Едно нешто веќе подолго време се трудам да разберам. Гледам и на форумов тоа се случува, во сѐ поголема мера. Ќе се искаже некој дека е хомосексуалец, дека е веган или вегетаријанец, дека е прилично религиозен или дека е атеист или пак верува во нешто сосема поинакво. Па тука почнуваат наметнувања на ставови, напаѓања, па дури и навреди. Тотален странец на форум толку ли ви е важен фактор во животот? Што е најинтересно, токму тие луѓе се жалат како никој не ги прифаќа такви какви што се, нема правда и толеранција во светов, биле осудувани само затоа што се различни итн. Ако се познавате себеси доволно и си имате цврст став и перцепција за вас како личност со одредени ставови и особини, како тоа нечие мислење кое не влијае врз вашиот живот и не ве повредува на никаков начин, предизвикува толку многу омраза кај вас?
Нема разлика помеѓу песимист кој ти вели „не прави ништо, безнадежно е, секако нема да излезе добро“ и оптимист кој ти вели „абе шо се секираш, не прави ништо, секако ќе излезе добро на крајот" . Во двата случаи не се прави ништо.
Ми рекоа дека ми е неограничен нетот, ама изгледа дека е ограничено неограничен П.С. Мислам дека за врвно достигнување од членувањето на форумов ќе го сметам моментот кога ќе се научам да те означувам тебе Не убиваш во поим со срцињата, сите што сакаме да те означиме
@Rebecca_R Да ми ја кажеш тајната за означувањето или за нетот како да проработи? Ако е за нетот, дај кажувај затоа што излегов веќе на улица со лап топ за да ми фати од било каде нет Очајни мерки Иии конечно тајната за означување е откриена
Nemoj na najdobrata drugarka da i prakjash fotka kade si gi slikala gradite goli. Taa tvoja najdobra drugarka taa fotka ce mu ja kazhe i dade na bratuchedot nejzin
Секој нешто кажува. Секој за нешто се жале, па дури и јас. Секој гледа во друг, како се облекува, како се однесува, како живее, гледа како да наштете. Што се случува со луѓето, гледајте си ја својата работа а не во другите. Животот е непредвидлив. Одсекогаш се прашувам зошто сме создадени и која е нашата цел во животот. Некои имаат малку некои повеќе, некои се богати некои се сиромашни, некои живеат до дека другите ги оговораат. Што е животот? Една голема лага. Лага во која се рагаме, растеме созреваме, создаваме семејство, и умираме. Љубов. Кој ја знае, кој ја има знае како да сака, знеа како да ја чува. За мене лично тоа не постои, се прашував што ќе биде со мене кога ќе пораснам, и што биде од толку проблеми станав депресивна и анксиозна. Помислував на најлошото. Човек се бори со своите демони, тој самиот ако не сака да си помогне друг нема ни да може. Не мислев дека баш вака ќе биде, точно посакував убава средена ќука, но што ќе ти е сето тоа кога еве јас не знам како да се радувам, не знам како да бидам среќна, и морам да пијам апчиња. За некои луѓе некои работи се нормални, болеста е нормална а зошто за да ме утеше, не, не ми кажувај кој што има и како се справил со тоа. Кажи ми како јас да се справам со своите сеќавања, како да се справам со тоа што ми се случи, не ми кажувај дека се ќе помине, не ми кажувај дека и јас ќе имам деца, не ми кажувај дека и јас ќе имам маж, ништо не ми кажувај. Не можам ништо да имам. Среќна сум поради другите, или пак сакам да сум среќна заради нив. Но не ми кажувај дека и моето ќе си дојде. Нема да дојде, јас истиот живот што го живеев до сега нема да дозволам пак да ми се повторе. Себична сум но таа сум, другите нека уживат во нивниот живот а јас научив на најтешкиот начин како се живее и како се трпи. Секој има свој избор на живот, а некои си го избраа а јас терам како сакам. Не сум научена како да сакам и нема да сакам. Не сум научена како да покажам љубов и нема да ја покажувам. Многу сум разочарана но животот продолжува. Живеј како сакаш и не жали за ништо.
Се иде и си оди, само најблиските мои ми е битно да се здрави и среќни... Можеби е многу? Барам многу? Некои ќе ми речат “само здрави, живи” но јас им велам “и СРЕЌНИ” зошто луѓето на Титаник имале здравје, но немале среќа!