Неќам да ви кажам какви се моите утра ... Без кафе расонета, алармот две минути ми вибрира пред да ми ѕвони и станата сум на вибрациите и трк на утринско вежбање зошто сум станала два сати пред обврската. И после цел ден дремнувам насегде. Ви викам, и ова не чини. @lovestoneddd @DAngel Кој рано рани, цел ден ненаспан. Спијте си дур можите.
Мене утрата ми се супер, отварам очи 2 часа пред да станам, па час пред да станам, па станувам. Муштериите ми спијат по цели денови кога сме кај тоа Сакам да кажам дека денес имам обврска која ја мразам но морам да ја сработам. Ќе биде и ќе пројде и нема да придавам значајност.
Денес видов како всушност некои работи им се наметнуваат на децата уште од мали па потоа имаме сериозни проблеми да им објасниме некои работи. Ги слушам децата кои се отприлика 1 и 2 одделение како разговараат и дискутираа кој со кого ќе игра одбојка . Сите беа девојчиња и доаѓаат две машки кои сакаа да им се придружат да играат со нив и едно од девојчињата им вели дека одбојката бил женски спорт и дека не требало да си играат со нив бидејќи биле машки и требало да си имаат свое машко друштво. Врвот на целата приказна ми беше кога девојчето рече дека мајка и и рекла да се дружи само со девојчиња. И потоа се чудиме зошто ни е вакво општеството односно живееме во општество со премногу поделби за да можеме нормално да функционираме.
Сакам да кажам дека дојде ред да си проширам тефтерчето, на фрази кои ме иритираат, со уште еден ред. "Немаш мака видено, зато вака велиш. Кај можиш да знајш и да Дај Господ Никогаш да не осетиш." Фала на благословот, иако мислам дека ми мислиш лошо за да ме убедиш, и фала на проценката од рака како да имаш докторирано на мојот живот. Ме разубеди. Готово.
Ама сум се натепал синоќа лук, комшииве почнаа по парно цевките да лупаат... аман бе комши шо стори бе чоеккк Ми викаат гаргара со оцет јаболков направи. Абе каков оцет, ова си сака бензин, 100ка безоловен
Некои луѓе се толку себични и без чуства и осети за добросостојба на сите што е вистинска штета што имаат можност да се размножуваат. Абе ништо не заслужуваат,ништо..треба да скапуваат во мизеријата на својата себичност и нечуствителност. Ми се гади од тоа колку прост народ има значи.Фуи
Сакам да кажам дека благо слатко ми е кога дечко ми ме прашва дали можи да јади нешто со лук кога сме заедно, или да знај ако не да чека друг пат кога е без мене. Душа немам "не" да му речам иако лукот ми е еден од најгадните мириси, сега му е ќеф, не ќе му е после. Се за љубов. Нека јади он лук, јас кромид, така се љуби.
За културата на еден човек најмногу ми говори начинот на кој ја искажува почитта кон друг човек. Под почит не подразбирам кимање со глава за да покажеш дека ти е грижа за нечии проблеми, почит не се дадени а неисполнети ветувања, почитта не е „Абе брат, ти не знаеш јас колку те поштувам“ и после одење и зборување за истиот тој “брат“ дека бил ваков или онаков, почитта не е „Го поштувам затоа што е постар“. Почитта е сосем друго. Почит е „Благодарам“ и „Извини“, почит е насмевка на продавачот кој прв пат го гледаш и „Добар ден“ на чистачката во зградата, почит е давање на ветување и одржување на истото, почит е разбирањето за туѓите одлуки и избори, почит е верувањето дека некој кој има и помалку години од тебе понекогаш за нешто може да знае подобро од тебе, почит е кога знаеш мудро да молчиш кога некој ти раскажува негативни впечатоци за одредена личност (за тој “братот’). А најмногу од се, почитта е слушање и почитта е внимание. Се друго го класифицирам во добро научена драма
Дека стравот е болест и зараза. Влегува во душата на секој кој ќе го покрене.За веќе во истиот миг да ти го поремети мирот... И ќе броиш денови кога нема да те нападне,оти разликата во деновите е преголема.
Кога знам дека со мојата насмевка и топол поздрав за убав ден сум расположила некого, епа нема посреќен човек од мене. Ме исполнува кога ги засмејувам другите. Добро дело - сторено. И еднаква почит спрема сите Спојлер пс. Имајте пријатен ден
Човек знае дека е на вистинскиот пат и на вистинско место тогаш кога реалноста му е поубава од секој сон и од секоја фантазија.
СДК на децата не е во ред да им се наметнуваат политички и религиски ставови,ама во ред било да "пафкаш трева" пред нив,и во ред било пошто мама е веган и вегетаријанка,и децата да бегаат и дуваат од таквиот вид исхрана кој се коси со правилата на мама