Ми праќа другарка ми насмеана слика за да се осигурам дека е океј, и праќам и јас од мене, за да не се грижи. Ни јас, ни таа океј.
Сакам да кажам дека не е убаво да ме исмеваш,дискриминираш,омразуваш поради љубовта кон мојата вера,моето семејство,мојата Татковина,моите браќа и сестри,моите ближни.Некако на оној што го мразиш само мани,недостатоци,грешки,гревови му осудуваш и обелоденуваш,а врлините,доблестите,убавините му ги затскриваш.А на твојот истомисленик обратно..Не сакаш да го слуштеш мислењето на другиот,туку сакаш од неговата уста да излезе твоето мислење.На сите само убавините гледај му ги,можеби за тебе не вреди ништо,но на некој друг му е се.Како што ти за некој што вредиш најмногу,како ти што си му се на некој и тој некој благодари што те создал Бог.....Но,јас ти опростувам,те сакам,почитувам и секогаш ќе те благословувам да почувствуваш вистинска љубов и радост,и тогаш нема да имаш огорченост,гнев и омраза кон никого.Секој ќе го прифатиш каков што е,и ќе го љубиш со чисто срце.Секој човек на оваа планета сака љубов,сака да е љубен,да љуби.Покајание,простување,почитување-несебичност....Љубовта не е егоизам..Љубовта е прифаќање...и секако добрина,ја подржувам добрината,добронамерата,и секако не подржувам предавство,злонамерност и злорадост.
Дојде pride month, од работење и учење дури сега скопчувам. Време е да се развејат pride flags низ дома
Во животот немојте да се заљубите во маж на кој што.. Работата му е поважна од вас.. Фејсбукот и вајберот му се поважни од галење и милување со вас.. Сака секс само кога нему му се сака... Тешко му е една масажа да ви подари кога вие секој ден го потфаќате некаде... Тешко му е да признае кога згрешил.. ..затоа што кога ќе се заљубите, веќе е касно...
Доjде време и една апликациja у коja си шкрткаш циклуси да те заебава и малтретира бе. У што свет живееме ))) ми вика сабаjле, скроз непрозвана,читаj, не кликнав на неа,сама се,уклучи по збунка на лаптопот..да бидеме искрени, знам дека прокрастринираш,те разбирам зошто и те поддржувам. се осекам ко у пубертетските денови, коа маjка покушаваше тактики ..аj да сме си приjaтелки за да ми се као, приближи гаддем, Ево,жено,маjко,кралице.
СДК деновиве имам вишок слободно време,и како некој пензионер си ги гледам утринскиве емисии на Сител и Канал 5,ама не се јавувам да бистрам политики,пу скраја било Туку,друг ми беше муабетот,секојдневно гостуваат разни доктори,и колку се насмеани и премили тоа чудо едно,а колку би било поубаво кога и во реалноста би биле толку лесно достапни за разговор и за совет,а не да те гледаат прво во раце и да те прегледаат за 2 минути и тоа со викање Па не дај Боже да си дебела,одма ти викаат и секоја болест е оти си била дебелка
SDK ako sakash da napravish kafe bez kajmak t.e kako shto ficho go pie,ostavigo da prefrli i isteche po shporet
СДК дека неодамна ми текна на форумот и разговарав за него во склоп на еден проект како платформа која многу ми помогна во животот посебно во моментите ко се борев со анксиозност и напади на паника, и осетив носталгија па еве ме. Ми беше тешко да се уклучам тука во последно време поради навидум глупа причина, а сепак силна. Накратко, раскинавме со дечкото по 5 години и ми беше тешко да дојдам тука и да ги видам сите теми, сите мислења кои сум ги пишела за него и за нас. Месецов беше... Хаос. Емоционален ролеркостер. Тежини на душа еден куп. А од друга страна и чувство на олеснување. Крајот се очекуваше уште од моментот ко тргнав за Љубљана, и бев спремна или така барем си мислев, ама сепак ко се деси навистина б о л е ш е. Како и да е, ни прва болка ни последна. На другите полиња сум одлична, ги положив скоро сите испити учев годинава како никогаш претходно и дури имам подобар просек од Македонија, а е 200 пати потешко. Работам истовремено, се си плаќам сама. Се дружам со нови луѓе, забави, журки. Life is good. Иако еден дел од мене боли, нема да дозволам само тој дел да преовладува. I'm gonna appreciate shit! На крај краева, мислам дека 9 месеци плачев и преболвав нешто шо знаев дека неминовно ќе се деси, па сега се осеќам како да сум го преболила најтешкото. Плус и пијам секој ден хехе. На друга тема, запознав еден прејак лик. Мислам ништо само се дружиме онака. Доктор на науки по физика е. Има 31 и е преееееубаааав. Значи препаметен, преубав и пресмешен. Се дружиме често, со неговите другари сите се такви доктори на науки. Се осеќам како во The big bang theory. Само попаметна сум од Penny. Океј сама си се исфалив. Битно интересно ми е, и не седам дома да размислувам. И скроз е поинакво чувството ко ќе си опкружен со препаметни луѓе и ко ќе можиш да разговараш на секакви теми без предрасуди, да научиш нови работи итн. Ве поздравувам сите, и си викам се читаме понабрзоооо! <3
Колку сме чудни ова луѓево...се однесуваме многупати како она што не го поднесуваме кај другите...арно рекле, туѓото говно повеќе смрди
Ги гледам овa фудбалериве, плукаат, секнат нос, а цел свет ги гледа што манири имаат. А не размислуваат истиве, дека кога ќе паднат и седнат на тоа теренот, седат врз секави излачевини.
До кога луѓето кои пишуваат со лева рака ќе се гледаат како вонземјани, и ќе постои дискриминација за истите ако можам така да се изразам?! Во оваа држава каде што живеам, запишав часови по англиски јазик, каде што масите им беа наменети само за деснаци, дали јас не смеам да се запишам во тоа школо? СДК некои луѓе се векови наназад!