Велат.. Што и да е ќе помине. Ех, нека ни е жив Владенце ама јас не знам колку можам да се согласам со ова. Времето лечело се, јас пак го гледам само како ми минува пред очи а јас стојам во средина, заглавена во некои минати времиња.. Свесна сум дека треба да станам за неколку часа, а јас уште не можам да заспијам. Ми се вртат куп мисли низ главава, времево што денес сите не вознемири, испрашувањето утре, да си заминам во "мојот крај" да се одморам.. Но, има нешто над сето тоа, една болка толку искрена, љубовна и чиниш толку долга и тешка што никогаш нема да ја заборавиш. Еве, три месеци поминаа а си мислиш ко вчера да било, не ти дава мира а најлошото е што не ти дава ни солзи да се исплачеш. Само боли, и ти навираат моменти, спомени убави ама ти тежат на душа оти минале и нема нешто што би можело да направи да ти олесни.. Од ден на ден, се губам се повеќе и повеќе и се прашувам каков бил животот пред тоа, дали и нешто друго вака ме болело и минало, а јас да не се сеќавам.. Можеби е ова детски бол, но е искрен, поискрен од се друго на светов. И верувајте, се би дала еден ден да се разбудам без тежина во градиве, со заборав, среќа и ведрина, да се чувствувам препородено, ко камен да ми паднал од срце и душа. А јас, што правам.. Скролам по глупави модни блогови, инстаграми, фејсбуци.. Демек барам некаква инспирација а се тоа лажно ме исполнува и задоволува, само во моментот. Излегувањата, фолирањата со друштво ти го заматуваат умот на кратко, и после пак легнуваш со тажни очи, стануваш со истите модри, од неспиење.. Од љубов скршена. И се прашуваш, каде ти е крајот, кога ли ќе заврши ова душевно невреме, пострашно од сите други природни? Ти се чини, никогаш... И да се надополнам, ме сецка секоја песна на Лана што ја слушав тогаш, сите мои напишани стихови за него, се за него.. Ме болат сопствените зборови и фактот што на моменти не можам да си ја признаам депресијата и агонијата себе си, а што станува пак со другите..
It's been a long time..so nice to meet you again Femina.. Затоа што е скоро три и немам кому да се истурам ако не тебе. Е до таму стигнав, да немам на кој да се испразнам.. Е..толку. фала, пријатно..поздрав, литературен пост.
Еве ме и мене повторно после мала пауза од 2 недели...Убав период , свадбички матурички дружење и тако даље... Падна првиот разговор за работа сега очекувам резултати , за некој ден ке дознаам дали ме примиле или не но со оглед на тоа дека моето досие беше најдобро , мислам мојата апликација и се друго , конкуренцијата ми беше послаба и затоа очекувам добри резултати. Од тука очекувам да почне мојот нов почеток , почеток на самостална девојка... Ако успеам во ова се надевам на многу повеке постојано ке се докажувам за да успеам , сакам да бидам гордост за моите и за дечкоми и еден ден се надевам добар пример за моите деца. ИНаку ова времето малце ме отепува со овие жештини нно затоа по 12 часа бев во дворот со цревото во раце, голем мераклија сум на цвеќиња, дрвца,градина и се што е зеленно. Либето ми тргнува во туѓина е тоа единствено ме растажува нно така мора да биде.... Имајте убав ден
Веќе неколку дена се терам себеси да ви раскажам за една љубов, една љубов која се роди пред 11 години, јао мајко мила кога остарев Всушност ја знаете приказната, неколку пати ви имам кажувано, ама деновиве се потсетив. Имав неколку пати потреба да отидам до град и се прошетав како некогаш под нерасцветаните липи на Партизанска, па до Дебар Маало, уф какво уживање. Ги сакам бре овие улици убавици, ако се искршени и точакот почна да ми се распаѓа од сите тие трескања по дупки, јас ги сакам. Секогаш избирам нова уличка од која ќе влезам, од кај Драмски, од Симпо, од Орце Николов, од Илинденска, од Парк... Зошто ли си ја растажувам душичката... Не можеш да имаш се, јасно е нели, тогаш ми недостигаа многу работи ама си ги имав улиците, иако низ нив талкав гладна и често пати тажна, денес имам доста од тоа ама не можам да талкам низ нив, немам време... Маж ми ме прашува ќе ти биде ли некогаш тебе се погодено да речеш ете сега не ми фали ништо, а да ве прашам јас, има ли некој на планетава да му е се полно-рамно, какви глупости ме прашува маж ми не ми се верува... Ете така, си ја кажав и маката и убавината, отидов сеа на пазар по јагоди и цреши, по ѓумбир и цимет, по овес за питата на MandyLane http://www.youtube.com/watch?v=8oWuKScoNio
Особата која ми пратила порака не прима пораки назад, па само да и кажам дека со пораката, а посебно оваа реченица ме насмеа во ова тмурно дождливо утро. Spoiler Друг пат кон попаметни од себе ќе се однесуваш со почит дури и ако те тролаат.
