Јас не добивам, сум добила неколку за како не ми е срам да се преправам дека сум женско не научиле петлињата дека и женско може да не ги трпи Он топик. Колку фолоуери треба да имаш за да си инфлуенсер? Мислам дека ме следат папараци, го пратат секој мој чекор Поздрав до сите мои фанови.
Само мене ли ми се смачи од статуси околу имево? А само еден ден помина... Северна, горна, долна, каква и да е, таква беше и ќе остане - мизерна!, со прост и ограничен народ, кој за 200 евра плата лиже газови на квази политичари, па после патриот изиграва. За подобро и не сме!
Секогаш кога ќе запознаам прекрасен човек, се чувствувам како да сум најбогатиот човек на светот. Години ми требаа за да направам некој филтер, и тоа што не чини да се исчисти. Уште имам токсични луѓе во животот, ама полека ги снемува. Така што, прекрасни луѓе постојат.
Сакам да кажам дека најубаво време ми е family time со семејството,особено кога гледаме поучен цртан филм... „Охана значи семејство. Семејство значи дека никој не е изоставен или заборавен.“ – Лило и Стич (Lilo & Stitch)...„Кога те гледам, можам да го почувствувам тоа. Кога те гледам, јас сум дома.“ – Барајќи го Немо (Finding Nemo)..Кога го сакате она што го имате, имате сè што ви е потребно,Не е важно она што го имаме во животот, туку кој го имаме,Семејство, како гранки на дрво, сите растеме во разни насоки, но нашите корења остануваат едно.Најсреќен и најрадосен човек е оној кој е најсакан и најпочитуван во својот дом,бидејќи во семејството таа љубов е искрена,несебична,безусловна,нелицемерна,пожртвована,вечна,дома те сакаат каков што си....
Живот без страст е музичка кутија без музика. Сте ја виделе ли, сте ја почувствувале ли таа празнина кога ја отворате музичката кутија а таа не свири? Само тишина, немо е и празно. Таков е и животот без жар во срцата и сјај во очите.
Сакам да кажам... Целокупната ѕвездена светлина што ја гледаме на небото нема иста старост. Дел од неа е милионици, па дури и билионици години разделена и покрај тоа што го погодува нашиот вид во исто време. Така, ноќното небо не претставува еден единствен момент во универзумот, туку е еден вид на крпеница од билионите години во ширина
Сакам да кажам дека колегата беше во право, после пиење "две кригли кафе" секој ден, не можи да се вратам на воопшто без последици.
Ме интересира, дали само кај нас уште постојат емисииве со јавување? Слушам и едно швајцарско радио и таму се јавуваат ама некако покроток народ се јавува. Не само што постојат, него гледам и доста актуелни се. На велико ги има. Најново, и деца што се дома на летен распуст гласаат. Мајки, проверете ги децата шо прават по дома оти гласаат за палачинки на Канал 5, да не ве ошурат со сметката. Драган Вучиќ порано ме нервираше, ама сега како мине време, сфаќам дека човекот е бизнисмен со таквите емисии. Претприемач. Визионер. Македонскиот Илон Маск. Мислам, ти да препознаеш што бара публиката, и да развиеш таков концепт и толку години успешно да се справуваш со таква публика, hats off, mister.
Знам дека не треба да се чувствувам вака, ама секогаш кога автомобил ке застане на пешачки премин без семафор за да поминам ми се оди да се заблагодарам.
Мислите не се факти. Мислата е само мисла... ќе дојде и мора да замине, секое врзување на истата со својата лична слабост... се трансформира во фрустрација и робување. Има една куса зен приказна. "Како успеа да преживееш?", зачудените селани го прашаа старецот кој падна во надојдената река. "Јас се прилагодив на водата, а не водата неа мене, дозволив да ме обликува." Така е и со се што ни се случува. Живееме во тек, кој сакале или не сакале, не можеме да го прекинеме, сопреме, застанеме или како год, освен ако не направиме ексцесна глупост вредна за црна хроника. Ако треба да минеш низ животни непогоди само прилагоди се, не размислувај. Среќа па се помалку размислувам... Надвор од тој муабет, како што може да те зезне затворен ум... човек што само става аршини за мерење, а без да се измери прво сам... а бога ми и народни мудролии... ништо друго. Она кое што повеќе не толерирам се пасивно агресивни луѓе на кои се си им дал и индиректни прозивки од нивната страна со секакво разни мисли за разбирање на живеачката и животната неправда со наводи према тебе. Ги прашуваш и постануваш ишкач на муви. Пред да речете за некого - ишкач на муви зошто директно ве прашува дали е за него и што ви погрешил, со цел да ја разрешите и надминете ситуацијата, наместо да ликувате и да куропецате галкајќи си го егото со паунов пердув, размислете да не сте уствари вие сероњата и прифатете го својот факд ап дел од приказната. Бидете реални. Бидете реални за сопствените фрустрации и болки, инфицирани рани и не обвинувајте други за истите, кога веќе одредено ваше чувство скапало до степен на ампутација. И секогаш вечна жртва од другите, а во суштина најголема жртва на себе самиот. Држете си ја устата затворена и срцето отворено, ниедна друга комбинација не доаѓа предвид.
Најголема придобивка од одлукава за името ми е тоа што конечно можам да си го средам фејсбукот од сите "патриоти" од Америка и сите патриоти од тука кои сеуште се убедени дека има спас за една точка од земја после сите глупи луѓе кои ја предводеа и ја предводат. Три пати "Урааа!!!" и за оние кои уште се тепаат за да присуствуваат на сите партиски состаноци и собири.... Браќа патриоти, на вас е иднината! Во меѓувреме благословена да е опцијата анфолоу, ѕидот сега ми е чист како солза Ах да, и пасошот нов што треба да го вадам сигурно ќе се најде
Сакам да кажам дека никогаш не тежнеам,не копнеам по земното богатство и слава,не и' одговара на мојата душа и не може да ја исполни, бидејќи е привремено и минливо.Душата, која по својата природа е вечна ја исполнува само љубовта,верата.надежта,вистината,праведноста,трпението,смирението,чистата совест и благодарноста...Најдобро те познава Тој што те сака,а Тој што те сака е најважно најдобро да те познава,бидејќи со Него го споделуваш секој период,сите искушенија и од Него никогаш нема да почувствуваш предавство,ќе почувствуваш само несебична љубов...