Многу е забавно кога цели 6 саати се возиш во автобус со детето до тебе и пензионерка позади. Еден тон прашања и постави на малата, не знам како не и здосади искрено
Што ќе беше оваа ѓаолштина што велеше Ѓорѓи Колозов...при правдина да мораш да се извинуваш, иако си ти оној кој го окркал подебелиот крај и си навреден и напикан во пивско шише Тоа е едниот и единствен- климакс на мајка. Боже или кој и да си таму, само трпение те молам, само трпение...
Вторник со три часа спиење и многу кафе за да се остане што е повеќе можно будна, да се искористи секоја можна минута до полагањето. Па ќе се преживее до крајот на неделава hopefully Во овие кризни периоди ми се прави се што немам време да правам. Ми се вози точак, ми се чита некоја книга што не е поврзана со факултет, ми се шета на кеј навечер кога дури и во Скопје се диши, ми се гледа некоја серија по можност шпанска за да можам лагодно да се смеам на глумата и идејата на серијата. Ах, да се врати времето кога гледав „Млади бунтовници“ и најчестата тема на разговор со другарките беше дали поубав пар се Марица и Пабло или Миа и Мануел Туку нејсе, сакав да прашам што прават луѓево со таа една буква што ќе ја скратат од некој збор? И пишав порака на една школска за да и честитам роденден и ми врати со зборот „срц“. Се прашувам што направи со тој милионити дел од секундата што го заштеди од пишувањето на буквата „е“ во зборот, или пак си мислам можно е да не и се свиѓа многу буквата па избегнува да ја употреби ..Who knows Ќе се памти овој јуни.. немало многу денови во кои сум била во толку голем хаос, а толку смирена
Болувам, да бидам искрена. Ама мислам дека некогаш е многу подобро да си ја слушнеме болката, отколку да ја затрупаме со „обврски“. Верувам дека истата ќе ми роди многу убави работи годинава. Се будам полека, се будам од едно тело кое други го резбале согласно некој стерилен шаблон, ама ќе излезам од него. Ќе се изборам за своината. Затоа што сакам токму тоа да ја научам мојата најмила. Да биде силна, и да може секогаш да си го слуша срцето. Ма гајле ми е дали е клише или не, кога се работи за моето емотивно здравје. Си повторувам за себе. На никој не му должиш ништо. Ништо не е преголемо за да го сонуваш. Неуспехот кога ќе пробаш нешто е секогаш поубав од неуспехот заради непробување и страв. Не мораш да се покажуваш кој си. И не мора сите да те сфатат. Некои немаат капацитет. И тоа е во ред. За некои си луда. За некои си досадна. За некои си незрела. Ама ти си ти. Не го заборавај тоа. Не мора да ти се признае некој успех за да е успех. Особено не од погрешните луѓе! Да си повторам де. Да не заборавам пак. Оти некако ко да имав подзаборавено овие три години. И малку скапо плаќам за тоа. Ама ете... учам како да сум подобра мајка. И подобра личност пред себеси. Да си се почитувам и да се слушнам кога имам нешто да кажам. Па макар и никој да не сака да го слушне тоа. Не ми е гајле. Некогаш ми доаѓа да вриснам „мој живот“. И останувам да се прашувам, дали стварно имаме стигнато до суштината на тоа... дали разбираме што значи тоа. Веројатно скоро цел свет разбира, само јас останав на стари години да учам. Ама ако. И не е онака тинејџерски „мој живот, ќе правам што сакам, ако сакам да носам искинати фармерки, ќе го направам тоа“. Туку во стилот „мој живот, ако сакам да престанам да се чувствувам потценета на работа, па и покрај пенали, ќе си дадам отказ“. Или „не ми е гајле дали само што сум почнала со работа, ако сакам дете, тоа е мое право и нема никаква врска со мојата кариера!“. Или „земи си го мислењето дека жените заради раѓањето деца нема да напредуваат во кариерата како мажите и пикни си го во задникот“. Во тој стил некако. Како што реков. Многу душевни борби. Разбудени соништа кои ме судат што сум ги оставила да спијат толку долго. Ми вриштат како вампири. И некако повеќе им должам нив да им се посветам, отколку на било кој друг неважен. Ама од сет овој бродолом што ме снајде оваа година, верувам ќе се роди нешто уникатно. Затоа што ништо не се раѓа без болка во овој свет.
Денес на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на животната средина под мотото Поврзи се со природата... Перцепцијата на убавината, вдишувањето на чист воздух и искористувањето на природните ресурси значи право и обврска за заштита и унапредување на животната средина. Грижата за планетата Земја значи и грижа за сопственото здравје.
И Србија 'стаје ' , а Македонија никогаш Одвише пари имаме, сепак сме држава со најголем економски раст,што се за нас безбројните покачувања на горивото Идете протестирајте за името и кого да пикнете во фотеља да лапа пари, немојте за вакви реални проблеми.
Сакам да кажам дека е многу топло а треба од здравствени причини да се шетам.. Излегов, и со брзо одење и потење 30 минути пројдоа. После туш, душа на место.
Ми се исполни една желба која ја посакував толку долг период и никако не стануваше реалност, искрено не ме израдува ни најмалку. Сфатив дека одамна ми станало апсолутно сеедно дали ќе ми се исполни или не. Сум престанала да ја посакувам без да приметам. Сега си мислам колку ли сегашни желби ќе ми се исполнат после години и години кога веќе нема ни смисла да имаат.
Сезнајковци во наводници... Не дека нема навистина вакви луѓе во државава, ама во голема мера поимов е и илузија. Сите бараат искреност и се палат на интелигенција, но кога ќе застанеш со факти зад нешто што навистина го мислиш, а не им одговара - тогаш стануваш „сезнајко/а“ во негативна смисла. Ние луѓето знаеме да бидеме доста контрадикторни и субјективни суштества...
Треба да одам на систематски преглед во петок за на работа, а на психолог прашувале дали имаш психолошки проблеми и дали примаш лекарства. А јас со депресија и анксиозност дијагностицирана уште од 2015, пијам по 5 лекови во денот. Колешка ми кажа дека пиела лекови за анксиозност и и правеле проблеми на психолог кога требало да вади лекарско уверение. Едно незгодно вака, ни колегите знаат за мене, ни планирам да им кажам. А ако ми направат проблеми кај психологот не знам што ќе правам...
Исто, ама не цел литар. Ќе си земеш и од вафлите од КАМ, и чоколаден прелив и од тие чоколадните лешници на каса што се. И имаш сладолед вафла спремна за 20 секунди
Што работиш? Кај ќе одиш на систематски? Зарем има врска депресијата и анксиозноста со работното место?
не дај боже да те проверат... чале мој проблеми му правеа зашто му стоеше имал несоница и зимал седативи поради тоа