Понекогаш поминувам покрај некои девојки кои зрачат со позитивност, која изгледаат силни, цврсти, убави. Си помислам да застанам да им кажам колку ми се убави, да им кажам дека зрачат. Некогаш ќе им се насмеам, ќе ми возвратат и тие. Се разбираме. Некогаш помислувам да купам буќет цвеќиња и да застанам на улица, да ги делам на случајни минувачи. Зошто? За тие насмевки кои доаѓаат од вакви random acts of kindness. Сакам и кога на продавачка, на вработена на шалтер ќе им посакам да имаат убав ден. Иста е насмевката. Не е љубезност, ова е веќе милост, среќа што некој барем со зборови ти посакува нешто добро. И веднаш е светот подобар СДК 2: Ја видов викендов мајката на мојата прва детска симпатија. Ме изгушка, вика дека не ме видела одамна. Се смешкам во себе, ќе ме гушкаше ли така да бев некогаш со син ти? Зборевме и за него, исти сме биле. Знам дека сме исти, зарем во мојот вкус се сомневаш Ама успеа Енџи, си најде некој уште повеќе како нејзе Можеби еден ден ќе ги заборавам претходните врски, ама знам, оваа симпатија сигурно нема. А во Шиме ја најдов личноста со која сакам да го поминам целиот свој живот, мојата втора половина. Тоа чувство не може ништо да го замени ...druge mi za cas posade bezbojnu ruzu dosade drzimo palce vrag i ja da potraje ta magija... Многу љубов во едно мислење. Ви посакувам ден исполнет со љубов. Подарете барем една насмевка, разубавете нечиј ден Ве сака вашата Енџи
Секоја вечер си викам дека мора порано да легнам и следното утро порано да станам, ама таман ќе се наместам удобно во кревет ете го мозокот се приклучува на најјако. Ме потсетува на некои поранешни разговори за тоа како сум требала да речам, а не сум рекла, како сум требала да изреагирала во одредена ситуација а не сум изреагирала и ме потсетува како сум се засрамила во јавност или пред битни луѓе. Бидејќи многу е битно да се потсетуваш на минатото и психички да се измачуваш, а не можеш да промениш ништо. Блазе си им на оние што не се замараат со ништо, само легнуваат и одма заспиваат.
Сакам да кажам дека .. i'm back bitchezZ Еј на мене изминативе денови ми се деси нешто најдоброто до сега во мојот живот .. nah just kidding. Абе бев баниран неколку дена, нешто таму сум прекршил правила па седев на клупа за да се опаметам. Иначе да, еј @RainBow фала за банот навистина ми беше потребен. Абе да бев верник ќе речев дека имало Господ ама ова стварно ми го погоди времето онолку колку што требаше да ја доправам дипломската. Првите 2 дена беа најтешки пошо од навика цело време кликав на форумов за да се логирам али после беше се полесно и полесно и сфаќаш дека нема повеќе допамин од истиот извор Иначе банов ме одвикна од форумов, што е супер страв и сфатив дека не треба толку време да трошам тука за глупости, пошо и онака кога бев суспендиран пронајдов работи кои сум ги запоставувал дремејќи тука А ти што го читаш ова, ако при конектирање на интернет прво се логираш на форумов па после на другите социјални мрежи (фб, инста) и на тебе ти треба одмор RUUUUUUUUUUUUUUN за банираните корисници RUUUUUUUUUUN
Кога ќе ти речат абе излези малце надвор, сонце да те види, види се каква си бела.Уште ќе се шлакаш со креми, сонце да не те фати, бре. Знаете дека баш ние белите треба да се пазиме од многу сонце? Лице кога ќе ми поцрвени, не можам ни да се насмеам. Да не зборувам за секојдневните главоболки од изложеност на сонце. И баш овие ми збореле колку е битно здраво да се храниш за да не заболиш од ова, она, и зима да се чуваш од настинки, да се облекуваш убаво... А кожата и опасностите во лето не се битни.
Ги памтите цртаниве? Најдобар дел од денот ми беше кога ќе се оптегнев на кревет и сите касети што ги имав при рака ги пуштав една по друга. Секој петок одење во видеотека ми беше омилена активност. Make касети great again !
Експресното работење во градот е во есктремно опаѓање. Стручниот кадар нема ни с од стручен, ниту пак може да се даде таков наслов. Бидејќи повеќето се засегнати со името,во јавната администрација секој си прави што сака. Кога сака си работи, кога сака си оди, кога сака си завзема пауза. Некој од нешто зависи но секогаш тоа е оспорување со секаков изговор. Штета е да не се обрне внимание на другите работи и навремено да биде се средено. Да не кажам ме разочарала земјава мајчина, не е од сега само што сега е во крајна граница.
Не треба лугето да се мешаат на другите луге шо праат у животот. Факт. Ама има до некаде вистина дека се чуваат миленичиња за да се надополни тој вид на љубов, полесни се за одгледување, но не е апсолутно точно, можеби причината е моменталната финансиска неможност за оформување семејство, фокусот е ставен на градење на краиера или може и некој воопшто не сака. и икс други причини Пеонтата ми е дека нит е така, а нит дека не е така Само што лугето сакаат премногу да ги генерализираат работите. RUN
За првпат толку голема, оначе сум читала во еден дем некој од по 200,250 страни. Со оглед на тоа што немам баш време...
Насекаде околу нас има жени кои инспирираат,мотивираат. Погледнете,приметете ги https://en.wikipedia.org/wiki/Adriana_Iliescu Кога толку силно се посакува се се може. Дури и на 66год. родила а сега има 80год. Што ли и го продолжува и развеселува животот?
,,Колку потајно, толку потрајно." Кога ќе размислам за ова што некој го кажал, во право е. Колку помалку знаат, толку помалку ќе ти се мешаат, па ќе биде и потрајно. Лошото е што постојано си на штрек и се трудиш успешно да сокриеш нешто од љубопитните очи и уши на луѓето кои одвај чекаат да ти солат памет што и како треба да правиш или одвај чекаат да раскажат на сите наоколу.