@Scott Weiland Да е живо и здраво мило на ујка )))) СДК дека интелигенцијата е воедно и најголемиот дар и проклетство на човекот. Благодарејќи на неа свесни сме за своите емоции,знаеме кога сме среќни и кога патиме, заради неа постои и законот 'Гази или ќе бидеш прегазен'. Што произлегува од тоа? Луѓе способни да газат преку другите за да си удоволат на себе, теоретски ги нарекуваме злобни. Оние од спротивната страна, пак теоретски ги викаме добри. Но тогаш добрите биваат прегазени од злобните чија соптствена среќа е поважна од туѓата. Наликуваме на животни се повеќе и повеќе. Ваквиот закон гази или ќе бидеш прегазен постои и во животинскиот свет кои се апсолутно природни суштества. Два лава ќе се борат за своја територија, за да еден од нив осигурува свој простор. Понатаму лав ќе изеде антилопа за да преживее.Кога лавот би бил добар, за да не земе туѓ живот за остварување на основната физиолошка потреба, би умрел од глад. Но пошто сме човечки род го имаме разумот кој ни носи поголеми цели од чисто преживување, преведено усреќи се сам себе или унесреќи ги другите, гази или биди прегазен. Најаките остануваат. Крај краева му доаѓа дека сме животни со одреден степен на интелигенција. Како што животно мора да убие за да преживее, така човек мора да одезме туѓа среќа и да ја осигура својата. Ваљда затоа и лошите луѓе боље минуваат во животот од добринките.
СДК дека ја имам нај нај нај најдобрата класна на светот. Една професорка сакасе да ми стави кец и да ме остави на полагање, а класната ја натера и ми стави 5. Исто и физичко. Сакаше да ми стаи 2 зашто не вежбам цело полугодие, а класната ја молеше и ми стави 5. Девинитивно е најдобраааааа!!!
@Matea Ballerina не, не е најдобра, ќе те научи со ова само да лежиш и да чекаш да добиеш. СДК, воедно оваа е темата на која сакав да зборам. Брат ми не учи преку цела година, и на крај се му поправија, уште малку одличен ќе поминеше место со двојка или тројка. Кога одев на пракса во основно училиште, психологот ми кажуваше дека се обидуваат да бидат што помеки и подобри со децата и дека не ги казнуваат престрого. И како тоа дете на кое не му се укажуваат грешките, еден ден ќе учи на нив? Како едно дете на кое му се попушта, ќе научи да не чека на некој друг да му среди животот?
@theowndemon Не е така. Јас учам тоа што знам дека ми е потребно, а тие глупостите што се немам потреба да ги учам. Така да сите оценки сама си ги заслужив а класната ми помогна за тие 2.
Така де. Секогаш ќе има нешто кое не ти се допаѓа и ќе го игнорираш. Не ме сфаќај грешно, не те кривам тебе. Ги кривам наставниците и професорите. @Matea Ballerina
@theowndemon Таа знае за секој од нас со што сака да се занимава. И знае кој предмети ни се потребни, а кој не. И ни помага само за она што на нас не би ни било потребно, а за сите останати предмети е строга и остава на професорите, што е потполно океј. На одделенски час таа ни помага и ни објаснува за тоа што не ни оди
Jaс те разбирам до некаде. Исто кога бев средно имав селективен пристап кон предметите. Оние кои мозокот не можеше да ми ги свари ги ставав на игнор, а останатите со мерак учев и од книгите и сама се едуцирав по интернет за се што ме интересира дополнително а е вон учебниците. Пример за кои ми текнува, социологија и географска економија не можев да ги смислам. Првиот социологија, пошто те ограничува во здраво и нормално функционирање на мозокот и свеста соодветно на 21 век, никако не можев да се поистоветувам со ставовите од 15 век пикнати во книга напишана од некој си кој живеел пред 50 лета. Да зборам нешто што не го мислам дури и за 5ка немав намера. Тестови на заокружување, и прашања од тип Кој е глава на семејството, со точен принуден одговор Мажот оф корс. Таквите ги прешкртував и го испишував целиот тест со мои ставови и имав нормално слаба оцена. But i couldnt care less. Географска економија пак ми беше врвна глупост, 2013 година, податоци колку овци имало 2003та година во Австралија, колку во 2006 и сл. Апсурд. Немам барано сама да ми поправат оцена по било кој предмет,исто не и за овие два, ама исто класната ми која беше права современа оупен мајндед личност пред се, се бореше за мене. И ич не се чувствувам лошо, да ти кажам право.
СДК дека ги обожувам предигрите.Затоа што траат долго и се возбудливи.Самиот чин на ,,игра,, е краток, брзо минува а често и не си свесен ни кога почнал ни кога завршил На пример...периодот пред одење на одмор.Спремање, купување, пазарење, сложување на купаќи со папучи, со марама и со ташна.Планирање буџет, планирање обавезен шопинг, купување и носење и што треба и што нетреба...патуваш, пееш по пат од радост....и...додека трепнеш поминало. ...или припремите за свадба...долготрајни, напорни, слатко-исцрпувачки.Полна со елан, желби и убави мисли. Планови еден куп, трчање од место на место, машни, украси,декорации, музика, свадбен танц...ДА!!...и додека трпнеш поминало. ...или бременост.Исполнета со мечти.Припрема за раѓање, јадење здрава храна, купување на бебешки парталчиња, перење на рака,одбирање омекнувач, местење креветче, кречење на куќа, забрането дишење во новата детска соба....и...самиот момент кога ќе дојде не си ни свесен каде си....додека трепнеш поминало. ....или секс...Спремање, туш, кремови и шљаканици и на делови од телото кои не си ги ни помислил дека постојат.Влакно да нема, нокти да се црвени...ќе се појавам во бела чипка....допири и еден тон страст, трансот те обзема и којзне каде си.....ќе помине ,,она,, главното...и додека трепнеш поминало се. ...Ви велам дека предигрите се всушност главната возбуда
Децата трауми ќе им имале кога ќе виделе деца со попреченост. Траума е да те воспитува ваков родител! Ниту срам, ниту емпатија, чиста глупавост. Не создавате подобар свет за своите деца вака, тоа ви гарантирам.
Ги гледам овие од Тимјаник. И среќна сум што не ми се пред мене, затоа што мислам дека ќе ги истепав.
Страшно е како луѓево озборуваат. Се најлошо ќе изнаречат за некоја личност и потоа кога ќе ја сретнат се прават како бест френдс форевер. Дури кажуваат онака со злобна фаца чиниш фамилијата им ја имаат убиено. Нема ни да ме чуди и за мене така да зборуваат со други во мое отсуство. Тој што озборува за некој пред тебе ќе озборува пред друг и за тебе. Е*ати лицемерието.
Секогаш позади оние со најмил лик се крие најрасипан карактер. Денеска ми се отворија очите за многу работи и не планирам да молчам
Денес се пофалив дека сум научила да газам, да барам правда, да си ги искажам идеите и мислењата, да се спротивставам на секој што не е во право. Се пофалив дека сум научила да ги тргнам "отровните" личности од животот, да се опкружам со љубов, пријателство и разбирање. Научив да се сакам себе си, но исто толку да ги сакам и сите оние што забораваат на етикетите. Тогаш научив и дека светот е полн со луѓе што имаат доволно љубов и за давање и за примање. Се потсетив да гледам во ѕвездите и да барам луѓе што гледаат во нив. Ако е ова созревање, созреав како скапо вино. Спојлер Не, не сум самобендисана.