СДК дека братот или сестрата е најубавиот дар кој Господ можел да ви го даде, тие се доказ дека секогаш во животот ќе имате некој крај себе.Мојот брат доби виза за Америка пред некој ден и прво бев среќна, а сега сум и по малку тажна и исплашена.Прво не беше реално, а сега е веќе официјално и еве ќе го испратиме за некој ден.А јас...знам дека ќе си помине најубаво лето, дека ќе биде среќен и задоволен и мене ми е мило, ама тој ми е помало братче и јас искрено се плашам зошто ќе биде далеку и нема да му бидам во близина ако му требам, а сигурно ќе му требам после некој шити деј, не можам да го заштитам, а јас животот би си го дала за него.И искрено се плашам да не му се случи нешто и ако не сакам да мислам негативно, ќе умрам ако некогаш во животот му се случи нешто. И не знам да ви кажам колку пати во животот ме изнервирал и расплачал, колку пати ми ги кинел живците со неговото инаетење и непослушност, колку пати сум рекла не ти зборам веќе, ништо веќе нема да завршам место тебе, не заслужуваш и ред други закани, ама тоа ми е во крвта, да му помагам и заштитам зошто сум поголема сестра. После моментот со поголема сестра секогаш се присетувам на една изрека “After a girl is grown, her little brothers — now her protectors — seem like big brothers.“ и си велам фала ти Боже. Фала ти што е повисок и посилен од мене Фала ти што ми даде некој со кој по милион пати го гледав Хари Потер, поради кој останував будна некои ноќи да го чувам, поради кој научив да готвам уште мала за да не биде гладен, поради кој станав снаодлива за го правам она кое тој никогаш не се ни труди да го заврши, што ми даде некој кој ме вика дадо сеуште и кој за се ми се обраќа за совет, некој кој ме гледа како пример и потпора, некој од кој примам безусловна љубов. И така сите оние кои ги имате чувајте ги до срцето, оние кои немате никогаш не оставајте го вашето дете без овој благослов во иднина.
Денеска отидовме да провериме гаражите , да се види што штета се десило , и има што да се види , едната страна што е на пониско ниво поплавена цела треба пожарна да викаат да прочисти , нашата гаража е на погорниот дел ама и таму све поплавено , комшиите вадат мебел и све остало поплавено и мокро , си викам ни мојата гаража не е поштедена , а има еден куп мебел што чуваме од другари привремено и еден куп книги и списанија , отвараш гаражата , суво како барут . Сум се изненадил пријатно а и не ми се веруваше дека од 50 гаражи само 3-4 преживеа и мојата беше една од нив . Среќа ме прати и само ќе кажам фала многу на тој што ме чува , па после отидовме барем да почистиме и помогнеме кај комшиите , нешто да биде човек од нас. И сега на факултет уште да ми даде потпис професорот и ќе биде одличен ден . И фотка на денот , само не ми е јасно како успеале да се заглават таму , највероватно мислеле еј мала баричка ако поминам побрзо ќе успеам и влегла вода во моторот и останале на место .....
