Ќе мислиш за други и ќе им помагаш за да тие се фатат за еден збор што си го кажала на шега. Глупа сум знам
Sreken rodenden! Sto sakam da kazam? Ete, najpametnite lugje umrea, Njutn, Ajnstajn, Tesla, a i mene nesto ne mi e dobro. Dobro utro, imajte ubav den
СДК... Правам нешто во што и сама не верувам. Ако резултатот биде демант на невербата, сум се надминала себеси. Она никогаш се случува понекогаш...
Јас сум од оној тип на луѓе кои животот упорно ги "тепа" а тие никако да се освестат. Понекогаш им завидувам на луѓето кои се освестуваат по само една зададена животна шлаканица
Сакам да кажам дека се што е злонамерно и злорадосно не е благословено,а се што е добронамерно и радосно е благословено и е од љубов.Понекогаш треба да размислиме дали позади некоја намера се крие корист,егоизам и притаено зло.За да се затскрива суштественото,се обелоденува она што ја храни човечката суета.
Гледам во последно време е актуелна тема „Тимјаник“.Денес случјано видов,тоа да било центар за дечиња со посебни потреби во село во Неготино.И наеднаш ми излаваат лавина од коментари како граѓаните од селото се загрижени за нивните деца.Бидејќи ќе учеле со „ненормални“.Чудно каков ни е менталитетот.Никој не одбира како ќе се роди,а најмалку тие дечиња.Градоначаникот на градот се бори,а селаните се бунат.Зошто бе така луѓе?Тие се деца,невини и нив им треба љубов и грижа.Не треба да се изолирани и да се чувствуваат како да не се дел од општеството.Како може мали деца да се „закана за локалното население“?Ако вашите деца се здрави и прави не значи дека се најсупериорните суштества на планетата.Некој почна да се сили дека ќе требало да тепа некое од децата...Ако имаат пречки во развојот не значи дека се агресивни животни.Навистина сум длабоко разочарана.Вака,никаде нема да стигнеме.Треба сите да ги гледаме рамноправни како нас.Без разлика дали имаат пречки во развојот или не.Извинете ме за речникот ама во овој контекст ептен оди изреката „ем шуто ем боде“. Спојлер: Линк од сторијата http://www.femina.mk/новости/животн...окажаа-најлошото-и-најдоброто-кај-македонците
Да,и јас се согласувам дека сите деца треба да бидат со своите родители,а оние кои не се во можност барем да бидат во нивна близина,за почесто да си ги гледаат и гушкаат,бидејки на децата им е најпотребна родителската љубов,внимание,подршка,посветеност и грижа.Семејството приоритет.
Колку и да се трудиш некогаш да спречиш да се случи нешто лошо односно нешто непосакувано едноставно не можеш да го сториш тоа. Понекогаш имаме чувство дека ќе се случи нешто лошо, но знаеме дека што и да сториме нема да можеме да ги спречиме последиците од настанот.
Оние од Тимјаник што глумат некои си загрижени родители за своите деца - на место на нивните деца би се срамела од таков родител. Кај се неинформирани, уште без осет зборуваат за тие невини дечиња. Не заслужувате ни вие да сте родители, е така да знаете.
Луѓето секогаш имале тенденција да се врзуваат во стеги и доста често од погрешни причини. Да бидат резервирани, ладни и далечни. Честопати прв инстинкт е да се избега од работите кои не ги разбираме воопшто или доволно. А истите луѓе истовремено се и најгласни против се она што ги “плаши”. А всушност, не сме свесни колку можеме и умееме. Еднаш некаде прочитав дека полуписмен човек е поопасен и од неписмениот. Неписмениот знае дека не знае, ама полуписмениот е полн самодоверба дека знае и повеќе од писмениот. Книги луѓенца, книги. Константно учење, просветлување и себенадоградување. За да си ги спознаваме своите квалитети и капацитети и истите да ги насочуваме кон креирање убави светови за сите. Оти - човек учи додека е жив! И се додека сме живи, можеме да работиме на себе.
Право на сопствено мислење да веруваш во небулози надвор од сите закони и логика. Право на сопствено мислење да го сметаш ќотекот како воспитна мерка и насилството како нешто оправдливо. Право на сопствено мислење да сметаш дека девојки „си бараат“ нешто со облеката и однесувањето. Право на сопствено мислење да ја мразиш ЛГБТ заедницата. Право на сопствено мислење да опструираш подобри услови за лица со посебни потреби... До каде? И Хитлер користел „право“ на свое, поразлично „мислење“ и „став“...
Има некои луѓе, и без да ти се посебно блиски дали се љубовници, пријатели или само познаници знаат точно што ти е и како да ти помогнат, те читаат ко отворена книга. И да ги нема со недели, месеци па и години знаат точно кога да се појават и што да прават, може не на начин на кој што очекуваш ама после некое време ќе ти текне што тоа значело, доволна е само нивната енергија во твое присуство, слично како првиот зрак сонце после долга зима. Со времето многу повеќе ги засакав и ми значат од оние со кои сум секој ден, зашто радоста можеш да ја делиш со секој, ама ретко кој ќе ти ја осети болката.