Кога ќе видам со какви луѓе го делам воздухов,ми доаѓа да се префрлам на плин. За почисто Скопје дефурај на плин Спојлер: . На моле во Фрчка
Како што љубовта кон животот е всушност само страв од смртта, така и друштвеноста на луѓето не е директна. Таа не се заснова на љубовта кон друштвото туку се занова на стравот од самотијата односно осаменоста.- Артур Шопенхауер
Постов го посветувам на сите луѓе кои сметаат дека добар аргумент е "Јас колку фурни леб имам изедено". Сигурна сум дека навистина имаш повеќе изедено, лично избегнувам го јадам, чисто затоа што и не е баш здрав. Одговорно тврдам дека лебот нема никаква врска со интелигенцијата. Докажи ми спротивно. Можеби треба да го смениме со "Јас колку книги имам прочитано" ама тогаш ретко кој ќе го користи. Доколку ти сметаш дека не треба да ме почитуваш само затоа што сум помлада јас сум сигурна дека нема да те почитувам само затоа што си постар/а.
Ми доаѓа да се качам на авион и директно на плажа,наочари за сонце на мене,книга во рака,добра музика и тотална релаксација од времево,имево,готвење...се и се што.
Навистина е зачудувачки сево ова да се земе во предвид ама... Секој човек има по две очи, од кои секое око се состои од 130 милиони фоторецепторни клетки. А во секоја од тие клетки има 100 трилиони атоми - тоа е повеќе од сите ѕвезди во галаксијата Milky Way. Како и да е, секој атом во секоја клетка во секое око некогаш се формирал во јадрото на една ѕвезда, пред билионици години, и повторно се тука, служејќи да ја заробуваат енергијата ослободена од истиот тој процес. И сето тоа за да ја прошират свесноста која сме ние. Би рекла дека универзумот има интересна смисла за иронија, во која што ние сме универумот кој се искусува самиот себе - Се што ние претставуваме е една помисла.
Кога ќе те адне професор и ќе ти лајкне објави од 2015та, јасно ти е дека треба што побрзо да дипломираш.
Утре ми е роденден. Ова ќе ми е прв роденден кој нема да го прославам како што сакам. Немам услови, а ни луѓе. Годините се зголемуваат, другарите се намалуваат. Немам еуфорија, некако ко сеедно да ми е. Знам дека нема да бидам ни особено расположена. Немам желби ни за подароци. Не сум возбудена. Не знам зошто. Осеќам дека ќе биде обична прослава со торта кифли мезе и пијачка. И криво ми е. Моите родендени секогаш се спремале месец дена унапред и биле за паметење. Годинава ќе е просечно. А просекот никогаш не бил за мене.
За 2 дена. Исто минус просек и другари/торта/кифли/мезе/пијачка. Не сакам да го крадам мислењето, туку сакав да се надоврзам бидејќи не ми се случува првпат, скоро 30, од 20 нагоре таков е животот. Ценам тоа што имам и гледам следен пат поубаво да е. Не мора материјално поубаво, може и атмосфера/емоционално.
Често знаеме да кажеме зошто баш јас? А зошто пак другиот, што е тој помалку од нас? Сите сме исти пред Бога, сите сме грешници.
Не знам што е со мене во последно време, не си се препознавам. Во мене има некој гнев, неоснован. И ми го разгоруваат некои банални работи. Работи што не ме ни засегаат ниту пак се однесуваат на мене. Ама веќе ми е смачено едното па исто да го зборам што една реченица е способна да ме изнервира, и мислам дека ако не направам пауза од 5 минути способна сум да направам т.е. кажам гадни работи. Не сум злобна, ниту лоша личност, најмалку од се сакам да повредам некој. Ама во последно време мислам дека ќе кочницата ми откаже. Па аман веќе од постоење само да бидеш нечиј издувен вентил.
Не знам од каде им е на луѓето таа ниска самоувереност во претпоставување на нечиј социјален и сексуален живот и плескање на таа претпоставена состојба во обична дискусија. Као ако не ти одговара она што збори некој, тоа значи по дифолт дека има премногу време да се „замара“ и нема пријатели и свој живот, или пак за повулгарните - не е сексуално задоволен/а, па оттаму „фрустрацијата“. Има дури и такви нелуѓе што знаат да помешаат и нечија депресија или анксиозност за да повредат и омаловажат, за нив посебен „круг од пеколот“. Немојте, поради самите себеси. Тие силни луѓе наспроти вас научиле да не ги болат зборови од небитни личности за кои знаат дека не се во право, ама вие самите се понижувате и покажувате во најлошо светло.
Имам чувство дека човештвото ќе расцвета кога сите ќе сфатат дека слики од грди луѓе не се смешни. Да, за вас што постирате во Смешни слики се однесува.
Сакам да кажам дека сум многу среќна . Многу бебиња ќе се родат во мое опкружување , некои на крајот на годинава , други на почетокот на другата година . Кумата ми е бремена со второ , другар на мм ќе стане татко ( иако веќе 4 години е надвор од Мк , сепак беше наша поддршка кога јас бев бремена со синот ) , комшивка кај моите е бремена со прво , моја школска е бремена со прво .. Највеќе се израдував за кумата и другарот . Некако најблиски си ги чувствувам . Само со лесно нека им се бременостите на сите , први или втори не е важно , да си ги износат бебчињата до крај , па и моиве палавковци да имаат со кого да се дружат и да уживаат во детството . Не знам дали јас сум преемотивна , или хормониве ми се ремет , ама се радувам како јас да сум бремена небаре ќе полетам веројатно ми недостигаат тие клоцкања , процесот на растење и развивање на бебето и цела онаа еуфорија . На крај испаѓа да сум повозбудена од идните мајки и татковци .
Колку луѓе има (пре)полни со негативна енергија, чудо. Истите тие ќе речат, не се задоволни од ништо, животот не чини, изумрело пријателството и љубовта, немало правда. Не. Има сѐ. И сѐ е убаво. Само вие не гледате. Една српска изрека, која неодамна ја прочитав: "Ako mračiš, mračno je. Ako sijaš, sjajno je. Do tebe je." Сите причини и одговорности во себе барајте ги. Ако нешто не ви чини, значи нешто треба да смените.
Кога подобро ќе размислам сфаќам дека мене многу повеќе ме исполнува туѓата среќа отколку лично мојата