Сакам да кажам убаво е кога ке се опуштиш, но, секогаш се внимава до кој степен. И кога ке си легнам позитивен, најчесто таков и се будам.
Супер никој нема да примети *ако* сум геј. бу метроси? буу edit: Maybe it's society's problem, maybe its maybelline.
Темата Машки кои се фарбаат не доживеа слава, ама затоа Машки кои се шминкаат постојано трепка од десната страна.
Јас летото го разбирам како единствениот период во годината кога стапалата ми се топли и може да ги соблечам чорапите. Итс а холидеј! И годините си ги разбирам по времето за спиење. Колку повеќе имам, толку помалку саати е подобро да спијам :/ Со 5 саати се будам свежа, ама на пладне ми се дремка, со 6 ми е таман, со 7 како да сум се поднапила претходната ноќ, а со над 8 саати спиење веќе и грбот почнува да ме боли и се мразам себеси. Добар ден. Недела. Чистев, се наоѓаат купот маски што ги земав зимава за недишење на скопскиов воздух. И така ме сотре алергијата пролетва, мислам се што летка во воздухов сака да ме гњави. Се збогував со повеќе од 20тина сантиметри од косава, кои сакав да ги донирам, ама не успеав да најдам таква организација. Има ли кај нас курсеви за изработка на перики? Инфо у имбокс мољам. Толку ми се брзи деновиве што немам време да размислувам, што е стварно супер. Се плашам за годишната ревизија, оние постови во декември што ги пишуваме. Би напишала се, во овој момент што стои сега. На пола година, нека тргне нагоре. Кое срање... И така... Се надевам ќе земам плата до среда...
Вчера гледав еден филм,малку се пронајдов во него,мислам во одредени моменти ми личеше како да е за мене пишуван Нејсе.Девојката која беше во главна улога,беше западната во депресија,никој не обрнуваше внимание на тоа,со денови седеше затворена во соба,реши да започне со промени,ја скрати косата и тоа многу,потоа се задлабочи во чистење,и дури по неколку дена излезе да се соочи со светот и со себе И јас секогаш така правам,наместо да делувам во сржта на проблемот,јас ќе се "променам само преку косата". И јас денес се задлабочив во чистење,само ми е криво за косата,пократка не ми била во живот Единствена моментална убавина на душа,ми е чистава куќа,а посебно мојата соба,прозорците се ширум отворени,ми влегува ветер и ми мириса на дожд,бидејќи претходно врнеше...
Она кога по природа си емпат и се интересираш за човечката психологија, па ти е потешко да се лутиш на луѓе поради причините што стојат зад нивното однесување... А искрено, барем во моето искуство и познанства, 90% од оние со вистински тешко минато (трауми од детството и сл.) се баш изразито прекрасни, чувствителни личности полни со разбирање за другите. Болното минато објаснува, но не и оправдува постојано токсично однесување и повредување чувства на многу недолжни луѓе околу себе.
Токсична личност си,не можам да те поднесам!Не дека е нешто ново,но да си кажам да ми олесни,дека патиштата ни се вкрстија овие денови.Ми треба детоксикација од тебе
Сакам да кажам дека се идентификувам како сонце. Уште од мали нозе, сонував како удирам водордни изотопи еден во друг да направам хелиум и светлина и да ги испратам низ галаксијата. Луѓето ми велеа дека не е возможно човек да биде звезда , и дека сум глупав , но не ми е гајле, јас сум убав . Имам пластичен хирург кој ќе ме надува со водород и ќе ја подигнам температурата над 6000 целзиуси . Од сега па натаму би ве замолил да ме викате "Сонце" и да го почитувате моето право да ви дадам Витамин Д, убав тен, и изгореници . Ако не може да ме прифатите тогаш сте фузиофобични, и треба да си ја проверите вашата астрална привилегија . Ви благодарам на разбирањето.
Отворено барам LGBTI да се промени во LGBTIW (ЛГБТИВ) на македонски. (кај што W стои за witches). Ќе се бориме заедно против ловот на вештерки, сите сме засекнати. Повеќе сме отколку што мислите. Да живее Истанбулската конвенција. Happy pride month
Во животот, чекори бавно но цврсто. Нека се се случува спонтано. Сакај. Љуби. Гушкај Весели се. Прослави го секој ден. ЕДНОСТАВНО, УЖИВАЈ ВО ЖИВОТОТ! Еден ни е. P. S. А можеби и не
Камо да можевме да живееме ачик под отворено небо и без грч и страв....да ги гледаме ѕвездите што не гледаат одозгора, без ништо да криеме...
Потешко од убедување на баба ти дека не си гладен е убедување на тетка ти дека не мора да ти коментира под секоја слика
Прво не те прашува дали е слободно седиштето до тебе во автобус, а откако удобно ќе се смести цел саат те замара како колата и била на мајстор, како не можела да издржи без да отиде 3-4 пати годишно на море, секоја втора недела на фризер, секој втор ден да купи нешто ново за себе и секоја вечер да води љубов со мажот за да не и се лути зошто толку трошела пари.
Значи какви луѓе трпи земјава, не ми се верува. На излез од паркинг, точно пред рампа, си застанува една кола. Си се растовараат, се поздравуваат, а ние не можеме да излеземе од паркинг. Излегов за да им кажам на господата дека зад нас чекаат коли кои исто како нас треба да излезат од паркингот... Кога ми се пушти пензионерчето: Будало, ова она, јас кај сакам ќе застанувам, тргни се оти ќе те искршам...па го виде маж ми во кола, па се зададе накај него да се тепа. Среќа маж ми залепен до тоа за ставање билети за паркинг, а зад него кола. Ќе станеше уште поголема. На крај видов-не видов извадив телефон и почнав да снимам. Го пријавив во полиција. Мене човекот ми личеше на пијан или на нетокму. Очекував и некултура и неписменост, ама овој дефинитивно беше посебен случај. Штета што ваквите случаи не се решаваат со време и се чека да предизвикаат инциденти со потешки последици.