Сдк не сум некој јак фудбаски фан или да се преоптерерувам со фудбалот ама овој плачкото што “даде”3 гола од кои 2 ги шутираше е недораснат у главата. Парите и славата го направиле човек го*но кога губи пцува и мава топка и така нормално си помина, а некој него ако го допре готов е паѓа на трева мислеш умира (Ако имаш слава не мора секогаш да победуваш и да не ти иде некогаш фала богу и ти си човечко (препотентно)створение)СТОП ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Сакам да кажам дека сте досадни со фамозната реченица 'Грците не нејќат а вие упорно одите таму на одмор'. Некој што чита од страна ке помисли дека во сите држави на оваа планета, освен Грција, не пречекуваат со раширени раце. Некој можеби ке помисли дека и црвен тепих постелуваат. Гугл вели дека Роналдо зема £ 365,000 за една недела. Можам да разберам зошто не му е проблем да тркала по тревата. П.С. Можеби сумава не е точна, ама сигурна сум дека за многу пари правиме муабет.
Сега слушнав дека Роналдо затаил данок во износ од 14 милиони евра. И сега ќе плати данок од износ од 18 милиони евра вклучувајќи го и надоместокот за доцнење.
Луѓето се менуваат. Понекогаш до непрепознатливост. Без никакво предупредување. Ќе одлучат дека не си им битна личност во животот повеќе. Не како порано. И сфаќаш дека на некој начин ги имаш изгубено засекогаш и никогаш нема да го вратиш она како што било порано. Само спомените се единствената работа која останува непроменета...
Оддамна не сум пишала нешто тука изгледа се истрошиле зборовите. Некогаш молкот повеќе кажува отколку секој испишан збор.
Најмногу од се мразам кога некој ми лепи етикети, а не ме познава ниту малку но се однесува како да ме знае цел живот. Или кога ќе почне да ме анализира каков сум бил карактерно мислиш како за некое стручно лице од таа област да станува збор .Ајде откачете се од мене и онака не сум некоја важна личност па да се замарате со мене. И јас сум обичен смртник како и сите други луѓе и јас ќе одам 2 метри под земја.
Ги обожавам моментите на неконтролирано смеење во раните утрински часови. Ме расони уште толку ама дефинитивно вредеше.
Ќе бидете среќни само тогаш кога целосно ќе се оттргнете од нешта кои ви создаваат негативна енергија. Сѐ додека играте игри под маска, додека се расфрлате со лицемерие и правите непотребни драми, среќата ќе ви биде на дофат но недостижна.
Само вие бидете полни со злоба,љубомора,и негатива и сигурно љубовта ке ја најдете,и ке имате среќен живот аха,кога Тито ке се роди повторно.
Понекогаш кога ќе размислам подобро посакувам да имав право на избор во поглед на прашањето дали сакам да се родам во вакво опкружување односно во ваков свет. Да имав право на избор сега немаше да бидам тука опкружен со луѓе кои знаат подобро од мене каков сум, знаат што е подобро за мене од мене самиот и опкружен со луѓе кои си даваат за право да донесуваат одлуки за мене во мое име. Мразам што сум опкружен со такви луѓе и не сакам да бидам во нивно опкружување.
Почитувани господа од Телеком "Не сте во право ама би го прифативме приговорот затоа што сме кориснички ориентирана компанија" кај мене нема да ви помине. Убаво знам дека го прифативте приговорот затоа што имате технички пропусти и знаевте дека ако ми го одбиете приговорот и ја потегнам работата до крај, ќе платевте многу повеќе од износот што ми го одбивате. Ако мислите дека нема пак да поднесам приговот следниот пат кога се случи истото, ептен сте се излажале. Срдечен поздрав од една технички образована госпоѓица.