Кога и кажувам на ќерка ми дека во основно сме имале домакинство како предмет,паѓа во несвест од смеење.И кога и објасувам дека наставничката не тераше да плетеме и веземе,да се научиме да готвиме барем едноставни јадења,од нејзина гледна точка е баш смешно.Или пак предмет општонародна одбрана.Кога мораш да се наредиш со комплетна воена опрема,она кога те тераат да одиш на стрелање,па кога пушката ќе те акне во рамото и си носиш модрица добри 2 недели.Ако имаш добро око можеш да добиеш слободен час,т.е. да си го изгубиш времето во блиската слаткарница.Или пак вчерашниот ден ,ден на младоста.Бре, какво беше тоа свечено чувство.Каранфили и црвени марами,читање реферати низ училишниот разглас,а навечер вкотвување пред телевизорот на не се испушти свечениот слет...Белег на едно време кое поминало.. Морам да прокоментирам и за изминатите матури.Мислам зошто кај нас и се оддава толкаво значење на матурата ,како да не знам каква голема школа да завршиле.Па тоа кафани и кафанчиња,или домашна атмосфера со преполни маси.Посебна приказна се подароците,приметувам дека во последно време најмодерно е да се дадат...пари.Дали тоа нас не мрзи да ја тупиме главата и да размислуваме што сака славеникот или едноставно стануваме ладни,фрламе таму некоја сума на пари која се движи од 500 денари до 100 евричи.Се разбира тоа зависи од видот на роднинската или пријателската поврзаност.На некои матури што присуствував фалеше уште невеста или младоженец за да играњето во коло и мешање пред свирачите заличи на мини свадба.Имам впечаток како некои се уште да живеат во периодот на 1946-..... год. Што дробам можеби утре и моиве ќе ме натераат да завртам шамивче?? И за крај,болна сум како одамна не сум била.Просто се гледам како пловам во вечните ловишта.Не можам да гукнам од проклетиов ларингитис.Јас се нервирам и шепотам а децава живи среќни што не можам да викам по нив.
Здраво фемино По подолго време доаѓам да се жалам пак Сабајле во ужасно угушливите автобуси малце фалеше да се онесвестам . Среќа другарка ми беше до мене. Ми се темнеше , ништо не глеав пред себе. Како стигнав до школо појма неам. Течеше пот од мене. Многу нормално се качив кај класната да и кажам дека неможам на нозе да стојам и дека треба да си одам. Мајка ми беше на пат накај школо- нешто што не ми ни дозволи да и го кажам. Добив едно сурово добро и поглед ко да сум и ја убила цела фамилија и гитла ја снема а ја останав со отворена уста. Тоа е таа професионалност бе , него како ! На професоркава со која што имав прв час и објаснив што како и госпоѓата се двоумеше дали да ме пушти... можда ќе сум и требала , којзнае... Луѓе бледа бев ко крпа !!!!! Она незнаела дали ќе сум и требала Срамота, страшно, за греота !! Ај ако не јас ќе паднам во училна па ти одлучи дали ти требам или не. Шо има везе ???? Не ми е јасно зошто професориве пред вработување не полагаат некој психолошки тест?????? Ужасно многу им треба ! Кој од кој се поискомплексирани и удрени во тоа мозокот. Ах наш образовен систему
Taман што се вратив од школо,наеднаш истури .Па 10тина минути престана,па сега турва или турва.. А пред тоа со другарките 2 школски часа седевме пред школо,е порано ни завршија часовите де.. .И сонцето грееше ли,грееше .Вратот ми го изгоре и сега шо турва,ли турва.. Spoiler Некој да не си речи нешто друго турва= кога многу слино врни
