Мислам, јас навистина се обидувам да бидам толерантна во однос на правописните грешки, еве дури и незнам се навикнав да го среќавам на секој чекор и да не реагирам во себе како spelling nazi... Aма луѓе, сериозни ли сте со девојќи, слиќи, ѓи и слични новоизмислени зборови? Сериозно боде очи, just sayin'...
Аман бе време, нели гледаш дека никој не те сака вака намуртено и облачно? Ајде тргни си ги темните облаци и донеси ни го сонцето да се радуваме на раат.
СДК ама сум турбо овие денови, не сум седнала на раат. Ама ако за арно е, убаво е кога максимално се користат и денот и ноќта. Па еднаш се живее, не вреди да се дреме така безвеза.
Не знам на кого му е гајле за венчавката на Ким и Кање па македонскиве портали се преплавени. Изгледа викендов беше викенд на кич свадби со се онаа на Амди Јуниор. Не постојат папараци и не постои интерес за истиве, постои само добар ПР и маркетинг и пари за кои се платени да прават фама нагласувајќи ја битноста на настанов. Со целото внимание ќе заработат дупло повеќе од тоа што потрошиле за свадбата и ќе си го живеат животот додека простите ќе паѓаат во несвест колку се посебни. Некој инвестира во бизнис, некој инвестира во циркузи во кои толкува главна улога и добива медиумско внимание за кое пак платил прво, па му платиле за да го имаат на насловна. Млатење на празна слама. Какви дебили може да се воодушевуваат на ваков пар не ми е јасно? Па и бебено може им е слатко, ама уште од мало има некоја мрцина арогантна фаца, сигурно не му се смеат по дома и не си ги ни гледа родителите, кутрото не е ни весело.
За да одржаваат популарност и да прават пари пеачите вадат нова песна, актерите нов филм, Ким се мажи.
Ким досадна е, ај сега секоја година невеста ќе биде. Па и моминска вечер тераше. Таа два пати се мажи, дете роди и уште моминска ќе терала. Бог да чува . И не им ги изгледав фотографиите од свадбата оти не ми се ни интересени.
Читам, за Ким пишувате. Јас не гледам ништо лошо. Таа си го живее животот како сака, не прави ништо лошо, не му наштетува никому. И десет пати да се омажи, нејзина работа. Што ако има дете и моминска прави? Нејзин живот. А тоа што пишува на интернет, ако нe ми се допага не го ни читам, не ми е гајле, не се замрaм. Воопшто не ми е гајле за туѓите животи, си го гедам својот, со мојот живот тешко се справувам, а не пак за туѓите да мислам. Отидов да учам.
Да ти кажам, воопшто не се секира жената, си го тера своето, а кој, што зборел, само на зборување останал.Така, ако таа на секој обрнува внимание, уба работа Така си оди тоа.
Ами и во право е жената .Ким нема време на секој хејтер време да му посветува,едноставно го игнорира,па затоа е и успешна
Зш мор? Па и ти, си кажав, не дека не знаеш, нема нешо што не знаеш.Ту мор, па ако кажам, чудо, одма контра
Па поентата е што таа не си го живее животот затоа што си го живее животот и го прави тоа затоа што тоа е живеењето на животот, туку тоа го прави за да заработи пари. Во тоа е разликата. Да ја игнорираш не можеш, секогаш ќе има такви заради кои таа ќе постои и ќе има пари затоа што едноставно е необјасниво позната, односно инвестира во медиуми, медиумите ја прават славна, потоа тие неа и плаќаат за да ја имаат по насловни, брендовите за да ги рекламира итн итн. Цела машинерија е зад неа, не е дека си го живее пустата животот толку опасно, што просто мора да се следи тој пример од живеачка. Пробај игнорирај ај кога ја има веќе на сите страни и просто не ти е јасно зошто? Уште луѓето умираат од рак и има војна во светот, додека некоја дебилчина е планетарно позната за ништо и живее луксузи. Дали бевте очајно тажни за Србија, за гладот во светот? Да?! А ја сакате Ким? Велите дека си го живее животот и другите се хејтери? Преиспитајте си ги животните вредности тогаш. Поглупо е вашето игнорирање на фактите како светот функционира и декларирање на некакви си хејтери. Ова не е хејт, ова е чиста објективност. Не знам просто како животот си го гледате како забава и како е сето ова ок, па да можете да речете некому дека е хејтер само затоа што не може да разбере како може да е добро некој да има милиони од ништо?! Ако за вас поентата на живеењето е да се успее без да се направи нешто вредно за беден партал и пар чевли и брдо брдо глупости, пак ќе речам до вашите вредности е. Свашта значи. Уствари што се трудам да се објаснам...ама ајде. И не ми беше поентата да ви отворам тема на муабет, само си пишав што ми дојде. Имате тема ако сакате да зборувате и да ја браните Ким и сличните на неа.
А да се правиш како да не разбираш како функционира денешниот свет, е уште поглупо. И зошто всушност ја обвинувате, бидејќи заработува пари или бидејќи светот е суров? И не секому животните вредности му се исти, ете тоа е, таа живее за една работа, некој трет за друга.
^ А најглупо е да се водиме по девизата - така функционира светот и при тоа да не се потрудиме да го промениме тоа. Околу вредностите...и длабочината на душата. Немам што да додадам. Од понов датум ме мрзи да вртам, ама она што си го носиш од внатре, тоа тешко се менува. Прво ми искочи ова. Искрена ќе бидам прв пат те забележувам на форумов, морав да отворам па почнав од почеток, чисто за да имам слика за какви вредности се работи и од кого доаѓа размислувањево. Појасно е. Тоа што ги погодува луѓето најмногу ги дефинира нивните вредности и верувања, тоа ги дефинира нив како личност. Заради кревкоста на темата, да те потсетам како те погодило тебе во микропретстава. Ако е тоа светот и луѓето какви што ги сакаш, би требало ниту ова да не те повреди тогаш. Таков е нели светот? Површен, незрел и глуп... о чему тага... таков треба да си го прифатиме. Како функционирал светот... Исто како и милијарда години. Се врти, не доби нас и му се покакуваме со глупости, затоа треба да не лупне еден астероид и да се создаде некој едноклеточен вид кој ќе ужива во неговите убавини со проста делба.
^^ Америве функционираат така, ако сакаме можеме да го игнорираме нивниот начин, да земаме примери и да се воодушевуваме на луѓе кои во вистинска и квалитетна смисла си го живеат животот, ги има многу и се вистинска инспирација.
^ Точно има. И црпиме од истите, ама мнозинството кога го пласира и шири ова, сфаќаш дека колективната свест е очајна и светов не може да оди во прогрес. Освен да се трудиш да им посочиш дека не е ок и еве вака да те убедуваат дека тоа е ок, таков е денешниов свет, друго не ти останува. Од се ова, викам сто посто и на фемина го има. Отварам главна страна и гес уат?! Освен да кренеш раце и да отидеш на рајски остров, да свириш на гитара по цел ден и да преживуваш на банани друго и не ти преостанува.