Понекогаш, ко на пример денес, ми иде се да отерам у материну и да не се свртам назад. Не зборам за маж, не зборам за дете, не зборам за родители.. Зборам за се што сум стекнала јас како личност. Работа другарства познаници. ..И во таквите моменти сум најстабилна и најтивка. И не отерувам. Само знам дека толку ќе е..
Средата ги оставив штаките, ставив еластичен завој на ногата. Вчера оро играв на свадба. Денес ногата малку отечена така, али нема везе, му ветив еднаш на другарот дека ќе му играм на свадба
Како беше она:Покажи му ги некому своите слабости и веќе те има во рака... Или пак она:Не заборавај дека кога кажуваш тајна на пријател,и тој има свој пријател,така да....
Јас бев како куќа која беше полна со љубов и пријатна атмосфера спремна да го прими секој да престојува во неа. Единствен проблем беа подземните води кои ги разнишуваа темелите, но тоа никој скоро и да не го забележуваше. После природната катастрофа од мене останаа само столбовите и темелите покриени со рушевини. Тие рушевини ги притискаа темелите и сите велеа дека треба да се отстранат рушевините и повторно да ме обноват да бидам онаа стара добра куќа. Но никој не разбра дека обновувањето нема да помогне и дека столбовите и темелите ќе бидат нем сведок за тоа што се случи. Не сакаа да се помират дека после сето ова ништо нема да биде како порано. Не разбраа дека после сето тоа јас имам поинакви погледи на светот од тие кои што сум ги имал порано. Затоа не сакам повеќе да ги слушам како велат дека се обидуваат да ми помогнат да се кренам односно да се ослободам од рушевините.Но не разбираат дека на таков начин ми ја отежнуваат состојбата. Сакам да кажам оставете ги луѓето сами да се обидат да заклучат што е најдобро за нив, за тоа да го сторат потребно им е време. Времето не лечи се туку само ни дава можност подобро да ги согледаме работите од различен агол.
- Веро, амори кај ја стави кутијана за Битола? - Ја искористив за ѓубре, земи ја од Гевгелија празна е - Ќе вика Миле кој ќе го слуша, дај ми ја од кондурите - Да не имаше алиекспрес у таа за Битола? - Само сметки беа, иди на шалтер човекон чека полa саат - Иди ти ја цигара само што запалив
Пиво. Ладно, најладно како би се лизнало сега низ грлово. Ми се плаче од што ми се пие. Онака си ја подлизнувам устата од што го мислам испотеното шише. Сакам да кажам Скопје е ужас на високи температури, ама секогаш повеќе ќе го сакам од смрдливото ладно Скопје. Колку минутки е дозволено да се дремне на работа? Или не е? Ќе влезам во шкафче, 20секунди да можам само да ги затворам очиве.. Вчера го гледав Kissing booth. Дури и со фест форврд вечност ми се чинеше. Не сум јас таа таргет група, туку од заморот реков да пуштам мозок на пасење... Ееееее, а да се радував сега на летен распуст шубаво ќе беше
СДК-значи сакам да кажам. ММ-мажот ми. ДМ-дечко ми. Океј Ама не ми е јасно значењето на зборот ТМ? Ако ме прашувате од каде ми е,од темата за снаи и свекрви
Колку светот би бил поинакво место за живеење кога повеќето би поседувале емоционална интелигенција. Ти благодарам Боже што ми ја даде оваа моќ да гледам со срцето!!!
Малку од уживанцијата вчера. Со маж ми си бевме на прошетка,каде во склоп на една бања се оди бос по камења,дрва,кал,преку вода и сл. Навистина беше супер,3,5 километри си изодевме,си се изназборувавме и си одморивме мозок малку.На крај малку алергијата од сонцето ми го расипа денот,ама добро што да се прави.
И ја се убивам од смеење какви се не дебилни работи се пишуваат на темава, па уште и ако се цитати истите, и тоа не у наводници, па уште и лајкови собираат. Лол.
Толку си го сакам кучето и толку ме прави среќна што ми доаѓа да си отворам една тема: “Што би му кажале...на вашето милениче?” и сѐ да си раскажам
Вие женските немој да јадете грав,оти гравот бил машка храна Ќе прдите многу,уште ако не ја истурите првата вода е тогаш че биди што че биди