Сакам да кажам, буквално сите обврски можам да ги извршам без да ми е мака, ама она што е најважно, или уште полошо - временски ограничено, морам да го откажувам до крај. И не зошто ми е мачно, или ме мрзи, едноставно имам едно зад уво и ми вели дека можеби и не е нештото толку важно и ми покажува многу поинтересни работи, а и дупло повеќе извинувања за вадење од незгодна ситуација.
Дека сакам да си одам од оваа (не) држава. Неможам повеќе да ги трпам луѓето, доколку си различен од нив и доколку имаш свој сопствен став-не чиниш. Неможам да разберам, навистина.
Вечер ќе носам во кафана странци што не знаат што е кафана. Социјалниов живот ми е на некое многу чудно ниво што мислев нема да се случи никогаш.
Да имавте барем малку совест,човечност и интелект како што сакате да се покажете денес ќе и оддадевте почит со едноминутен молк,а не по ходниците да ја „жалите“ оговарајќи ги „кривците“. Многу сме како нација нечовечни,без трошка емпатија и со кратка меморија...
Седам на работа, и ја гледам мојата драга колешка како ги стиска рацете постојано. Вредно си ја работи работата, повеќе од што е потребно за таа плата. Но и покрај се со насмевка возвраќа на забелешките кои што успеваат да и ги измислат колегите кои многу помалку работат од неа. Сфаќам дека ја мачи нешто друго. И тивко ја прашувам, добро си? Ме погледнову желна да го сподели товарот. Таа збори а јас голтам кнедли. Што да кажам, молчам и климам. Ми вика, не остана повеќе пријател да споделиш. Секој гледа да те озборува позади грб. Фала ти што ме сослуша. Само климнав со главата, само тоа го сакаше, некој да ја сослуша. Се сеќавам.на времето кога проблемите се решаваа заедно, и не болеа толку. Не остана.човечност во нас, боже колку ме ужаснува помислата на тоа. Гушнете си ги своите најблиски, понекогаш само тоа е доволно товарот да стане полесен
Се може да се плати и да се купи. Само кога ќе направиш грев и кога грижата на совест ќе те глода,искупувањето неможеш да го купиш.
Сакам да кажам дека @referentka повторно се забарикадира со приватните пораки откако слушна дека низ Скопје шетаат манијаци
Еден убав ден видов дете (маж) со посебни потреби полека одеше накај мене, а дланката ја стискаше. Кога ми пријде ја отвори дланката и ми рече земи. Погледнав и видов дека држи мал крст. Јас насмеана му одговорив не јас имам крст, задржи го ти. Во такви моменти се сфаќа дека деца со посебни потреби се почувствителни, пољубезни, повоспитани, поразумни и покултури од поголем број луѓе кои се депресивни, се жалат и сметаат дека нивните проблеми се најважни.
СДК дека денес ми ги дадоа книгите за следната уцебна година, и уште од сега имам желба да ги фрлам у контињер, а замисли у септември, или јуни следната година
Многу ми се интересни луѓе кои инсистираат на тоа дека само тие се искрени и genuine на интернет, за разлика од сите други (посебно оние кои не им се по ќеф ). А најинтересни ми се оние кои некој што го знаат со негови постови/колумни, рандом го виделе првпат некаде 2-3 минути од далеку, и триумфално заклучиле дека „е многу мирен/на и очигледно е јак/а само на тастатура“. Еве, не знам што си замислувате и очекувате, можеби луѓето кои ги доживувате во негативна смисла од социјални мрежи/форуми – би требало да ги видите во живо да шетаат со маскенбалски ѓаволски рокчиња за да ви го доловат впечатокот? Ако некој знае да си застане цврсто зад својот став во пишана форма, зарем тоа аналогно значи дека во јавност на пример урла, се кара и привлекува такво внимание околу себе на километри? Или пак, ако има смисла за хумор и сарказам – треба да шета во кловновско одело, или на транспаренти како за на протест да мавта со memes? Средството, медиумот, формата на изразување едноставно диктира поголема или помала слобода, кај секој индивидуално. Затоа не, не сме потполно исти во живо како на интернет, никој од нас не е. И тоа треба да стане општа социјално прифатена реалност и да престане да се изедначува со лицемерие и неискреност.
Сакам да кажам дека мразам кога ме фаќа одлична дремка и оставам се за да ја фатам и тогаш ме опседнува некоја мисла и ми го зема сонот. Хех.
Сакам да кажам дека .. 1. Греота е да си ученик/студент а да немаш избегано од час 2. Греота е да си регистриран на форум ама барем еднаш да не си оф топик у некоја тема 3. Греота е да одиш у теретана само за да праиш згибови и склекови. 5. Греота е да не гласаш за ВМРО 6. Греота е да не забележиш дека прескокнав една точка. 7. Греота е после ваков пропуст да не продолжиш да внимаваш на сите точки. 8. Греота е да си од Македонија а да немаш излезено барем еднаш на протест 9. Греота е да не ја изгребеш претходната точка. 10. Греота е да го прочиташ мислењево а да не ставиш лајк RUUUUUUUUUUUUN
Тешко е да се биде она што другите сакаат. Или она што ти мислиш сакаат. Или тешко е да се глуми дека си тоа што сакаат. Се некоj ден ке излезе ти-то )) и луге ке мислат дека имаш лош дем. Нели е глупо и нели те навредува тоа што вистинското ти е синоним за лош ден?! ))))))|))) Како беше она ..биди ти - ти, бидеjЧи сите други се зафатени )) Гутен морген слиплес пусикетс
Срцето ми се кине кога ќе престанам да галам улично куче и тоа со шепата ќе ми ја побара раката да продолжам бидејќи долго време било лишено од љубов и внимание.