Буквално исто рече и таа, нешто во стилот на: - Наместо дете да и направи на жена му, тие со мачки се замараат. Господ нека им е на помош на вакви личности! Амин1! П. С. Мислев жално е за гледање човек кога плаче, се до моментот кога не видов на куче како му течат солзи. Го мислиш животно што разбира и што чувствува, а и тие кутрите плачат од среќа или тага. Дефинитивно едно од потажните нешта што ги имам видено. не ми требаше ова од сабајле.
Избегнувам да реплицирам во темава, ама некако почувствував потреба да го кажам тоа што ми е на ум. Битер, еве верувај дека јас сум една од луѓето кои веќе не се замараат ни за име ни за историја, затоа што знам дека уште оддамна мислењето на народот не вреди ни трошка. На никој од власта не му е до народот дојдено, да бидеме реални. Токму затоа не одам ниту на гласање кога има избори. Знам дека е бесцелно. И верувај дека уште оддамна се обидувам да си создадам шанса за излез од тука, само малку тешко иде. Тоа што сакав да го кажам е дека убедена сум дека има уште неколку илјади граѓани како мене кои само ја чекаат вистинската шанса за бегство и во моментот штом ја добијат сигурна сум дека секој од нив без размислување ќе ја искористи
СДК вистинските вредности зависат изгледа од човекот. Како и се останато. Нечии туѓи вистински вредности се далеку од моите. И не, далеку е дека се е до парите. Освен кога ти треба лекување кое го нема во државава, а нема многу, затоа што ни остана назад здравството со "вистинските вредности". И додека кај нас луѓе умираат од шкарт лекови, во светот успешно се лекуваат и за нас незамисливо тешките болести. Барем тоа јас сакам кај нас да го има. Ред, безбедност, правда, заштита на граѓаните, институции кои фунционираат да ни служат нам. А го нема, ниту ќе дојде за скоро. Не е проблем, ние што ги сакаме овие услови ќе си заминеме. Туку се прашувам тие земјољупци (го измислив зборов, не знам дали постои) до кога ќе бидат задоволни со ова сега тука. Дали ќе дојде момент кога ќе сфатат дека во државава секојдневно се умира за глупости, или и на постела ќе си речат, не, ова е тоа, вистинското и нема подобро.
Овој пост го посветувам на другарка ми со која се дружиме дури 24 години. Во основно и средно бевме заедно во клас. На шала знаеме да кажеме факултетот не раздели. Се надевам дека ова пријателство ќе трае и понатаму. Нека ти е среќен роденденот, драга моја.
Сакам да кажам дека таман се облеков, си викам уште заби да мијам - и втури времето. И така сега завиткана во летно ќебенце си чекам да преврни. Дип препекав за читање, инаку ич не се жалам.
Лански одмор е убава работа. Алал да му е на тој што го измислил. Проблемот е само што јас не знам како да го искористам. Од се што можам да правам јас еве на форум се уклучив. Гревче. Вчера додуша до работа отидов така ќежуал одморски, што можда е малку полошо, но ете. Во одморскиве денови кога знам да заседнам до касно навечер ми текнува на една дружба што се интензивираше пред 2 години, некаде ова време. Може треба да прашам како е... Уште чекам да ми честита нова година, ама нема врска, сигурно честитката е пратена и ете фатила беснило по пат па сама се искинала, бива и тоа. Ќе видиме, може и ќе прашам. Туку баталете тоа, друг ми беше муабетот. Го прочитав мислењево на Јипи: Некако носталгични чувства ме стигнаа. Еее кога ќе ми текне колку саати сум отседала тука, цела среќа е што немам хемороиди. Од овде гледано дури и чудно ми е кое време сум го дала тука. Кај сум го наоѓала? Да скратам... јас уствари сакам само да кажам дека многу ми се шетка некаде бре луѓе, некаде кај што можеш да се подисклучиш, каде нема да ги има секојдневниве срањенца. Многу ми се шетка, многу ми се исклучува...
Времево ми е само за лежење во кревет, покриена со тенко кебенце, со пуштена музика во позадина и чаша кафе до мене. Ех, да можев така да кулирам секој ден...
После кој знае колку години фатив далинско во рака и ооооп Зајко во живо Кај уклучив тв, кај се заебав
Оваа слика ме потсетува на деновите кога и јас тренирав фудбал и секогаш кога после голманскиот тренинг ќе дојдев целиот со модрици по нозете и извалкан во кал како прасе и мајка ми ќе речеше: Е сега ти да си ја переш опремата. И ти што ќе правиш сапунот во раце и ќе переш ако не ти срам и утре со валкана опрема да одиш на тренинг. Тоа беа денови кога научив што значи одговорност и трпение само за да го правиш тоа што го сакаш. Вака и јас како децата на сликата во тренерот гледав како на мој најголем идол и слушав и правев се како што ќе ми каже. Дури и татко ми често ми се лутеше бидејќи не сум го слушал него како што го слушав тренерот. Убави денови беа тоа ама останаа само спомени...
