, дури и земички, цвеќиња и шолји за чај за подарок. Им се радувам на моите другари кога ми доаѓаат како дома. И дома ми е, поезијата.
    Речиси целиот тираж е распродаден. Залихите се скусуваат. Мене тоа ми е репер дека книгата стигнува до публиката, до домовите на сите срца што ми пружале доверба во зборот.
    Следно е детската сликовница, а потоа детската стихозбирка поезија.

    Чудесии се патеките животни, а всушност се' е така логично и полно сеќавања.
     
    На SV1911, cresa-jagoda, Rama и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.807
    Пол:
    Машки
    Ако се смени името на државата, ќе треба да имаме опција еднократно и на форумов да си го промениме името 8)

    fair enough..






    RUN за граѓаните на Република Македонија RUN
     
    На DAngel, КикиМаус, CaraMia и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Никад више.
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.828
    Допаѓања:
    80.766
    Пол:
    Женски
    Она кога ќе видиш дете кое му подава рака на куче, а и кучето го прави истото. :inlove:
    Па гледаш колку е светот поубав кога има љубов. :inlove: И колку кучињата знаат да бидат мили и верни, а луѓето бираат да се спротивно на тоа и да комплицираат се. :?:
     
    На 8463., candy.cane, Таа Сум и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Лицемерни ми се луѓе кои зборуваат за љубов, колку е битна, колку се среќни кога гледаат заљубен пар, ама освен кога се работи за луѓе од ист пол или различна раса, религија, националност, па тука умешуваат не знам ти цитати од библијата, па мислењето на комшиите итн. Не, не знаете вие за љубов, толку.
     
    Последна измена: 1 јуни 2018
    На candy.cane, SV1911, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.828
    Допаѓања:
    80.766
    Пол:
    Женски
    Што хејташ ма. :P
     
  10. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.423
    Пол:
    Женски
    Денес си ја потврдив теоријата во која мажите, оние кои сме ги сакале најмногу,
    а си лечеле комплекси со нас,
    всушност се искомплексирани од тоа што изгубиле моќ во својот живот,
    што друг ги донесува одлуките за нив, што друг им го оредил животот,
    што друг ги оставил без крила и храаброст,
    па на нас ни глумеле мачо мен, мажи кои туркаат, маваат, вреѓаат, понижуваат.....

    Денес си дознав дека мажот кој за да го преболам дури и психијатриска помош побарав
    од суровоста на ннеговото омаловажување
    бил човек во сенката на татко диктатор,
    човек кој на 40 се уште за се амин барал од татко...

    Па еве се надевам дека миговите во кои ме понижуваше ќе му останат
    единствените во кои се почувстувал вистински маж.... кога веќе секаде бил пичица :clap::clap::clap::clap:
     
    На candy.cane, winter flower, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Во животот пред предизвиците и проблемите останете со отворени очи и со верба и надеж дека успешно ќе се изборите со предизвиците односно ќе ги решите проблемите. На среќата никогаш не и вртете грб иако илјадници пати таа ви го свртела грбот и секогаш барајте ја дури и во најмалите работи бидејќи не можеме да знаеме каде се крие. Секој има право на среќа. Среќата не прави разлика односно не прави поделби на луѓето според социјалната положба, боја на кожа, пол или останати сегменти како што тоа го прави општеството. Среќата те наоѓа тебе или ти ја наоѓаш неа.

    Имајте пријатна и убава вечер. Секое добро.
     
    На Rama, Milobebence, Hellobeautiful и 11 други им се допаѓа ова.
  12. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    70.711
    Каде се купува карта за Недојдија? Да одам и да не се вратам
    Да ме снема...
     
    На Rama, Purplelilac, karak и 10 други им се допаѓа ова.
  13. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    522
    Не можам да ги разберам тие што се зависни од дечко, другарка...
    Никогаш не сум била таква, без секој се може.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, Rama и 12 други им се допаѓа ова.
  14. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.815
    Пол:
    Женски
    Неук народ бре. ..
    Луѓе многу се нервирам кога некој упорно позади мене има уклучено долги светла :devil:
    Имам храброст да застанам и од хауба главата да му ја треснам...

    Осет да се немало , ај да беше еден ај некако, ама цел пат аууу:punch:
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.104
    Допаѓања:
    328.746
    Пол:
    Женски
    п*чка ви материна на тебе и сличните ко тебе шо се паркирате на сред пешачки.
    1F42F895-16F2-4B3A-B21F-A747F5AB9832.jpeg
    кретен!!
     
    На SV1911, kikkki, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.777
    Пол:
    Женски
    Сакам да се исклучам од животот , од све ... Сакам да избегам од сопствената кожа ... И да не се вратам...
    Мислам подосадно од ова нема
     
    На cresa-jagoda, Rama, Hellobeautiful и 13 други им се допаѓа ова.
  17. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.203
    Значи и друг пат сум ти кажала дека во некои постови во кои го опишуваш човекот кој ти нанел болка,исто како јас да го опишувам мојот бивш маж.Тука лежи целиот проблем исто и тој има таков татко,а тоа придонело да стане личност токму како твојот што го опиша,а најверојатно и сите други мажишта од тој тип.Дома, на жена и деца, ќе покажува суровост,омаловажување,тоа што ќе го каже мора да биде закон,какво нечие друго мислење,тоа не важи и нормално мисли дека тоа го прави мажиште.Инаку овие не можат да се поправат,за цел живот ќе останат со тој инвалидитет.
     
    На cresa-jagoda, Rama, kolumnistot и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Сенки на живите и сеништа од мртвите шетаат,намќорат навечер.
    Само сакам од сите супер моќи да бидам невидлива.
    Ако седам пред компјутер и слушам музика не значи дека сум фри да ми ги истураш твоите бушидс ол овер ми:fubar: Оперирни од осет.
    Што сакаш да бидеш ко ќе пораснеш?
    Оперирана од осет,тоа сакам да бидам:D
     
    Последна измена: 2 јуни 2018
    На Rama и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  19. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    85.160
    Пол:
    Женски
    Сонце мое среќен роденден да ми си здрава,жива успешна те сакаат мама и тато :l:!!!
     
    На SV1911, winter flower, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  20. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Зошто се поважни парите од љубовта?
    Зошто се потребни парите повеќе од внимание и искреност внимателност нежност...?!
    Понекогаш се замислувам и се навраќам на минатото.
    Имам една голема болка.
    Рана!
    Длабока е.
    И ме боли од време на време.
    А кога ќе се сетам си плачам и уште повеќе ме боли.
    Никој незнае.
    Ах да можам да го вратам времето...
    Ама нема
    Не може
    Затоа да се вратам во реалноста!
     
    На cresa-jagoda, Rama, La.loca и 4 други им се допаѓа ова.