Не знам за вас али јас обожавам кога патувам, и тоа на автопат, со музика, со се цигара, со се кафе, со се пеење.. толку многу ме исполнува.. се почесто слушам како луѓево немале желба нити пак сила да пребродат далек пат.. јас имам и те како имам да се качам в кола и да пеам, да се возам и да шетам, гледам, впивам.. најубаво ми е на бензинска кога пијам кафе во 6 сабајле кога сонцето ѕирка а јас уживам.. уживам во природата.. во околината.. во светот.. Толку многу ми се разбиструва мозокот.. се осеќам слободно.. убаво.. комотно.. Патувајте луѓе, гледајте, слушајте и зборувајте.. смејте се и пејте Убаво е.. Најубаво е кога се осеќаш светски!!
Сакам да кажам дека едвај чекам да одам на одмор. Ќе споулавам ако не се тргнам од тука за брзо време.
Ми се смачи од национализмот кој се храни во Македонија со векови. Време е институциите да почнат да си ја работат својата работа професионално и да бидеме исти пред законите. Време е да се едуцира народот дека криминалци има од сите националности. И доста е со сензационалистички наслови: “Во кафич избила тепачка помеѓу Македонци и Албанци“ - кои го потхрануваат национализмот. Кога веста ќе гласи: “Во кафич избила тепачка“ - ќе почнеме да препознаваме, дека всушност се проблеми настанати поради криминал, а не проблеми настанати поради етничка припадност.
Од блиски и неразделни стигнавме до тоа да не зборуваме повеќе. До толку да те мрзи да пишеш? Мака ми е секогаш јас да пишувам прва. Изгледа до тука ни било другарството. Може ќе пишеш некогаш, кога ќе ти требам.
Сaкaш дa јa oбoиш вистинaтa мaлку вo рoзевo, пoмaлку дa бoли ли, дa се лaжеш декa живееш вo пoинaквo oпштествo, a не тaквo кaквo штo реaлнo е?
Oдaмнa се прoбувa сo шминкaње нa прoблемoт, сo гледaње низ пoинaкви oчилa, сo пoлитичкa кoректнoст...немa ефект, пoдлaбoкo е.
Нема врска политичка коректност. Се' додека карактеризираме цели групи, врз основа на однесување на неколкумина, има да имаме вакви проблеми. Пред неколку дена, воспевавме Албанец кој жртвуваше живот за Македонец, сега, пу-пу не важи, сите Албанци се убијци. Полека малку. По таа логика сите Македонци можат да бидат наречени убијци, а не сме. Нели не сме?
Нема што јас да се тешам, јас знам дека сите Македонци не се убијци. Ти ако мислиш дека се, твој проблем.
@WildMk Ќе се убацам во муабет,ама секако и вие заминавте офтопик... Извини ама не е политиката крива,види ги во Дебар како се живее,во Ресен и за крај Битола,и после спореди како е Скопје,Струга,Тетово и Гостивар
Тоа е проблем на нефункционални институции. Ако има ред и казни за сите, да видиш како ќе се оправат.
Како поминува времето се повеќе се разочарувам од луѓето. Зошто е тоа така? Па поради тоа што веднаш се вжештуваат нивните глави и почнуваат да плукаат по целиот народ, иако само поединци сториле злосторство и одзеле млад живот. Значи босанскиот народ треба да го мрази целиот српски народ поради воените злосторства и убивањето на цивили во Сребреница. Тоа што поединци сториле злосторство не може да му се препише како злосторство на целиот народ. Разберете го тоа. Како што кај нас има добри и лоши луѓе така е и кај останатите народи . Кога беше поплавата на 6 август си помагавме едни на други за да се спасиме и да се извлечеме од тоа ср**е . Очигледно само кога ни е лошо и кога имаме заеднички цели можеме да дејствуваме заедно. Не гледавме тогаш дали некој е Македонец, Албанец или не знам што. Ми беше жал за сите кои ги загубија своите животи без разлика дали се Македонци или се од некоја друга етничка група. Затоа што никој не заслужува да загине така. Ќе ве молам да не ме цитирате...
Луѓето се виновни и тоа како,не може некој во првите градови што ги набројав да сака соживот и да го гради и негува,а овие другите да рушат се пред себе,вадејќи се на карта дека политиката била крива... Точно е дека не сите Македонци се ангели и не сите Албанци се демони,ама за жал во пракса се е сосема јасно на која страна натежнува вагата.
Сакам да кажам/прашам, секој си е надарен кој помалку кој повеќе.(гз,гради..) Ние жените знаеме да кажеме леле имам мали гради, а од по надарените другарки, колешки, ќе ни кажат еве јас ќе ти дадам, имам и за тебе , дали и машките така си викаат, "леле колку ми е мал", и дали некој од другарите ќе му рече, еве јас ќе ти дадам, имам доволно.. Требаше да спијам, ама на глупости мислам