СДК Кога сме на ниско место, треба да поминеме и низ ниските врати бидејќи, кога нема друг избор, чекор напред, е чекор напред. И дека понекогаш наоѓаме смисла и мотивација во секојдневието, не кога ја бараме и ни треба во моментот. И воопшто не би биле комплексни доколку имаме трошка скромност.
СДК комшијава лока секој ден. Ај што пие и што е бучен, него кога ќе се зашлапаат со жена му... Плас, плус, па некоја чинија ќе летне пропратно, некоја врата и така. Се фрапирав, ако ги видиш надвор, мирни, кротки, глас не им се слуша. Навистина ми е непријатно, сочувствувам со жената ама на крај краева, не ми е дома па да го трпам. Гледам дека ме вознемируваат такви викања и звуци (работи психа, шта чеш) па не би да си трошам здравје на слушање нешто што потсвесно ме вознемирува. Ова се случува дење-ноќе, барем еднаш дневно. Сред ноќ ќе те извадат од памет, мислиш којзнае што, они... ќе се заќофтаат оти ракијата не е ладна. СТРАШНО, во какво општество живееме, еј! И на крај, он ќе се испопијани, ќе се извикаат, ќе се испотепаат и ќе им помине. Мирни како бајчиња се после, се сакаат, заедно кафе си пијат во двор. А мене глава ќе ме фркне од нив. Се мислам да им викнам полиција ама што дека, ќе ми речат едни ли се такви. А не знам што може да се смени реално, возрасни луѓе и двајцата, не дека ќе се разведуваат. А многу ми е жал за жената, мада што по тоа што го слушам, и она не останува должна. Ни си да пријавиш, ни си да не пријавиш. Сега баш @LiliBoz ја прочитав за слична дилема. Има тема за ова? Се извинувам ако има, ама морав да кажам, седнав да работам и слушам плас-плус. Мислам.......... Едит - немам поим од каде испадна тоа последното смајли :/
и да пријавиш џабе е. проверено. .. и да дојдат само ќе опоменат и толку. пак стара песна. Тие ќе се млатат ние ќе испаштаме..
Толку е едноставно. Дете си,ако си добар. Желбата за постојана игра,љубопитноста и нескротливиот дух,те дефинираат со некое друго име. Детската неизвалканост е тежок подвиг.
Од стари баби не сакам да слушам муабети за секс и вибратори, од мажена жена со деца не сакам да читам "љубовни" пораки типични за заљубена тинејџерка (оти показател е најчесто дека не се за сопругот), од млади девојки не сакам да слушам мислења за животот... Имаат право на се', како и мене да ми е одбивно за слушање.
Попрост израз од МУ ДАДЕ (мислејќи на секс) нема и нема ни да има. Не знам на кого му текнало да го користи и како се проширила употребата низ цела земја, ама во иднина со години да мислат нема побетер зборче да измислат. Кој да даде? Што да даде? Што има жената да даде? Таа не ужива, туку дава друг да ужива? Всушност што дава, по ѓаволите? 1. Вчера ми се присака и му дадов. 2. Епа ти пак немој да му даваш па после ќе се чудиш дека барал друга да му даде. 3. Вечер ќе и барам да ми даде. 4. Еее не му давам веќе, ќе ме моли за да му дадам вечер. 5. Ти даде бе новата? Па толку е широка употребата на вулгарното значење што дури ако го употребиш зборчето во друго значење сите присутни ваков поглед ти упатуваат. Ми текнува кога земав часови за кола пред неколку години, уште на почеток од часовите инструкторката ми кажува дека што е можно побрзо треба во втора брзина да ставам инаку колата се мачи и ми вика замисли дека колата ти се обраќа: -Дај ми те молам, не ме мачи веќе, ајде дај ми сакам побрзо.......хахаа.......извини малку вулгарно се изразив. Јас во моментот не сфатив што кажала вулгарно, па цела во прашалници ја гледам бледо што ми се извинува, а таа упорено се смешка и се фаќа за глава. Дури навистина некако станува незгодно јавно да кажеш ДАЈ МИ/МУ. Дефинитивно посељачки и попрост израз НЕМА.
Два дена живеам како студентка, и сфатив дека сум остарела за тој живот. Седење до доцна, заспивање во било која положба, храна колку да се каже дека сум јадела и многу кафе. Еве ме, го обрнав маркетот сега, готвев леќа, ќе цедам цитрони, дрмам магнезиуми и се мислам дали конечно ќе и се вратам на јогата. Се припотресувам за нешто кое знам дека не ми е судено, знам дека не е време сега за тоа, дека не сум спремна. Едно е кога одлучиш сам за нешто - друго е кога ти го наметнат. Од друга страна, никогаш во животот не ми се случило да бидам одбиена за нешто, секогаш сум успеала во се што сум започнала. Како се припрема човек на падови кои секако ќе се случат? Знам дека нема да успеам, не го ни барав ова. Не би требало да ми е гајле. Ама...
