Бегам од попаметни особи тие се најопасни.Се знаат и секад се во право,ако им покажеш дека не се те навредуваат. На такви само со убаво и благ игнор да не се осеќаат загрозено.
Поминува еден што собира стари работи и на количката си закачил касетофон со снимено "Старо купујем, бојлери, упарати, укумулатори ...па и.број тел. тој и тој ", звучник голем напред и си брка работа. Му текнало - зошто да вика и да си го дере грлото
Тоа не е ништо,мене ми дојде поп со снимена молитва на телефон и така осветуваше по дома да се помолиме на Самсунг галакси
Сакам да кажам дека ако секоја капка вода оди од својот извор на своја страна,не пресушува ли сама,или пак останува цела ако се дофати до изворот???Ти со твојата логика,философија,љубов и искуство,јас со мојата.Секој треба за својот плуг да се држи,и да не ја коментира земјата на која другиот стои.Не е важно кој е помудар кога умее да сподели од својата ризница.Ако се почитуваш себеси ти даруваш,споделуваш љубов,никогаш не понижуваш,потценуваш,омаловажуваш,исмеваш различности,и ако умееш да им опростиш на сите кои не личат на тебе ти имаш спокој и мир.Доброто срце секогаш раѓа добри мисли.Единството на различностите не е дека само твоето размислување е единствена вистина,тоа е само твоја вистина, логика,философија,љубов и искуство кои те прават посебен,уникатен,свој и радосен..Не негирај,туку прифати.Љубовта е-те сакам каков што си...Љубовта е дела,а не зборови..
Емоции или разум? Убавина или памет? Семејство или кариера?... Често сами си поставуваме банални граници онаму каде што не е потребно - во очекувањата и надежите како за себеси, така и за другите. Зошто да се принудуваме на дуализам, избор од кој ќе излеземе само со половина од возможното? ...Why the hell not both?
Јас како непатриот кој сеуште живее во државава, дојдов да и кажам на МаЌедонија вака јавно - мајче, родна грутке, вака те сакаат твоЈте синови од дијаспората уште во пелени. ДрШ се, името не го даваме, Ципрас ќе се јави. Човековата глупост е безгранична, дефинитивно.
Не е дека во последно време многу често се сретнуваш со некој, туку повеќе почнуваш да забележуваш...
Ги претворивме ли децата во роботи? Сите деца на мои колешки и околината се најуспешни, цело време по натпревари, освоени први места во различни области или пак најдобри на училиште. Дали тоа е нивна желба или се "принудени" за да ги задоволат нашите критериуми. Какво детство ќе има дете што на 6 години изучува два странски јазици, танцува или оди на карате, скоро сите се и музички талентирани... бре, бре. Жалосно ако преку децата барате признание за вашата вредност... не е така кај сите, но за жал не е ни редок случај..
СДК дека треба да се цениш најпрво себеси повеќе од се за да другите почнат да те ценат онака како заслужуваш. Не треба да се задоволуваме со ништо помалку од она што сметаме дека треба да го добиеме. Ако другите не те ценат не треба да губиме време на нив, еден живот имаме.
Теорија на релавитетот на Ајнштајн....Никола Тесла сметал дека на човештвото треба да му се дава,а не да му се зема,затоа е и неговата идеја за бесплатна електрична енергија и нејзин бесплатен пренос за целото општество,тој бил убеден во своите пред се,човекољубиви принципи..Идејата на Марија Кири радијацијата да се користи за лекување се злоупотреби за а.б ..Злоупотреба на науката за уништување и опиплив капитал....Нема пострашно слепило од тоа кога не те заслепува друг,туку ти самиот.Сите милениуми на науката,од измислувањето на писмото до квантната механика,се само едно треперење меѓу целосното и делумното слепило на човекот....
Нема да има детство @КикиМаус украсни се овие, дефинитивно Јас имам во двор, повеќе ми раѓаат отколку оние за јадење.
Се собрале сите идиоти на едно место..со еден лидер Ако.. журкајте се.. Јас како црна овца ќе гледам од далеку и ќе се смешкам
Теоријата на рамна земја е смешна кога очите ти се затворени. Мај гад. Не сум рамноземец али не се смеам повеќе.
Не бев свесна колку сум посреќна во денешно време за разлика од порано кога бев опкружена со негативни луѓе, се додека не ми стигна една порака од токсична личност. Не е битна содржината на пораката туку битно ми врати некои не толку убави чувства за кои не бев свесна дека исчезнале во денешно време. Можам само да и се заблагодарам на личноста што со една порака ми покажа дека не тапкам во место туку позитивно сум напреднала и сум го променила начинот на размислување.
Порано не размислував 5 секунди за било што, за да се впуштам во тоа, или не. Прво ќе скокнев, па некогаш заборавав да кажам и ''оппааа'', супер ми беше. Сега, нон - стоп нешто премотувам и премерувам пред да го направам ( демек мудрост ) и никако да го направам од пусто размислување. Заклучок: Најубаво е да не мислиш