Сдк многу грдо делува кога некоја невеста е намуртена на слики или со безизазен израз на лицето. Се плашам дека тоа многу кажува за бракот. И не, не е карактер ако не се смееш или се смееш вештачки. Башка што и тој ден сме тип топ облечени и нашминкани-кога пак би носеле венчаница? Јас само да дојде тој ден насмевката нема да ја симнам од лицето.. само кога ја облеков венчаницата ме облеа таква среќа што ликот не можев да со го препознаам во огледалото. Па љубов се слави, како да не се смеам ако сум го принашла вистинскиот
Си се возам денес во автобус натоварeна со кеси,бев на шопинг и на пазар,си земав зеленчук и малку облека,ме фати бура од дожд и ај успат и чадор си купив барем и да се вратам кај муабетотот со автобусот. Да,си се возам фино лепо,кога влегов преполно беше,па полека почна да се празни и си седнав цела ќефови оти ми се смачи да стојам де,и нормално зјапав во телефонот И не знам како можеше да не забележам дека цел автобус се испразнил,буквално цел,сум останала сама со шоферот,и ми вика:до тука одам,сега неколку саати пауза правам,нема шофери на одмор се,бла бла,и фино ме слезе и си фатив такси до дома,до другиот крај на градот,и ми текна на мојата омилена поговорка"Ако немаш во главата,ќе имаш во петиците". И уште се чудам еве,како можеше да не забележам дека цел автобус се испразнил бога ми со овој мој денешен ум,и до Грција да возеше шоферот немаше да сетам
Она кога во нервоза и гужва на некој што те замара во моментот ќе му пишеш порака со големи букви и извичници (буквално се истураш во пораката), па после кога ќе си дојдеш при себе сфаќаш што си направила и со страв ѕиркаш кога бил последно онлајн, дали ја видел пораката, па малку ти олеснува дека уште не видел и потајно се надеваш дека човекот ќе ја заборави лозинката и никогаш нема да прочита.
По не знам кој пат е муабетов, ама не знам дали оние кои треба да се свесни, се свесни каков отров за општеството, какво влијание на многу и така затупавени умови со застарени вредности - се турскиве серии. Рандом сцена на сред вечерна програма - баби со шамии маваат со камења и влечат за коса некоја жена, нарекувајќи ја неморална и распуштеница. Дно дна. Да би станала некој фактор, експресно би ги забранила со закон!
Стварно не ги разбирам некои девојки во темата "Дали сум бремена?" кои испаничени прашуваат дали се бремени, ама истовремено кажуваат дека свесно имале незаштитен однос. Зошто свесно ризикувате не ми е јасно. После секој секс така се паничите и прашувате по форуми?
Ту, да му се сневиди..таман сакав мотор да си купам а оној пијандурата Шилегов, што на седница јавно си кажува дека не бил пијандура, туку само повремено пиел..е ете тој, сега ќе направел да се плаќа паркинг и за мотори
@baba Rada I toa e motorno vozilo, zosto da ima sloboden parking? Nemoj sega sitnici da te otkazuvaat od namerata . Gledaj kako dobro izgleda ama posigurno ti e so kaciga.
Тема: Да поднесем бол - Аца Лукас Идеја: Ебати животот Време: 4:07ам Мотив: Да се преживее вечерта Заклучок: Далеку стасав Спојлер не слушам Аца Лукас во слободно (т.е. нормално време).... Се оправдав????
Времето не чини и се тешиш дека и интернетот не чини заради тоа. Сега времето се среди, ама нетов мој никогаш. Добро, дали некој од тие од Т-Home центарот мисли дека сум пофина кога си ги немам изгледно епизодите од серијата што ја следам? Оуу, џст веит енд ју'л си хау најс ај куд би Утрински петочки маки. Добро утро Оу итс а бјутифул деј
СДК дека операцијата успешно помина, мојов е одлично и денес го пуштаат дома Нема посреќна од мене денес, конечно без препотувања дали ќе ме пуштат или не, ќе бидам покрај него макар и да спијам на земја... Гајле ми е. Среќна сум што ме стисна вчера за дланката, иако беше пост-оперативно после неколку часа. Среќна сум што иако е изнемоштен е стрвен и сака да јаде, па како комита си го чува јадењето кое мораше да ми го даде иначе ќе се расипе. Односите со мојаата идна свеки никогаш не биле подобри дури и индиректно ме нарече снаа.... Ох љубави, во добро и зло... Јас ќе бидам засекогаш тука! Пиленце мое
Со оглед на тоа што е крај на месец, можно е и многу веројатно да ти е потрошен интернетот кој ти следи па затоа да ти е така. just sayin'