Едно дете колку што може да ти ги стопли душата и срцето никој неможе Денеска денот ми е целосно исполнет се до овој момент ќе видиме за покасно што како.Ја чував малата Анастасијка по златно дете не сум видела права бабика е (шо вика она).Мајка и имала нешто работа од сабалје па ја донесе кај нас сестричките и се на училиште нема кој да ја чува а срцката има 2години само Јас сум и кума ви ја имам споменато знам.Ме разбуди уште во 8 саат, леле кога ја видов абе за секунда се расонив. Игравме со коцки со кукли,па косата и ја средував Излеговме да прошетаме трчаше во паркот,колку зборува секој ден по некој збор,значи си правиме муабет и тоа сериозен Дојдовме дома цртани гледавме па и давав да јаде па пеевме песни ,абе што ти уште не... И малата се измори сама си кажа дека сака да спие ,до пред пола саат Ајде млекце во шишенце си го испи и заспа за секунда срце убаво. Додека заспие навика и е да држи некого за рака ,јас денеска ја имав таа чест легната до неа ме држи за рака и ме милува Нема поубаво чуство од тоа да гледаш толку мало и слатко девојченце како мирно и безгрижно си нанка ахх сакаам и јас бе ама не да спијам сакам бебе
Spoiler Жал ми е што мислењево сте ми го сфатиле како навреда и сте го избришале, беше чиста шега, сепак беше мое мислење, сметам дека не требаше да биде избришано. Ама во ред е.
Шега беше се разбира, но поплавите направија штета и малку е чуствителна темата за да се шегува за тоа.
Е, сум ви кажала колку го обожавам улавиот дух на мајка ми? Си садела цвеќиња жената и си ги скинала тренерките на колено, па сега наводно ме имитира мене. Облекла и рамбовка и кошула, па дури и од нараквиците ми земала. Еве ја и вежба со мене. Чинам повеќе стомачни набилдав од смеење отколку од самите вежби. Крева раце, крева нозе, се тркала...битно да ја има. А, посебно се закон кога ќе се спојат со тетин ми за ручек, пола храна во душник ми оди. На денешно мени - како ко мали правеле свирчиња од перца на лук/кромид. За две минути, трпезата се наполни пропали свирчиња, а тие снемаа душа дувајќи и коментирајќи како зеленчукот не е ко што бил во нивно време. Ене ја предмалце ми влезе во соба да докаже дека навистина потсвирнувале, ама мене толку ми свиркал паметот. Абеее, 101на година да поживее со овој памет.
Луѓето се спремни , секогаш да измислуваат и да се оправдуваат со изговори и секогаш други луѓе им се криви, а никогаш не ја бараат вината во себе си.
И пак испадна по мое И пак онака како што сум замислила И онака како што сум испланирала И нема никого да слушам,Луѓеее гледајте си ја својата работа и не се мешајте во туѓи работи !!!
Пред малку, ми тека на нешто што сум правела со сестра ми како помала,и паднав од смеа(иако сум сама дома) . Лето беше и мајка ми и татко ми ,ни купија КокаКола,ние бевме премногу среќни,не пиевме КокаКола секој ден.Дома имаме чаши за виски,дома сами бевме инаку.И ги зедовме чашите и КокаКолата.Во чашите ставивме КокаКола онака како што стават по кафичите ,ама виски како што сатваат,е од филмовите што гледавме .И се замислувавме дека сме возрасни и за цигарчиња си најдовме начин. Играчките лажици од кујната за играње. Едни малечки и тенки .И тие демек цигари ни беа..Демек закон бевме,а најјако е што се замислувавме дека и англиски збораме.Ама зборавме -„Ичку ла да фу“ -„Енга,да да ме ну фа гала качка“.Ние англиски не зневем што е,ни збор не знаевме! Дури и за водка имавеме најдено начин.Обична вода,за нас тоа беше водка.Иако знаевем што е водката.ж,дека е ракија. Ама додека бевме кај баба ни беше најзакон!Коктелите за нас беа:обична вода од чешмата од дворот,во чаша од сладолед од ванила,во неа лисја од тредафили и лист од круша.Најубав коктел имавме. Ех ,будалаштини .Најубави се моментите од детството,најлуди се и најнезаборавни .