В Тиквешко негде, в некое село, кај в слана тивко венеше цвете, - убија дете. Последна солза од око капна... кога на ридот есента стапна, в крви се изми утрото бело. И кога в зраци челикот светна последна мисла ко птица летна: "Мајка ми сама остана в село". О, детски очи! Криевте в себе небесно катче... Румено крвје течеше в жили в радост без почин... Кај око детско натопи земја гороцвет никна, разлиста пролет, кај крвта врела растопи слана црвена роза закити поле. Мајската роза и цветот модер в миризма молат: "Закити, друже, огнена пушка со цвеќа млади, па напред појди и други деца брани со гради". В Тиквешко негде, в некое село, кај в слана тивко венеше цвете, - убија дете. Поздрав од Славко Јаневски.
Сакам да кажам дека на "ах бе македонче", сакам да додам уште нешто кое ме нервира инстантно. "За тој кој разбира", хехе. Сигурна сум дека го имам искористено неформално, на мајтап, ама сега сфатив колку е лошо да се користи во сериозна ситуација. Па ако од денес натаму го искористам кажете ми да се срамам од себе. За тој кој разбира е за да разбери само тој кој сакаш. Ако збораш со лик кој има различни ставови од тебе, зошто не објасниш на попрофатлив начин зошто очигледно не збораш со другар или истомисленик? И од друга страна, би значело дека не знајш да се дообјасниш па го дискредитираш соговорникот и го ставаш во инфериорна положба само за да добиеш некаква замислена валкана предност. Лошо. Лошо.
Ако земав по 1 денар за секој пат што ќе слушнам говор на омраза, ќе имав пари да си изградам куќа на планина и да се тргнам од народов...
Денов е совршен за да ги галам сите најмали кутриња на свет што постојат. Одиме малку на село. Сузе ќе ме облагороди со катаљон колачиња и внимание. Уште една причина за голема радост - договорив илустратор и веќе почнавме да ја обликуваме детската сликовница. Превозбудена сум како ќе излезе, каква ќе биде, со дел - боенка и многу многу љубов испратена кон сите деца. Деновиве ми се прашалници и чиста грижа, но и голема среќа, онаква дестилирана, спакувана во убаво бебешко шишенце. Ништо не знам и не можам да знам, но можам да почувствувам колку е грандиозно се’ и истовремено колку некои работи стануваат смешно неважни. Ниту прва ниту последна со вакви размислувања. Родител сама на себе и сама по себе и на едно неродено бебе. Ни ги ретвитнаа кадичката, креветчето, еден тон облека, кенгурче... Ги исправ сите облекла, како латици ружички се сушат на сушарата, ги гледам и неверно ми е. Ова е тоа? Тоа е. Само насмевка и љубов пред себе и колку можеш повеќе шири раце кон бескрајот.
Потешко ќе ми биде ако јас му го уништам и пореметам денот на некој...отколку мене некој да ме повреди...
Историски ден за мојата држава..гледам телевизија, го гледам говорот на Заев...солза ми капна од окото, се наежив... Нека ни е со среќа народе мој, да де надеваме дека ова решение ќе ни донесе добробит за нашата земја..Дај боже.. Не можам да го опишам чувството, чудна состојба, мешавина од
Баш така. Овие се во кошот изрази кои се користат кога некој стварно не знае што да каже, па демек се предава. Или во превод, најлесен начин да се убедиш себеси дека си во право, без да приложиш никаков аргумент. Кој да разбере, тоа е, let's agree to disagree, ќе сфатиш еден ден, *хистерично смеење*, многу си замислуваш, ај по 20 години ќе го правиме муабетов, јас па на кој зборам... Наеднаш добивам флешбекови од секој пат кога сум зборела со некој професор за нешто.
"Ќе видиш кога се омажиш", "немаш деца затоа мислиш така", "повозрасна сум од тебе, зарем мислиш дека треба да ти се извинам" и слични работи што ги викаат некои личности за да ја оправдаат својата огорченост и грешките кои ги направиле во животот, а едноставно не можат да прифатат дека сами си се заебале.
