Здраво фемина. Пијам кафе второ денес, главава вели турај појако нека биде. Не дека ќе помогне, ама како цигара ми влијае, ме смирува. Кога толку добро ги знаете луѓето околу себе и знаете што да очекувате, нема разочарувања. Па ете сега однапред чекам да се случи тоа што ќе се случи, за да не се нервирам тогаш. Сега малце ќе се изнервирам за тогаш Немам логика. Логиката ми е кога ми се нервира се нервирам, кога не ми се нервира баталувам се. И пцуењето ми е како цигара. Никогаш не сум пушела цигари, ама по муабети ова. Пцуењето ме релаксира. Ќе си кажам, ќе си испцујам и ќе ми помине. Некогаш забегувам, ама па некои периоди воопшто и не го користам. Вчера си ги потрошив пцовките изгледа, еве бркам по џебовиве нема. Освен една ситна упм главоболкава. Сакам да кажам дека ми недостасува. И не дека толку се немаме видено и не дека толку долго нема да се видиме, туку ме боли кога знам низ што поминува, и сакам да е тука, поблиску за да бидам сигурна дека е добро. Можеби треба цигара да запалам, ми игра ногава... нах, не е до таму дојдена работата.
Интересно е што кога некој за кој не си заинтересиран ти се пушта, сè што ќе кажеш се сфаќа како playing hard to get и реално нема начин да го сопреш ,,заведувачот" освен ако не ги изговориш магичните зборови: имам дечко. Мнозинството дефинитивно сопираат овде. Да, мажите повеќе го почитуваат дечкото бидејќи, очигледно, не треба да му се мешаат во сопственоста, отколку вашето право да кажете не.
Сакам да кажам дека додека течеше разговор од кој ништо не разбрав,станавме со сопругот и си ги гледавме сите дечиња безгрижно како си играат,мораше некој и на нив да внимава,и додека останатите родители збореа за некој си волк во јагнешка кожа,за Тројански коњ,за предавници,за бегалски кампови,за родители што се одкажале од своите деца бидејки не биле совршени,..и така гледајќи по другите дворови,едно од дечињата ги направи првите чекори,почна храбро и радосно да оди,се разнежнив,се исполнив со радост,а тие го пропуштија тоа,нивно дете,а јас се радував како и тоа да е мое,да, го пропуштија тој момент,бидејки не знаат да исклучат телевизор,мобилен,компјутер и да веруваат во се што им се пласира,да се разгневуваат без причина,ќе исправаат неправдини,наместо да се посветат на семејството,прво на тие што се до нив,на кои им се најпотребни,да прошетаат во природа,да слушаат музика,да се релаксираат,да се држат за рака со саканите,да си разменуваат нежности,да ги израдуваат родителите,бабите,дедовците,еј погледни до тебе има некој кој те сака,дали е тоа доволна причина за радост?ДА.Восхитувајте се на цвекињата и пчелите,не на трњата и мувите... Секое чудо за три дена,а тие што те сакаат, ќе те сакаат засекогаш,потребна им е твојата грижа,внимание,љубов,подршка,посветеност.Радувајте се со тие што се радуваат,тагувајте со тие што тагуваат...
,,Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас…. Солзи немам да ве исплачам, толку сте за тажење”.
Не очајувајте и не губете надеж во Божјата милост,Бог ќе ја закрепи Татковината, љубовта кон своето семејство,сите ближни,браќа и сестри,љубовта кон Татковината,верата,мир,сила,нелицемерна љубов,само ни треба опростување,покајание и молитви.И Јуда не беше радосен кога во рацете држеше 30 сребреници..Алчноста и среброљубието нема да ве напрват радосни,.Имајте вера,не се гневете брат против брат,време е за обединување,а не раздели па владеј,страв ми е да отворам некоја тема на форумов,бидејќи читам како брат свој брат осудува,брат свој брат омразува,навредува,понижува,ве молам опростете си,сплотете се,никој нема право да промени име на држава,сите ќе застанеме пред Божјиот Суд само заради сопствените гревови,а не друг што направил....
Скроз ме испобунивте ова со расправите околу решениот спор со името, за сосема друга работа сакав да се логирам, па заборавив и се одлогирав. За врапчино грозје (огрозд) ми беше муабетот ... ќе прашам во соодветна тема Општи прашања.
