Потажна реклама со тоа девојчето што чека да го посвојат дефинитивно нема. Се спрема малото да излезе од домот за сирачиња, така радосно си зема куферче, излегува надвор ама гледа дека никој нема во дворот. Па така тажна седи на скали и чека, а во меѓувреме деновите минуваат...Де дува, де врне, а тоа стуткано на скали седи со чадорче и тажно чека да дојде некој по неа и да ја посвои. За да биде уште потажно во позадина свири Галебе мој тажен... Како им текнува вака на емоции да ги фаќаат луѓето?
Сметајте ме за ограничена, заостаната, конзервативна, мутава ама си имам свои ставови и стојам зад нив. Акординг ту ми, сликици по купачи на фејс не може да стави емоционално интелегентна личност и крај. Не, не ме интересира дека напорно работела на тоа тело, дека се чувствува задоволно и самоуверено и шта год, дегутантно е. За мене, просто. Јас живеам за она време во кое што моралот, чесноста, неизложување на тацна на женското тело се вреднуваат. Во она време во кое се почитува врска, брак, во време во кое изнерверување не доаѓа предвиц, во време во кое не си јака пичка ако 100 души сакаат да те легнат и во време во кое не се бориш за машко внимание. Мени све то глупо.
Го делиме истиот став. И често кога ќе кажам дека не поддржувам вакво експонирање на мреживе, без разлика дали е машко или женско, одма ми викаат: абе нормална слика на плажа е; абе дај не ругај други жени ние треба да се поддржуваме.. Што има за поддршка тука.. ај да објавила како освоила некоја награда, па да и се восхитам и да ја пофалам и да ја поддржам. Во голем број случаеви, некои што постираат само разголени фотографии, во живо не знаат 2 реченици да сврзат, 2 реда муабет да направат. А знам такви и мажи и жени.. Стави слики од плажа, ама покриј се со пешкир, облечи фустанче. Тоа не значи дека се срамиш од телото, туку дека не се експонираш... Но ете секој со свој став и гледиште..
Сакам да кажам дека не знаев дека физичкиот изглед е поврзан со интелигенцијата. #СекојДенУчимеНештоНово
Од искуство научив дека во животов најдобро поминуваа оние кои беа себични и си гледаа само за себе како им одговара и си ги правеа работите како што е само за нив најдобро,а додека ние што гледавме на сите да им угодиме, да помогнеме си останавме како риба на песок,и изреката направи добро за да најдеш добро нема врска,имам премногу примери во мојата околина на луѓе што биле предобри и на крај останале зезнати и несреќни,е затоа сакам да се сменам и си го мразам глупавиот карактер.
И јас ве подржувам женски Ама не сите се како нас.. на светов посебно во мк има мн луѓе кои сакат да се докажуваат и фалат Не ни требат таквите воопшто али... шта је ту је
СДК глава ме боли со денови, времево кунг фу ми прави. Секој со своите проблеми, и на секој своите проблеми најголеми му изгледаат. И има некој што се бори за живот, и минутите поминуваат, деновите, неделите, месеците, кога те боли нешто и мислиш дека каде и да е ќе помине, секогаш поминува, ама ете времето поминува а болката стои и... не е фер по ѓаволите. И не можеш ништо да направиш освен да се надеваш дека нема да се откаже, освен да се восхитуваш на силата да го помине секој ден, освен... ако треба времето да помине, да помине побрзо и да дојде тоа подоброто побрзо. Луѓето се чудни. И јас сигурно сум за некого чудна. Што да се прави во времето измеѓу додека се чека да дојде тоа подоброто?
Што да кажеш на човек кој смета дека лошово време кај нас и поплавите во Грција се повржани,т.е од Божјата рака биле дадени за да се опаметиме, грев се правело и од двете страни и господ не казнува. Што да му кажеш освен, Да во право си, така е .
...Прав маж е оној кој успева да те направи среќна, со смеење да го разбуди девојчето во тебе, а со оргазам, комшиите...
Ако е океј на плажа на купаќи да те гледаат непознати луѓе зошто би било ,,емоционално неинтелигентно'' да те видат на фејзбук или на инстаграм луѓе што си им дозволила да те следат? Повеќето што ставаат слики на купаќи ставаат оти биле на плажа и го споделуваат тој момент, ништо вулгарно. Не се во црква или џамија за да биде недолично. Не сфаќам како тело во купаќи на фејзбук по дефолт е неморално, сум се изнагледала еден куп такви слики и сите биле океј, женско ако сака да биде провокативно и вулгарно може и облечено да биде и да привлече внимание.
Во право си али ипак ги има и таквите февојчиња шти сакаат премногу атеншн така да... има некои нормални слики не викам не ама има и такви за кои не би требало ни да праиме муабет
СТРЕС...... Да ви кажам нешто за стресот...... Возиш со колата, качуваш згодна автостоперка, прајте муабет, и наеднаш типката паѓа во несвест, ја носиш во болница.......е тоа е СТРЕС...... Влегуваш во болницата, девојката ја прегледуваат, и ви кажуваат дека е бремена, и ви честитаат, ти како во небрано, и таа тврди дека ти си таткото.........СТРЕС...... Ти целиот збунет, викаш дека ја знаеш само саат време, и бараш да се направи ДНК за татковство, го правиш, те вика докторот настрана и ти вика немај гајле не си ти таткото, оти не си плоден.......тоа е СТРЕС, ама со олеснување..... Е сеа, после тоа возиш накај дома, и ти текнува дека дома имаш две деца.........Е ТОА Е СТВАРНО СТРЕС !!!
Кога ќе слушнам или прочитам дека само добрите немаат среќа во животот, дека никој не ги сака, дека сите луѓе се злобни и лоши и дека гледаат само лошо да направат на невини душички, дека од добрина си патат, зошто само на нив лошо им се случува. Не, не е до другите, до вас е. Променете се вие самите, сменете го размислувањето па со тоа ќе се сменат и луѓето кои се околу вас. Друга работа е што сега дознав дека емоционално интелегентна личност не смее да стави слика на плажа во купачи. Дека тие што ставаат се без морал и вистински вредности. Од некои мислења и сфаќања останувам без зборови.
Толку е едноставно да се биде добра личност. Се што треба да направиш е да се ставиш на местото на другата личност пред да почнеш да му судиш.
Да не знаеш како е оригиналното име на играва или што и да беше? Имам бледи сеќавања како ја гледав на телевизија и сакам да прочитам на интернет повеќе во врска со емисијата за да се потсетам ама ништо не можам да најдам. Како да постои само во сеќавањата, освен блузите со Изи не можам да најдам физички докази дека постоела .