Она кога од сељачишта неиживеани ќе чуеш муабет дека си наркоманка. И тоа дочекав. А разлогот? Паа имам ставено стори на иг кај распалувам наргиле, со вкус на факинг лубеница. Што да кажеш освен да се изнасмееш и да им понудиш малце,па да се разбегаат како попарени.
Then it's not your soulmate @lovestoneddd муабетов од обично наргиле?Не ми се верува, простаци. Кај нас има кафичи што служат наргиле само си плакаш и нормална ствар ко кафе да пиеш да не речам.Батали.Ние те сакаме тука да знаеш
Многу педерски станал форумов! Полн е со омраза, завидување, како некоја трка кој попаметен ќе излезе, а всушност толку им е проста мислата, делува рурално... И не е така само на форумов, општо низ државава ни се дешава ова. Само љубомора и завидување. Само лошо да се каже или да му се направи на некого. Зошто е така сеуште барам одговор...
@ceca-1 Имаше и кај нас во еден кафиќ Цецке, ама ретко кој нарачуваше им беше страв да пробаат Дечково што го пушти муабетов, што е најстрашно, полицаец е,од планина. Што е уште еден показател какви неписмењаци напримаа на тоа поле да сејат памет и морал. Ве сакам и јас, елајте на колективно дроксање со лубеница
Во вакви периоди, се обидувам да останам силна, да останам она што сум, да не мислам на иднината и да се опуштам, но не можам. Тешко е кога си опкружен со личности кои ти се закануваат наместо да ти помогнат полесно да ја скроиш иднината и да добиеш каква таква подршка. Како јас ќе живеам на тој начин и како ќе ги кројам своите планови во иднина без подршка од страна? Не го порачав јас овој живот.
Секоја година ги гледам изјавите и приказните кои ги раскажуваат членовите на семејствата кои загубиле некој близок во тоа лудило кое се случувало во 90-те години . Колку треба да бидеш суров и брутален да убиваш цивили , жени, деца, воени затвореници и се што ќе ти се најде на патот. Колкава омраза и колкав гнев треба да имаш во себе за да се претвориш во такво чудовиште кое ќе си даде за право да одлучува кој ќе живее, а кој ќе умре и да си дадеш за право да одземеш нечиј живот . Пред некој ден го гледав протестот на ветераните кои се припадници на Босанската армија и Хрватската армија како протестираат заедно пред Собранието на БИХ , замислете некогаш се гледале низ нишан и стравувале за своите животи додека сега протестираат заедно за да добијат воена пензија и стравуваат за својата егзистенција. Никогаш на никој народ да не му се повтори тоа лудило од тие години кога соседи војувале еден против друг и страдал обичниот народ и цивилите кои освен што ги загубиле своите блиски исто така ги загубиле и своите домови.
Сакам да кажам дека промената е нормална, прифатлива. Ако не е по наша желба - ја напуштаме или се прилагодуваме.
Јас пак мислев кога ВИЕ контактирате некого и ВИЕ го барате на интервју кај вас, ВИЕ сте тие што имате потреба од него. Смешки, сакате да излезам од работа за да дојдам кај вас на интервју, не можете да го поместите барем пола саат покасно за да не останете прекувремено? Гревчиња, стварно... Сори, не можам да се замарам. Некои се едноставно задоволни со работата и не би преминале во ваша фирма ако не се потрудите малку Си мислам, очекувате дека ќе ви враќам на мејлови во работно време и дека ќе излезам од работа за да се прилагодат на тоа што вам ви одговара? Дали сте свесни дека ако го правам тоа сега, ќе го правам и кога дојдам на работа кај вас? А да си најмите некои посветени да ви работат човечки ресурси? Видете некој со помалку искуство што е во потрага по работа дали ќе ви прифати
Колку што може некој да биде емотивен...толку може да биде и силен...зависи само од ситуацијата...што треба да примени..
Се изгуби шмеков на форумов. Дај ако не заклучете ги сите теми, па само ќе читаме нешо безвеза. Колку квалитетни членови заминаа, уште толку ќе заминат ако се продолжи вака.
Има разлика од жената што чисти до жената што ми чисти, ју егоистик пис оф шит кое до 4та на факултет чорапи со фен сушело и потоа се омажило богато.
Тоа Не ме цитирај беше шала. А секоја шала 50%е вистина Знаете дека нервозата го дига шеќерот,го дига притисокот па пазете да не полетате Стручен совет на јавен форумпротив полетување Доколку полетате врзете се да не излетате на некоја кривина. За цитирање притиснете 1. За контакт со модератор 2. За излез треснете го мобилниот од ѕид Ви благодариме на разбирањето Спојлер: . Не ме цитирај
Многу нови членови дојдоа, што една половина се тролови, дрогата половина канцери што само шират негативна енергија и пишуваат офф топик мислења. Како на сред село се осеќам кога ми текне од време на време да се пуштам на форумов.
СДК, прочитав дека сите се успешно спасени од пештерата во Тајланд и многу ми е мило за тоа. Но предмалку, прочитав статија за истото која ми го скрши срцето. Евентуално, едно лице сепак го изгубило животот, а тоа бил нуркачот кој учествувал во спасувачката мисија. Неговата сопруга со тешко срце се збогувала со него, покрај милионите коментари што ги добила за поддршка. Таа го изгубила човекот што и значел се'. Кога го прочитав ова, не можев да ги задржам солзите. Таа го преживува она од што јас најмногу се плашам - загубата на саканата личност. Да, некои ќе речат дека не треба толку да зависиме од некој друг и треба себеси да се ставаме на прво место.. Но јас знам дека не би можела да поднесам таква загуба. Мене љубовта ми е пред се'. Тој ми е се'. Најдобар пријател, љубов, сродна душа. Животов ми има повеќе смисла откако тој е во него. Цел живот трагав по љубов каква имам сега со него. Немав никој пред него, бидејќи знаев што барам. Сега откако го најдов, никогаш не би сакала да го изгубам. Не сакам да замислам низ што поминува таа жена. Самата помисла ми буди анксиозност. Тој ми е среќа, живот, се'. Само во неговите прегратки го наоѓам мирот, само неговиот глас знае да ги заузда демоните во мене. Наречете ме наивна, глупава.. Но за мене нема поголема среќа од вистинската љубов. Верувам дека само таква љубов може да го изваде најдоброто од човек. Човек е најсреќен, кога има за што да живее, за што да се надева, кој да сака.. Светов би бил поубаво место за живеење кога љубовта би владеела, место омразата, парите и желбата за моќ. Јас никогаш претходно немав почувствувано љубов вистинска, животот не беше многу фер кон мене. Сум доживеала случки што оставиле доживотни лузни на душава. И уште не ми е лесно. Не е се' готово. Не знам ни дали ќе биде некогаш. Но знам дека со него, со неговата љубов и поддршка се' е 1/2 полесно, и никогаш не би поднела да го изгубам него. Смислата на мојот живот. Вистинската љубов.
Комплициран е светот на возрасните, пола не знаат што со себе. Без вредности, без принципи, без амбиции. На страна фактот што веќе ретко кој мисли. Навистина.
Во последниов период мислам дека една од најкорисните способности кои ги имам развиено е селективното слушање. Едноставно помага да се изолираш од она кое негативно ти влијае, а истовремено те прави посреќна. Па кога сфатив дека всушност можам да изберам дали ќе бидам нервозна и полна со negative vibes или со насмевка на лице и полно срце, си ја избрав оваа вторава опција. И да ви кажам, убаво било