Ќе се слика за нов пасош.... Сдк ова времево како народов,забегано,лицемерно. Сонце па дожд страшно,значи магаре страшно.
СДК дека после 5 цели години си го најдов изгубениот новчаник со сите лични документи во него (лична карта, возачка, картички од банки, картички за попусти...) Ми падна камен од срце оти сега си имам нов новчаник, не мора да давам пари за друг
Сдк дека поголем мајтап немам осетено на факултетот. Во сред јунска сесија професорот си отиде на одмор, а ние будали стоиме 2 саати пред канцеларија, за да конечно на некој да му текне да се јави, и да го праша. Еј човече барем извести дека ти е сменет датумот за полагање. Некои плаќаа карти за џабе до Скопје и назад. Полагаме други предмети, барем нив ќе ги учевме повеќе. Се изнервирав скроз. Кој ги бира професорите на факултет се прашувам. На лото да не ти се паѓа...
Една од грешки што ги правев јас порано е оти мислев дека моето мислење на интернетот има некаква си важност/значење и често пати трошев часови и часови расправајќи се со тролови и имбецили кои никогаш нема да ги видам во real life ниту пак ќе им го сменам мислењето или пак ќе ги променам некако. Тоа значеше дека моето време не е драгоцено!. И радо би го потрошил на тролови него на нешто покорисно, како на пример да гледам како се суши бојата од ѕидот. Но со тек на време ја приметив мојата грешка и сега веќе не се замарам со такви работи, напротив големо задоволство ми е да ги терам у три лепе и да ги буцкам. Сега повеќе си го ценам времето и се чуствувам повеќе исполнет. Гледам на форумов се уште има луѓе кои ги прават тие грешки и трошат саати и саати и дебатираат со тролови за некои глупости и беспотребни работи кои немаат никаков завршеток. Уште полошо тоа го прават до доцните часови и на крај завршуваат изнервирани или банирани... П.С викање јас не се замарам и ми е гајле а пишувајќи утредента цели реферати со некој имбецил не е квалитетен и силен карактер. Али не е доцна за ниедно божјо чедо , се уште има шанси да се промените и да не се замарате со троловите и имбецилите на интернетот. Следете ги моите примери и заедно победете ги троловите. Ќе ја направиме Фемина голем форум. Спојлер Не заборавајте во Декември кој ви ги покажа патиштата на успехот. Заедно ќе ги победиме троловите. Заедно ќе ги победиме клановите. Заедно ќе ги победиме сите предавници. Заедно. Заедно ќе гласаме во Декември за кандидатот што ќе го прикаже Јипман. Заедно ќе победиме! Спојлер Патем постов се мислеше за дебатирања со тролови , не за обични дебати и расправии со други членови. Да не слушнам цитирања амааа чичкооо јипи ај да не дебатираме за ништо ако неее.....
Полагам во среда испит, а фокус никаков... Главата на различни делови ме боли Сакам да кажам дека се осеќам безвезе овие денови од оваа причина... Ќе пишев во КАКО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ДЕНЕС ама ќе треба да ве замарам со ист пост секој ден...
Сакам да кажам дека ми фуфка од грмење и преѓе толку силно згрме што куќата се затреси и снема струја. Трауми.
Сѐ додека се застапени заостанатото мислење, конзервативноста и игнорантноста во врска со психичкото здравје, нема да има разбирање меѓу луѓево. Жално е што во 21 век сѐ уште секојдневно се среќаваме со индивидуи што тврдоглаво се држат до она познатото ,,психолог/психијатар е за ненормални“. Загрижувачки е тоа што гледам дека сѐ повеќе луѓе од помладата генерација се погодени од анксиозност, депресија, стрес и слично. Колку пати сме го чуле она ,,млад/а си, тешкото допрва ќе те снајде“ или па ,,што си видел/а ти во животов па толку да се жалиш“. Поради онакви луѓе често и посериозните случаи се осудувани само како обиди преку сожалување да се добие нечие внимание. Не велам дека нема вакви манипулатори, но не ги ставајте сите во ист кош. Од вакви занемарувања, генерализации и осуди доаѓа и до продлабочување на проблемот, дури и самоубиства, самоповредувања и слично. Искрено, не знам како ни за момент не си помислуваат дека можеби тие се причината што доведува некого во таква состојба. Сте ѕирнале ли вие во најдлабоките места во нечија душа? Свесни ли сте со какви внатрешни демони се бори некој секојдневно? Една личност сме пред другите луѓе, а друга кога сме сами, така што не мислам дека би можеле толку многу да го познаваме некого за да се осмелиме со голема сигурност да кажеме дека нема никаков проблем. Постојат нешта во нашата околина што се надвор од наша контрола, а од ден на ден сѐ повеќе нѐ убиваат, нѐ влечат надолу до болка, а не можеме ништо да смениме. Седиме со врзани раце, гледаме и тонеме во фрустрација бидејќи не зависи од нас, а сепак има преголемо влијание врз секој аспект од животот. Е ова турка на дното. Пазете што зборувате, на кого го кажувате тоа и не занемарувајте нешто толку важно како психичкото здравје. Бидете малку посвесни за влијанието на вашите зборови врз нечиј живот.
