Мислиш сама си со паникава од бубачките Страв имам и од ситно и најмало бубаче, замисли како реагирам кога ќе видам скакулец или лебарка Женска работа
И јас до сега седав на балкон и посматрав. Убавинка Него, се замислив Од кој студ успеале да се заледат капкиве?!
Ауууу ненормално време ќе не поплави, волку град и силен дожд истовремено не сум видела досега. Опрај се бе алоооооо Спојлер Не дека не уживам во глетката признавам, ама малку и ме плаши
Имам план Б во животот.Ако не успеам и се се запусте ќе си отворам бекара и крај.Ќе си печам кифли,торти и се остало и ќе си продавам...Барем мерак за очи
Скопје? И јас живеам во Скопје ама кај мене вакво нешто нема. Врне, да, ама онака нормално. Јас па мислев за друг град зборите.
Невреме со грмотевици не би било вистинско невреме со грмотевици ако некој дома не ти каже да го исклучиш компјутерот или телевизорот...
Поточно во Центар, не е на сите места вака, се распрашав. Ама еве престана градот, само дождот и грмењето остана.
Глуп ден некој денешниот, да не истечеа овие реки од небо ќе поминеше незабележано Туку друг ми беше муабетот... Да си студент е тапа. Кога бев основно, средно, овој период ми беше еден од најдобрите во годината, исчекување распуст, лето, далеку од луѓе кои не сакаш да ги гледаш и нема да ги гледаш три месеци... ако нешто ми сметаше на овој свет, обично беше во училишната зграда... Сега... нема еуфорија, нема ништо... четврта година по ред wake me up when september ends баш
Да му е страв на човек да излезе на тераса, да подиши малку свеж воздух, како трета светска војна да почнала. Што ако си поранешен политичар и најголемо говедо у маало, што дека син ти матурирал, не е единствен матурант во светов. Пукотници, рафали, мислам дека и тенк имаат порачано да испука на полноќ, ќе го чекам изненадувањето на матурантската вечер. А и ечат патриотски песни, џоа големите патриоти се собрале да ја бранат Македонија. Од такви лажни патриоти страда државата. Престанав да се чудам каде е полицијата во ваквите случаи, каде е мвр и госпоѓа таа и таа.
Kај нас денес временцето беше за мерак. E ова го чекав уште од минатата година. Па и недела ден за одмарање, убава релаксација. Го почувствував летото во правата смисла на зборот. Позитивност, насмевки, љубов...насекаде. Kолку повеќе ги ценам малите работи, толку станувам се посреќна и посреќна. E сонце мое, можеби ти ми требаше да се врати овој сјај во мене, оваа позитивност. Да не лажам не е само сонцето, најголемата заслуга ја има тој. Сакам овде да пишувам убави работи, потоа кога се читам сакам на тоа најмногу да се сеќавам. Oние лошите повеќе сакам да ги потиснам длабоко во себе и да ги заборавам. Да не должам многу, овде никогаш не пишувам долги постови. Скопјанки ви посакувам утре убав и сончев ден, се надевам дека набргу и кај вас ќе огрее сонцето. Имајте убава вечер феминки.
Морее толкава девојка се испоплашив од дожд . Дали јас си правам филм или навистина имаше благ земјотрес сега ? Ќе почнам да го читам Откровението .
Сеа да видам дали бивша Југославија ке помага толку за поплавите у Ск како што помагавме ние за Србија и Босна. И ви ги читам ова погоре и се чудам! (ме мрзи да ве циритам за сите ке кажам..) Мора одма да се “пофалите“ дека имало земјотрес? Значи не треба глава да спасуваш, туку пиши на нет дека има земјотрес Инаку за неколку дена ако не се рашират овие поплави низ цела земја, јас те!
Која глава да спасувам ? Прашав дали ми се причинува или навистина имало ... Сама сум дома па да си напраам муабет да не ме јаде страв . Инаку не дај Боже да дојде до тоа некој да ни помага .