Сè повеќе сметам дека на луѓето им треба сериозна едукација пред да станат родители - и за основни, и за „не толку очигледно“ правилни и погрешни работи околу родителството. Читам прееска статија за детски летен камп по веронаука организиран во манастир во Рајчица. На сликата монахиња и околу неа, пазете - само девојчиња, на возраст од преку сила 7-8 години. Why? На тие деца им треба едукација со некакво универзално знаење низ игра, забава, вода, лудории. Голема иронија е исто што луѓево кои ревносно ќе те вреѓаат на критика на ова, би биле и се сосема згрозени од верска индоктринација на дечиња со исламот кај нашите малцинства. А истото е - иста грешка према децата што треба да се искорени од воспитувањето. Да не зборувам веќе за другиот многу посериозен екстрем - луѓе отидени со деца на актуелниве протести, и воопшто на митинзи и политички настани. Прекрасни вредности имаат децава да слушнат и научат - национализам, пцовки и клетви, омраза, а опасноста од насилство на која ги изложуваат не е ни за коментар. Родители, учете се да ги држите религијата и политиката подалеку од дофатот на мали деца! „Замарањето“ и развојот на став во тие сфери треба да почека соодветна возраст и да биде исклучително нивна самостојна работа!
Простачки е да седиш пред зграда и да се дереш како да си на планина. Цела зграда да те слуша "Ајде гледаш дека работи моторот, дај ќе свртам круг, дај ќе средам јас..." "Ти мене ми се правиш паметен?!" Брррммм,брммммм До 5ти кат се слуша. Домашно воспитание.
Пред една недела јас искочена со другарка се шетаме, и ме гледа едно девојче отприлика 8 или 9 години и ми вика Дали ти играше китри вариација на годишниот концет на Дмбуц илија николовски луј? Јас и викам да. Таа ми вика Ти најмногу ми се допадна на концертот, најубаво играше. Може да се сликаме? Еден ден кога ќе потпораснам сакам да бидам како тебе. Се сликавме и потоа ме гушна и уште еднаш ми рече дека сака да биде како мене кога ќе потпорасне. По неколку дена одам на проба, чекам автобус, и пак го гледам девојчето. Се стрча накај мене, и ме гушна. Ме праша што правам, каде одам. И реков дека идам на проба балет. Ме праша дали може некој ден да отидеме во школото, за да ја видам како игра. И реков дека можам денес после проба. Ми рече да се јави прво на мајкаи да ја праша. Ја причекав, се јави, праша и мајкаи рече дека ќе ја донесе. После пробата јас искачам од сала и ја гледам нејзе и мајка и. Мајка и си отиде и рече дека ќе дојде за саат ипол. Влеговме во една празна сала, девојчето се спреми,се пресоблече и започнавме прво со загревање. Јас и кажував комбинации на вежби за загревање за нејзина возраст,а таа вежбаше. Се гледа дека девојчето има талент, но и желба. После загревањето и покажав една вариација за нејзина возраст. Девојчето е неверојатно. Еднаш и ја покажуваш вариацијата и од прва ја запомни, што за нејзина возраст е неверојатно. Еднаш ќе и кажеш забелешка и одма ја поправа. Баш ми е жал што такво неверојатно девојче, сои толкава желба и талент е кај најлошата професорка. Кога викам најлоша немислам на најстрога, туку на професорка на која не и е битно дали децата знаат, дали имаат талент... Детето има шанси да стане светски првак, ама нема професорка која ќе и го пткрие талентот и ќе се погрижи за тоа дете. Вчера на гала вечерта од натпреварот кај што учествував, кога заврши дојде за да се сликаме. На сцената беа сите учесници на натпреварот. А таа пред сите нив рече Јас се сликам само со најдобрата. Лелеее колку бев среќна, срцето ми се скина. Колку значи кога некој толку те сака. Бев среќна уште од првпат кога ја видов. А откако видов како игра, дознав дека тоа дете еден ден ќе го освои светот
@zuto алал да ти е за темата од збор до реченица..ми е*а мајката, мозокот го измалтретирав поштено..па кој глупости ги пишувам...Супер..подобро таму вијуги да релаксирам
Па не ги релаксираш само, ги тренираш, ги јачаш... Оваа игра е и за големи, па дури и за баби П.С. да не сакате штоперица да вклучиме? Е тогаш ќе биде весело. Ние на време игравме, цедевме мозок до даска (ама така без цензура се игра)