Жално за луѓето кои не веруваат во љубов. Жално е што мислат дека љубовта е илузија, фантазија, дека вистинска љубов постои само во филмовите и во книгите. Жално за оние што бегаат од љубовта. Жално е и за оние што никогаш не ја почувствувале. Жално е за оние што не можат да ја ценат, и за оние што не можат да ја пружат. Не испуштате многу, испуштате сѐ.
Темнина...каде си...те барам...те нема..неможам..болки во градите...зошто...тешко ми е..ми тежи нешто внатре...сакам да ти кажам..но неможам..те барам...во темнината..ти си мојата светлина која треба да се појави во таа темнина..но те нема...зошто...каде отиде..што се случи...дојди..те молам проклето...тешко ми е...страв ми е..не ја сакам темнината..извади ме одовде..подај ми рака..светлино..ти моето сонце...те нема..а јас пусто лутам низ темнината...со страв во себе..со болка во градите...дај ми знак...го барам...го нема...лутам...лутам сам низ темнина...
Сакам да кажам дека пред спиење компулсивно правам "ритуали" инаку не можам да заспијам. Дали сум бајачка?
Жално е за оние што мислат дека вистинска љубов постои само меѓу бели православни вмровци Македонци од различен пол. И без секс пред брак. Љубов...
Како шо тргнаа,сите брачеди ми се испомажија/женија,ме фаќа инает и јас ќе се мажам са. #toughlife #youdon'tchoosethetoughlife #toughlifechooseyou П.С. Ом са по улица да го фатам првото пакетче
Си наоѓам стари книги во домашната библиотека, со задоволство ги разгледувам и уживам во нивниот мирис помешан со мирисот од кујната на стар специјалитет на мајка ми. И по саат време се уклучувам на социјални мрежи и гледам некој хејтфул коментар против младите, во кој повторно како и многу други, дотичниот меѓу другото ги искористил и „семејните вредности“. Многу ме иритира и ми е жал кога гледам како конзервативни луѓе сквернават и си присвојуваат основни универзални вредности, поистоветувајќи ги со границите на нивните гледишта. Освен што си ја присвоија воопшто секаква љубов и почит кон државата (којашто сепак е општествена и „вештачка“ ствар), зарем навистина мислат дека и семејството како основна клетка и чувствата во рамките на истото е ексклузивно нивно право и доблест? Не. Семејни вредности и наследство, драги мои, се старите алишта кои ќе ги најдеш во плакарот на мајка ти, ќе се израдуваш дека и сега ти се вклопуваат во стилот и со радост и љубов ќе ги носиш. Вкусните рецепти кои во винтиџ тефтерче се пренесуваат од генерација на генерација. Домашната библиотека со разни класици и бесмртни дела, од кои ги развиваш и прошируваш видиците. Пренесените знаења, талент и искуство... и пред сè - поддршката и љубовта. Семејни вредности немаат врска ниту со религиозност, ниту со патријархалност и стриктни родови улоги, а најмалку со нетолерантност и омраза кон различности. И не ни е виновно ни минатото, ниту исклучиво постарите - туку индивидуалната игнорантност и бесчувствителност.
Досадно ми ееееееее! Не ми се чисти, не ми се готви, не ми се мрда газот од кревет, не ми се прави ништооооооооооооо... Болна сум изгледа у мозок
@Mari-Ja ke te tagnam tuka da ne si napravime problem vo drugata tema Ne znam dali e bremena ama vidov deka posleden post i e na 07.07.2017
1ви јули, недела. Фузија од вишни и растопено чоколадо се шири во собава, мајка ми пече торта. Во позадина уживам во спомените од миризлива лимонова лава која се разлева низ моите сетила, секој ден одново, окупирајќи го моето битие. Длабоко вдишувам море и вулкански песок. Купишта книги тивко шепотат меѓу себе, во собава е волшебно. Го зачинувам спектарот со Pearl Jam и одам да бришам прашина!!!
Поради вакви "пациенти" здравството ни е заебано! А оние вистинските пациенти ќе се најдат два метра под земја ни криви ни должни.
Чудно е. Некои карти ги добиваш, некои ги бирате. Енџој д рајд, или што би се рекло, кукаш или не, животот ти течи. На 80 години хаха не мислам помалку да живеам, не сакам да жалам за ништо.
Не вреди замарање, за луѓе што не вредат. За ситни души кои немаат ништо убаво да кажат. На момент, ме нервираат, внесуваат сивило во мојот обоен свет, но веднаш потоа всушност ми доаѓа жал за нив. Јас не губам апсолутно ништо, мене никако не ми влијае таа негатива. Тоа не кажува ништо за мене, тоа кажува сѐ за нив. Моето срце е чисто и полно со љубов, без разлика што некои неисполнети тоа сакаат да го поматат.