После коментарот на @Lella и јас идев да пишам "немаш деца затоа мислиш вака" ама @DAngel беше побрза ахахха. Патем и јас флешбекови од еден професор си добивам. Ми предвиде дека ќе бидам немажена до 30 и дека ќе се сменам од кога ќе се мажам и родам зошто сум била дива. Тешки денови беа кога морав активно да избегнувам напади.
Кога некој се однесува супериорно поради својата националност и се гордее првенствено со истата наместо нешто што самиот постигнал, притоа мразејќи други националности – покажете му го видеово
Деновиве неколку пати се најдов во ваква ситуација, луѓе кои имаат хаотични животи да ми кажуваат дека не сум знаела ништо. Почнав да си мислам дека е пуста љубомора, тешење дека и мене ќе ми стане лошо од кога се омажам, дека ќе престане дечко ми да ме сака, дека ќе почнам да го изневерувам, дека ќе ја мразам свекрвата, дека секогаш ќе се труди некој најблизок лошо да ти направи. Не се тие криви, не мислам ни дека е љубомора што ми е добро, повеќе мислам дека е индиректно барање на оправдувања за нивната состојба, демек мора да им е лошо, мора сите да се мачат, мора да страдаат од свекрвите. Мора да се смени мажот и да се изгуби љубовта, едноставно мора. Се тешат дека не се заебале тие, мора да е така. Моментално читам една книга во која јасно се зборува за како самите ние често нарекуваме љубов нешто што е зависност, потреба, негативно чувство. Да, ја разбирам книгата, ама ја сметам за беспотребна. Постоело и тоа време, кога јас не сум била доволно емотивно зрела или стабилна за да прифатам дека нешто не е љубов, и сфаќам дека е џабе на таква личност да и ги посочуваш сите знаци кои укажуваат дека нешто не е во ред. Повеќе за книгата кога ја дочитам. Друго ми беше поентата. Полесно е да чекаш да им стане лошо на другите, отколку да признаеш дека кај тебе едноставно не иде и не мора кај сите да биде така.
- Слушна дека Симона, девојка му на Дејан, ја фатиле со Турчин? Абе сите жени се такви слушај ме. Ако имаш пари не гледаат ни раса, ни религија. Ќе ти дојде во кревет. Сите изигруваат поштени, а се курви во душа. - Го гледаше видеото од таа студентката како стенка на прозор во студенски Гоце? Па сите од провинција се такви. Дојдени се за забава и да се искинат од е..ње со кого стигнат, а дома ќе се вратат како чесни. Сите женски се исти. Материјалисти. Ги слушаш овие муабети во твое присуство и после истите малоумници зачудено ќе прашаат: Абе, што ви текна да бегате од земјава? Хмммм....Па може една од поглавните причини е бегање од токму тој заостанат простачки менталитет? Не знам. Само подалеку од Балканов ако сакаш да си го зачуваш мозокот од тупење.
Секогаш у моменти на некакви политички превирања, тензии и изливи на национализам и квази-патриотизам - што значи, отприлика на 2-3 недели кај нас - ми текнува на безвременската мудрост на Рамбо Амадеус: “Национализмот е тема за оние со месечни примања до 300 евра. Кога платата ќе надмине 500 евра, тогаш започнува разговор за кафичи и гардероба. Кога ќе надмине 1000 евра, топ теми се здрава храна, летувања и зимувања, а кога ќе се накачи на преку 3000 евра, тогаш прекинува секое паламудење. Луѓето тогаш разговараат за временската прогноза и за љубов." И, за жал, навистина е така.
Дојде ли викенд и сите банкомати во Берово се празни.. Скопски регистрации 90% околу мене.. Само онака информативно, Берово не е во камена доба.. секаде можете да платите со картички, не мора да ни ги извадите сите пари до денар А ние не можеме пари да си извадиме за мајстори да платиме
@Dust ти од Берово си? Влагам у Скопјево и што да видам, а заврне дожд, овде мора поплави да има. Сум кружел сум вртел едвај се пробив до дома.