Сакам да кажам дека сум пресреќна, либенцето конечно ќе оди на операција за рамото кое си го повреди при вежбање пред пола година... Конечно животот пак нормално ќе ни функционира! Среќа моја, колку бев тажна додека гледав како ги трпи тие болки Ми влева надеж секој ден! ТЕ СААКАМ ЉУБОВ!!
Многу луѓе не се грижат односно не ги ценат своите пари се додека не ги потрошат односно изгубат, а други луѓе го прават истото тоа со своето време. Јохан Волфганг фон Гете
Толку злоба на овој свет. И тоа во луѓе насобрана. Идиоти. Лицемери. Крадачи. Не си го гледаат својот живот. Ми фрлиле храна и тоа со исекршенн жилет. на кучето кое е врзано и мирно. Глас не пушташе. Идиоти. Крадачи. Крв му течеше. 4 дена се мачеше. Си велиш има надеж. Ставај инекции. Ставај инфузии. Како може да сте без осет?
Понекогаш гледајќи околу себе,читајќи и сл..имам чувство дека оваа наша Мк била далеку од сиромашна...
Сакам да кажам дека е многу тешко, тажно, да сфатиш дека на некој не му значиш ништо а тој тебе ти е СЕ
Баш кога имаш некој проблем, сите бегаат. После некое време те молат да им помогнеш и ако не им помогнеш, се лутат. Тие што си ги мислел за пријатели те оставаат и не ти помагаат. Само во тие моменти дознаваш кој ти е вистински другар. Тешко паѓа кога тие што си ги сметал за другари ги нема да ти помогнат во тие моменти.
СДК за голем дел на постапки во одредени ситуации кои подоцна знаат да направат да изгледа како онаа народната:Да се треснеш сам по глава со сопствени камења,сме одговорни лично ние како индивидуа,ама исто толкав удел имаат и постапките и делата на нашите родители од минатото,кои понекогаш знаат да се одразат лошо на децата и обично тие ја плаќаат сметката од минатото
Некој чуден и контрадикторен народ сме ти ние. Забушаваме и фаќаме кривини на работа, намуртени сме, нељубезни и некултурни, ама не е до нас - лошо сме платени. „Нека ми дае плата од 500 евра па ќе види колку вреден и љубезен знам да бидам ја уствари!“ Решаваме глобални кризи, го оправаме светот и државата, а дома чешмата ни капе веќе три месеци и не ни е поминато со правосмукалка две недели. Експерти сме на сите полиња, од дипломатија и економија, до здравство и социјална политика, а сепак не сме догурале подалеку од тоа нашите „експертизи“ да ги даваме од фотеља, на социјални мрежи, по можност и од анонимни акаутни. Уште не сме научиле кога и како треба да се одржува лична хигиена, фрламе ѓубре насекаде и пљукаме по улици, ама стручњаци сме за култура, особено ако е у облик на антички споменици и барок. Сакам да кажам, не секогаш треба вината да ја бараме во некој друг за она што сме и ситуацијата во која се наоѓаме.
Пензионерско друштво бара работници,најнова професија во Македонија,најплатена до сега на нашиве простори,може и млади да волонтираат професијата е... Спојлер: . "Пипач на лебови'' во маркети
5 години поминати на фемина, поминати споделувајќи премногу моменти, трошејќи квалитетно време секој ден тука, учејќи нови работи, запознавајќи премногу нови личности, склопувајќи премногу добри пријателства. Тука пораснав дефинитивно. И научив многу. Не ни сетив кога поминало толку време. Ама една од најдобрите одлуки што сум ги направила било зачленувањето тука.
Во контекст на веганството и вегетаријанството, сум кажала многу пати немам против кој што јаде сe' додека не наметнува врз други. Ама кога многу пати слушам коментари од некои радикални вегани во врска со експериментални животни, стварно не можем да преќутам. Памтам имаше негде случај кога двајца активисти za права на животни подметнале пожар во лабораторија во кои се вршеле тестирања и експерименти врз животни, а внатре имало и вработени. Не знам каков бил исходот, но постапката им била крајно за осуда. Тие мислат дека лаборантиве онака без осет, од ќеф убиваат стаорци, од забава нели. Не знаат колку напреднала науката до денес благодарение на експериментирањето со животни. Колку болести се истражени и проучени, колку лекови произведени, колку човечки животи спасени. Ама не, се убивале без потреба. Или пак имало друг начин да се изврши некој екпсеримент, без убивање стаорци. Не, нема. Иако постои одгледување на клетки, тие не можат да ја заменат физиологијата што ја има цел еден организам. Лично видов како бел стаорец ставен во кутија со етер, полека престанува да мрда, губи свест за на крај да биде дисециран. Дали ми беше жал? Да. Ама И ова не е од забава правено, дека тие лаборанти се суштества без осет. Секако дека има правила. Секако дека се гледа тие животни да имаат хуман третман додека се живи, дека се гледа што помал број стаорци да се користат за експериментирње. Не сум бездушна зошто во лабораторија "убивам" стаорци а надвор галам мачки. Има причина зошто мора така да биде. Пред да глумите колку сте зажалени за животни, малце подлабоко погледенете на работите. Спојлер
Секогаш кога не ми е денот погоден и не се чувствувам најдобро си викам да земам да се опуштам со книга/филм/серија. За што и да се одлучам да гледам/читам секогаш содржината се погодува да биде катастрофално тажна. Пример пуштам епизода од некоја серија што ја гледам периодот и баш тогаш некој кул лик умира или се случува голема катастрофа па сите се потресени, нерасположени, плачат, се е темно, грмотевици маваат и преку книга/екран ми пренесуваат негативни емоции па уште толку ми се расипува денот Ај еднаш или два пати да се случи таква коинциденција во ред, ама секогаш? Убаво викаат дека подобро е да се соочиш со емоциите, отколку да ги криеш и да се обидуваш да глумиш. Овој случаен избор на гледање тажни епизоди или книги кога сум нерасположена може треба да ми биде доволен знак за да ги прифатам емоциите, а не да се кријам од самата себе.