Неделава е дебелка тетка у пењоарче што ги гаси цигарите во распар тацниче. Се вика Неделка и делка компири за ручек. Сака херц романи и ја нервираат жени со уштиркани фустани и погледи. Неделка не се грижи за светот. Си има саксиички со љубичици и мачор, тоа е нејзиниот свет. Носи мастилаво сини влечки со туфна и еден виклер и е закачен на грбот од пењоарот. Лани го погреба третиот маж и раздели сочна раванија низ комшилук.
Ние сме оние човечки суштества за кои со сигурност можам да кажам дека никогаш нема да видиме нешто за прв пат. Зјапаме во светски чуда со затапени очи. Мона Лиза, пирамиди, зградата Емпаер Стејт Билдинг. Се топат мразови, еруптираат вулкани. Не можам да се сетам на ниту една единствена неверојатна работа која сум ја видела со свои очи, а предходно не сум ја видела на некој филм или телевизиска емисија. На некоја реклама. Во овој момент не знам ни дали сме вистински луѓе, оние од нас кои се како најголемиот дел од нас, кои пораснале со телевизија и филмови а сега и со интернет. Ако сме предадени или разочарани, ги знаме зборовите кои треба да ги кажеме. Кога ќе ни умре блиска личност, ги знаме зборовите кои треба да ги кажеме. Ако сакаме да глумиме пастуф, интелектуалец или будала, знаме што треба да кажеме. Сите читаме од истото сценарио. Ова е многу тешка ера за да бидеш личност, само обична, вистинска личност, наместо збир од лични особени селектирани од некој бескраен автомат на ликови. И ако сите ние глумиме и играме различни улоги, тогаш не може да постојат такви работи како сродни души, затоа што ние немаме искрени, вистински души...
Сакам да кажам живеењето во центар на мал град и не било толку лошо Вечерва има играорци настапуваат на плоштад.и седејќи на тераса ги слушам и многу ми дојде убаво на душичката Свежичко е плус,убаво се спие деновиве
Како мали, љубопитни и невнимателни деца, на сите барем еднаш ни се случило некаде да оштетиме или скршиме некој вреден предмет, па во паника да го потсредиме колку да изгледа океј сè до наредна прилика кога друг ќе го чепне и да изгледа дека тој друг всушност е виновен. Лошото е кога оваа финта возрасни личности во животот ја применуваат со други луѓе или сериозни ситуации...
СКД:Времево надвор моли земај Лексилиум во големи дози мори. 3 дена ме моли .Се преклукав. Сакаме сонцееееееееее.
Нема поубаво од тоа да си станеш во 6 и да ги зграпчиш обврските додека дргите спијат и нема кој да те дефокусира, ни на телефон, ни на интернет. Добро утро на сите!
Понастрана стој од сето тоа верувај ми од искуство ти кажувам, исти такви имам у комшии. Во ваквите случаи и двајцата се криви, жената не е за жалење иако тоа ни доаѓа инстинктивно. Викнавме полиција со намера да помогнеме и пак ние го извлековме подебелиот крај, наидовме на негативни реакции од полицајците што пристигнаа и ни посочија да си гледаме во нашиот двор и од парот кој не малтретираше вербално отпосле. На таквите им нема помош. А јас сакам да кажам дека би им дала медаљи на жени херои кои успеваат за прва смена да се пицнат топ,од глава до пети со се перфектна шминка Јас кутра од сабајле не знам како се викам ни кај треба да идам, место рингла за кафе палам рерна, па клучот го барам пола саат а он си стои на бравата Сериозно ви се восхитувам и ве прашувам како ви успева какооо
http://rs.n1info.com/a398736/Svet/Svet/Istorijski-dan-za-Saudijke-Za-volanom-na-ulicama.html Понекогаш си велам кај баш од целиот свет можев да се родам тука во Македонија, ама има и многу бетер треба да сум благодарна и да не зборам многу многу
Јас кафе не варам, никогаш немам време за кафе , а и сигурно ќе ја оставам ринглата вклучена. За едно пеглање цел ден се мислам дали сум ја исклучила пеглата. Ми се случувало такси на пауза да земам за да проверам да не сум ја оставила Ама основна шминка ми одзема помалку од кафе пиење, па стигнувам да се нашлакам малку, макар станала и 20 минути пред излегување од дома.
Исто исто. Тоа со заборавање на пресата вклучена ми е пракса скоро секое утро, од што им е душата не знам чим издржуваат по 2 3 сата да горат на максимум на празно. Одма до мене живее братучетка ми,има клуч и иде у контрола ја праќам.. За шминка нормално ставам пудра минимално и малце карминче, туш шанси нема одсабајле и десната рака ми се претвара во лева
Јас среќа немам што да пеглам на главата, за пегла за алишта зборев. Сабајле сум ко да ме прегазил камион. 4-5 аларми имам и утрово бев успеала сите да ги исклучам, среќа се расонив веќе Или ги местам еден по еден на снуз додека не почнат сите пет да ѕвонат во исто време. После пцујам се по ред додека не се убедам да станам.