Понекогаш треба да се испокараш, да покажеш заби, за да не те сметаат за глупав, туку да почнат да те почитуваат. Колку си мирен, добар, толку ќе те газат и ќе те сметаат за глупав и будала. А со тоа ти ја уништуваат и самодовербата. Од кога се испокарав, им влепив сѐ во лице, полесно ми е. Нека знаат со кого си имаат работа. Не значи дека ако до вчера им ќутев дека сум глупава. Предолго им го собирав.
Една од ретките личности која тврдеше дека животот е убав ,и дека ужива во животот, се соочува со опасна и подмолна болест ,која случајно ја откри иако по ништо не можеше да се насети нејзиното присуство и брза прогресија....жално и стресно кога блиска личност која ја сакаш поминува низ таква голгота и низ вратите на нашето здравство ,каде и за приоритетни случаи се чека со недели .....премногу тешко,,,зошто животов е неправеден ?има ли луге кои можат да се пофалат со целосна срека??? Останувам на ставот дека животов ни е даден за лекција и измачување...со лесно низ ништо не се проаѓа...или патот до рајот е поплочен со трње. Ке се сврти ли еднаш тркалото да слушам и доживувам убави нешта,редно е.
Не е најлошо тоа што времето ни поминува како во еден миг, туку најлошо и најболно е тоа што ние не можеме да се помириме со тоа односно да го прифатиме тој прост и неизбежен факт. Дека не можеме да го вратиме времето за да ги промениме одлуките кои сме ги донеле и да го измениме текот на нашиот живот. Имајте мирна и добра ноќ.
Сакам да кажам дека не разбирам која е потребата од мешање во туѓи животи, лечење фрустрации на деца, и замарање кој што направил и зашто. Разбирам, глупавоста на луѓето нема крај, ама не разбирам задоволството по цел ден да се замара некој со комшии, роднини, набивање непотебно на негативна енергија, анализирање на секоја одлука или промена и до бескрај наоѓање начин да се најдат само негативности. Не разбирам. Нека си гледаат турски серии и нека се замарат таму, сешто по светов.
Се додека не се отворила тема и развила дискусија “машки кои добиваат месечен циклус“ има надеж за тебе фемина
Ноќ во која започнав со уште една од моите вообичаени психоанализи кои си ги правам постојано во обидот за себеподобрување, но сфатив дека во моментов не е потребна. Од отворениот прозорец освен свежиот воздух, низ собата почнаа да ми танцуваат нотите од некои мелодии од '70 тите, '80 тите и '90 тите, кои доаѓаа од некоја забава во близина. Сфатив дека се што ми е потребно во моментов е само добра музика во позадина и дишење на свеж воздух или неколку ноќи минати во прошетка по плажа додека мислите ми се разлетуваат со ветерот како глуварчиња, но за прв пат не се обидувам да ги соберам. Им подарувам слобода каква што посакувам за себе. А можеби еден ден и ќе дојде..
2 мушички ми влекоа у чашата со млеко, наместо GainZz сеа се мртви What does not kill you, makes you stronger. RUN
Нешто што најмногу мразам е плачење и лигавење пред други,макар и пред блиски личности...океј на некој не му смета и тоа му доаѓа како олеснување... Никогаш не сум се расплачила дури и на погреб(а после дома ќе се раскинев од плачење). Таква сум,претешко покажувам емоции,а едноставно преполна сум со истите.... Ете вечерва се расплачив пред две другарки,посилно беше од мене,многу гадно чувство,градите ме стегаа и можев да рикам како магаре од плач,ама си ставив пак узди и кочници,прекинав...се осеќав усрамено и чудно,ама многу ми олесна,а се прашувам што би било кога онака поштено би се изнарикала како што ми идеше од душа
Кога имам за учење било што ќе правам не бирам и ќе работам само да не седнам да учам. Во тие моменти и најдосадното ми ее интересно...
Today, i feel like pleasing you more than before... Не знам кога ми слизна времето кога мислев дека животот е забавен. Живееме во две држави, во два дома, мислите ни се секогаш и тука и таму. Збогувања... Башка петок, башка на работа се расплакав, што ли ќе биде од денов. На лото нема да добијам сигурно, си купив гребка сабајле, злобно ми го покажа зборот "без". Без план, без цел, без сон, без добивка. I'm so full of love, i could burst apart and start to cry.. Она кога недостигањата започнуваат уште додека сте заедно. Не знам зошто мислев дека можам сосема сама. Можам всушност сосема сама, ама не сакам. Доаѓања, испраќања, летови, куфери, спомени, прегратки... сакам да престанат. Добро утро.
Стварно не ми е јасно зошто ги преценувам луѓето и си поставувам високи очекувања... За постојано да се разочарувам од нивната неодговорност и незнаење да одржат збор за кој и во животот се колнеле? Не не Проблемот е изгледа во мене Треба да станам и јас нечовек па се ова да ми е нормално наместо да ме вади од кожа
Сакам да кажам дека кога барам мотивација, се чудам од кај се ја наоѓам. И навидум неповрзани работи ме мотивираат. И дека не мора да се спуштам на долни нивоа кога некој ке ме изнервира со мое искуство да ги победам. Исцрпува патот до долу и пак нагоре. Немам време за тоа.