Пуштив една емисија, имаше гостин истражувач. Истражувач на пустини. Всушност, не знам што истражува во пустините, ги поминува одејќи пешки, кога го прашаа зошто баш тоа, рече дека навистина сакал да пешачи. И тоа е тоа. Тоа што мене ме прави среќна, мислам дека милион пати сум го спомнала ама не сум го прифатила како ваква вистина, јас сум стварно среќна кога пешачам. И ете, имало и професија за мене, ќе бидам шетач. На пустини? Што ако ги преживеам топлината, стравот, животинките, песокот... што ако се справам со се, освен со себеси? После толку долго одење денес, сега повторно би станала да пешачам. Без цел. Можеби одејќи ќе се појави пред мене. На зафрканција или не, и да нема измислена професија, луѓето ја креираат стварта што ги прави среќни. Ќе измислам јас истражувачка дејност со моите шетачки желби. Ќе сознаам нешто возвишено, ќе напишам книга, ќе направам тури на заинтересирани, ќе се збогатам и тогаш... тогаш ќе се спакувам и ќе одам да пешачам во друга земја. Саундс лајк а плен.
@JollyGirl или пак ситуацијата која ти е презентирана ја поврзуваш со твојата ситуација, или сочувствуваш со болката зошто и тебе ти е така, несвесно нормално. Ми се има случено да гледам емотивни епизоди и во нормален ден каде нема да почувствувам ништо, и во ден кога ми е лош и да се чувствувам како свет да ми се руши над мене уште повеќе. И до перцепцијата е. Некако исто како што ни е полесно да сфатиме нечиј животем стил ако е поблизок до нашиот. Ама во секој случај потиснување и кеиење емоции не е добро, so let it go!
Битолата Абе вијте: Овде си иаме посебен бон тон. Овде за Пелистер до Тумбе кафе се креваме,ако еден стадион сто години го прајме. Овде Офицерски за украс ни стој,кајдае до 2050 ќе го напрајме. Овде иаш велосипедска патека на сред шеталиште. Овде џабе на утакмици одиме,кутрите за спорт гладни сме. Овде откупувам старо железо ти е аларм и комшијата коќе ги цепи дрвата (ако комшијата цепи многу дрва-јака ќе биди зимата). Овде Копанки ко за кај Хичкок го спремивме. Овде старо-младо,машко-женско,брат си викаме. Овде во сите чикмаци,сите населби јако детство си иавме. Овде кафичите полни се,а викаме пари си неаме. Овде со факс келнер биди си или земи такси вози си. Овде во сто саато брзи и бесни шљавки по улиците фрчат. Овде Хераклеа ретко некој да ја посети или нешо од музејо да види шојма да ѕирни. Овде по ридој некој акаме:Тумбе кафе,Смолево или Авионите. Овде коќе неаш шо да прајш во Џамбо или Ваикики си акаш. Овде се трудиме Битола На Точак да иаме,а колите уште по тротоар ги паркираме. Овде не мора на лизгалиште да ојш,чекај во зимата на Широк Сокак на плочките ко пингвин балет ќе играш,ќе шанташ де... Овде во БТ со дупки ни се улиците,коќе иа дожд ја будиш балерината во тебе. Овде ќе најш и кабадаи и мајтапџии. Овде лаво во зоолошката ко без душа ни е,овци,кози,коњи од Тумбе кафе до Епинал како свето животно ќе ги начекаш како корзо си прат. Овде за Манаки ко за на МЕТ гала се дотерваме. Битолата сите си ја сакаме,е градо ни се пусти брат,ама то е шо да прајме.
Некогаш спомените прават да се чувствуваш толку убаво, што посакуваш барем на момент да се вратиш таму...во тоа време и на тоа место
СДК дека јадам праски исклучиво и само исклучиво пред туширање, чунки сите муви после на мене се, а и цела лепам
Ме плаши утрешниот ден, после години молење ќе ми се случи „работава“ и ме фаќа страв. Веќе се помирив со тоа дека нема да ја биде и сега наеднаш ете се случува. Само нека е за убаво.