Не ми е јасно како 14 годишно дете (млад ДЕЧКО) третирате како 2 годишно бебе. Јас такво тинтрање немам видено никаде во животов, дури и најразмазените деца што ги знам се ништо во споредба со ова. Да не знае да состави асално реченица? Да не знае да си напише сам име и презиме? Да му се исполни секоја замислена желба? Едниот син риба коли, иде на работа, учи, чисти, готви, помага на помалиов. Не знам што да кажам, едвај 2 реда разговор можев да извадам од детено. Жално.
Има некои моменти што секојдневно ни се случуваат за кои не знаеш дали да плачеш, дали да избегаш, дали да се смееш или сите да ги отераш у три п.м. Пример од денес што ми остави впечаток. Во една продавница во маало продавачките речиси горе-долу сите не познаваат што пазариме секојденвно. Денес си влегувам, а во исто време излезе еден подалечен комшија. Земам, одам на каса и продавачката ми се обраќа (а во продавницата имаше и други луѓе) : -" Го гледаш овој што замина? Абе секој втор ден и купува храна за мачката. Луѓе корка леб немаат, а тој дава пари за глупости...Застанал со мачката се замара". Одговорив дека сигурно има милениче за кое добро се грижи и нормално мора да го храни, на што ми врати дека можел да и дава на мачката остатоци од нивната храна и немало потреба да дава пари. Толку!!! Врвот на глупостите е постигнат!!! Дојде време непознати продавачки да ти кажуваат на што можеш да трошиш пари и слободно ти се мешаат во животот. Не знам како се воздржав да не ја отрам кај што и е местото. Нека се гони, веќе не стапнувам таму и го жалам човекот што му јадат бурек зад грб а он уште промет им прави.
Леле морам да се надоврзам... Исто еден од поглупите муабети за трагичната судбина на денешната младина и kade odi svetov ми е: „денешниве млади само кучиња/мачки земаат, наместо да праат деца или барем да посвојат некое“ Од каде мислат луѓево дека им е тоа право да се мешаат во нечиј дом и џеб, евенезнам...
Ова ти е буквално "Ајде да ја искористиме секоја можна шанса за ширење на омраза". Далеку ќе стигнеме така, многу далеку.
Сакам да кажам денес беше мојот прв работен ден во кафич. Амм сакав да работам бидејќи ете летен распуст е и сега 18 ке полнам. Малце бев под стрес да не направам утка некоја бидејќи сепак доста луѓе доаѓаат со разни карактери... Некои се фини до тебе, други ќе се испонашаат зошто толку чекале или пак " девојче ти реков без мраз" ама мораш да се навикнеш и да го прифатиш тоа. Сепак си работам за себе, за свои пари и газдата тоа го кажа. Ии сфатив дека пола и поише од машките што беа таму се невидени сељачишта, со извинение на оние што се културни, кои и покрај тоа што имаат девојки се набацуваа што доболнителен стрес ми донесе. Значи си дошол кафе да се напиеш а јас сум тука да те услужам и немаш право да се набацуваш. Барем јас така го сметам тоа. Значи нив досадно па ајде на келнеркава, е па неможе. Јас сум дошла тука да работам како што реков а не да се замарам со некои што никад не сум ги вишла... Да сум дошла онака со другарки таму па ајде набацувај се, ама тоа е моја работа човече и остај ме да си ја работам и не ми врши притисок.
Џабе едно се зборува кога реалноста е друга. Македонците од дијаспората, велите, не биле патриоти штом заминале од државата. Лесно било да ја сакаат од далеку, да се врателе тука па да виделе дали ќе им било убаво така. И знаете што? Да, во право сте, да ја сакале својата земја ќе останеле тука. Но вие па што не ја сакате, што не ви е гајле за име, за историја, што сакате само пари во џеб, тогаш вие што не си отидете во некоја развиена Европска земја и да оставите вистинските патриоти да го негуваат она што го имаат, м? Ете толку е едноставно. Патем, 21 век, прогрес, тоа е тоа убиство на вистинските вредности.
Не можам да сакам да се повтори она што било зашто премиерата е завршена. Повремено го правам тоа во соништата, но во стварноста не сакам да живеам репризни сцени. Сеќавањата знаат ненадејно да ми тропнат, да покажат моќ и да ми се вгнездат во најспокојната ноќ. Ама без нив и подголтнатите зборови би биле фикција...
The future's in the air I can feel it everywhere blowing with the wind of change Take me to the magic of the moment on a glory night where the children of tomorrow dream away in the wind of change ...