Жестока е темата за промена на име...Не можам да се воздржам да не искоментирам,иако најмногу би сакала да се држам настрана од сиот хаос таму што настана.Да се држиме цивилизирани е добро,без навреди,без препукувања и провокации.На крај,виртуелно ако вака правиме,во реалност кизнеј што ќе биде. А баш си ја сакам феминава,со сите мои драги феминки од ФМЌ и други теми. Ајде добра ноќ,доста е од мене за денес
Црташ (објаснуваш), црташ, црташ, црташ. Излегува како плафонот на Систинската капела од Микеланџело, ти се врти и ти вели: “Што е ова?“ Земаш си маваш шамар, си прајш кафе, палиш цигара, нозете во вис, пушташ музиче и викаш: “Ма кој те е*аа!“
Се ќе разберам на форумов, и тролови и сеирџии и паметњаковци и вемеровци, ама никако не можам да разберам мажи зачленети на женски форум, и секое факинг мислење да им е во темине за секс, во кои за себе зборат исклучиво во суперлатив и колку тоа се способни .Значи оладете. Да сте до толку спремни нема да дремете на женски форум и на жени да солите памет за нивното тело и да барате жртви за опструирање на нечиј инбокс. Ќе се пронајдат сами ваквите. ПС Ништо против машки членови на форумов, за нормалните мислам а ги има неколку и баш ми се симпа. За останативе еден упут и правац психијатрија.
Како бе така? Си го однела детето во игротека, почнува да ти плаче детево и наместо да станеш да видиш што е работата ти си седиш на столчето и си пиеш коктел. Каков родител си ти? Некои луѓе едноставно не заслужуваат да бидат родители.
Од моето кратко работење во маркет, зачудувачки научив доста работи за луѓето, па сакам да споделам пар мислења кои можеби на некој ќе му промени став. Прво и основно, вработените се таму да ви помогнат и услужат, но тие се таму за сите. Вработените не се само ваши лични и на никој друг. Имајте обзир и усул. Купувачот кој е подготвен да купи и е веќе на каса секогаш ќе има предност. Во тој случај, имајте разбирање и почекајте да ја добиете помошта која ја барате од вработените тогаш кога ќе можат тие да ви ја пружат. Вработените ниту можат да знаат ниту се должи да знаат апсолутно се' поврзано со производите. Вработените не ги тестираат производите и сосема е во ред ако не знаат ништо повеќе за одреден производ освен она што го пишува на амбалажата и декларацијата. Вработените ќе се потрудат да ви помогнат најдобро што можат, но во ред е доколку од некоја причина нешто не знаат. Бидете фер и не се лутете. Секој купувач е посебна индивидуа и вработените не ве познаваат. Тие не може да знаат дали одреден производ 100% вас ќе ви одговара и дали е токму тој производ 100% тој кој би ја остварил вашата замисла. На крајот, изборот е ваш. Вработените не се виновни доколку вие се брзате. Вие сте тие кои го правите изборот да пазарувате токму тогаш и токму таму. Грешки се прават. Доколку добиете извинување, прифатете го човечки и ферски и продолжете понатаму. Нема потреба од конфликти, не е крај на светот. Вработените не се октоподи. Не можат да прават 10 работи во исто време и не можат да бидат присутни на повеќе места. Имајте разбирање. Доколку вработениот е поспор или има проблем во наоѓање на тоа што го барате, размислете дека можеби тој вработен е нов и покажете разбирање. На секого му е потребно време да ја научи новата работа и почитувајте го тоа. За крај, фор д лав оф гад, не крадете побогу! Се ставате себе си во ужасна ситуација, а и сите присутни во самиот маркет, вклучувајќи ги и останатите купувачи. Навистина нема потреба од тоа!
Ај името што го сменија го сменија,ама сега македонска радио телевизија (МРТ) ќе треба да ја викаме СМРТ
Јас како член машки на форумов,се гадам од напнатите машки во темата секс,беда и очај се.Напалени дегени,океј да прашаш некој проблем,ама на секоја да и пишуваш за секс е проблем.
I feel u. Teбе ти е бедно како машко а замисли нам женските. Не ни е испод честа да зборуваме за тие ствари ама све у граници на нормала, не може машко да ме просветлува за сопственото тело и како би ми било поубаво, исто и јас не можам да држам лекции на машко за машкоста. Да не пише женско во темата, а да не ја очекуваат минимум 5 6 пораки во инбокс. Очај, прав очај.
Она кога во јавен превоз некој што седи до тебе почнува да се крсти и за момент се замислуваш што има чудно на тебе, па после ти текнува дека сте поминале покрај црква и дека има луѓе што се крстат и од бус кога истиот поминува покрај црква...
Многу ме интересира дали некој некогаш ќарил женска на форумов преку фалењето на своите перформанси во карегорија Секс. Не знам што очекуваат, дека тука ги чекаат напалени тинејџерки што едвај чекаат да бидат оплодени... Посебен случај ми се машки кои прават профил на своето слободоумно женско алтер его Па кога ќе се унесат у фулмот, па кога манијацине ќе се фатат на финтата... милина да ти е да читаш
Некој е настроен кон бришење мислења денес Место таму каде што треба да се реагира, се брише тука и тоа за ствари за кои сме потполно во право. Предлог еден. Сите што добиваме пораки у инбокс од манијакалните петлиња, да ги објавуваме тука со СС, можда тогаш ќе се реагира и ќе следаат соодветни санкции.