Ако дете имало проблем со зборување требало 3 пати да го чукнеш со лажица по глава, и да му дадеш да се напие вода во звоно од крава. ХАХАХАХАХАХАХ ХА ХАХА ХА. Овие домаќинскиве групи ми го разубавуваат денот.
Знаеш дека се е заминато у ку%ац и дека нема ни трошка осет останато помеѓу луѓето кога не толку блиска ни битна личност во лице ти вика: -Зошто не си родиш детенце вака дур си помлада? Намрено се пазите или не ви е толку гајле? Абе и маж ми не сакаше, ама без да сети јас две си направив...Фрлај тоа кондомите и роди си дете и така заедно ќе живеете исто како да сте во брак. Крај. Без коментар. Поточно имам коментар, ама премногу содржи пцовки и навреди кон абдалот, а и нема соодветен емотикон со кој би ја искажала лутината, па ќе си го зачувам за себе.
Никако неможам да сфатам дека у Центар бар седат надвор и пијат утринско кафенце на трета лента кај шо бучат багери,кај шо возат автобуси и ред други работи.Добро изгледа, летна шема и кафенце со вкус на ауспух.
Денеска на баба и е 81 роденден. Да ми е жива и здрава до 101 и назад. И купив цвеќе, најобично цвеќе кое што вреди помалку и од едно кафе у кафич, се израдува кога ме виде, па уште и со цвеќе, мислиш сум и дала нешто што вреди милиони. Ми вика "од сите 7 внуци само ти и брат ти ви текна да дојдете кај мене, да ми честитате роденден и да ме видите, значи во воспитување само кај мајка ви не сум утнала". Еден мал гест, мало внимание, а толку значи. Вниманието и љубовта немаат цена. Понекогаш навистина немам време ниту јас да се јавам или да ја посетам ама сега кога ја видов вака израдувана си ветив ќе доаѓам да ги видам со дедо што почесто. Ми го разубави денот што ја видов толку среќна.
Сакам да кажам, дека многу ми е забавен форумов Ми се допаѓа ова шаренило од различни карактери, различни ставови и размислувања. Мило ми е дури и за тоа што постојат такви со кои не се согласувам. На моменти, дури и помили ми се таквите, затоа што, поради спротиставените ставови има потреба од дебата. Сите за се' да се согласувавме, ќе беше досаден форумот... Не, немаше воопшто да има потреба од форум
Мислев да здивнам на интернет, и на крај се испокарав со еден рамноземец што тврдеше дека мигрантите ќе ја пореметеле стабилноста на плочата Отидов да прилегнам, доста интернет за денес
Тоа е само бегање од реалноста. Така треба и на фемина да не идам, пошто види ја темана за бајачи гатачи
Да се надоврзам. Мене ова ми е и крајно небезбедно. Што ако не дај Боже се случи некоја сообраќајка и кола се залета накај масите и луѓето? Не знам ни дали имаат воопшто дозвола за такво нешто.
Денес колешката ме праша дали сум single. И кажав дека сум. Ми рече дека не можела да сфати како сум можела да живеам така, без некој покрај мене. А јас не можам да сфатам како таа може да оди од врска во врска, без да знае како е да си single. Се жали дека била еден месец сама и се збудалила. Зарем не знаат луѓево да уживаат малце во слобода, да се осамостојат, да не зависат од друг? Ете, не сфаќам...
Честопати некој знае на форумов да вреѓа Христијанска вера,да ја нарекува Библијата литература,факинг итн.. Многу пати имам стиснато заби и се имам воздржано од вулгарни коментари спрема тие членови. Незнам што се: Муслимани,Атеисти,Будисти нивно право што се не ме занима. Но немаат никакво право секогаш во секоја прилика да се исмеваат на сметка на Библијата. Треба да си малоумен да користиш вулгарни,хумористични зборови врз нешто што за некого е свето. Имам секакви пријатели и до ден денес никој ми нема навредено вера или мојата света книга "Библијата" Зошто? Затоа што секој верник или неверник вика: Муслиман вика:За мене Куранот е света книга,нооо Библијата ја почитувам исто и твојата вера. Атеист:За мене пишано на книга ништо не значи,ноо ја почитувам твојата книга била вистинита или не. Со еден збор:Секој си носи одлука за себе во што верува и во што ќе верува во иднина. Никој нема право да кажува што е правилно а што не,и што е што. Никој нема право да убедува дека Библијата е погрешна,лектира,стихотворба итн.. Никој нема право Куранот да го навредува да користи погрдни зборови за истиот. За навреда,за пцовки се банира,епа ако налетам уште еднаш по темиве што во скоро секој пост има навреда кон: Библија,Исус,Христјанин има се на такво да ви отерам а @RainBow слободно нека ме банира. Не ме цитирај
Пред да одам на работа, станувам стандард и не ми се оди ич. Но кога ќе дојдам на работа си велам "Боже колку е убаво".