Велат какви ти се мислите,таков ти е животот. Вистина било,на олку песимистички мисли каков да ми биде животецов?
Шетаме вечерва и по пат во истиот дуќан од пред некој ден но овој пат решена да го купам тоа фустанчето што го пробивав минатиот пат и беше во една од моите најсакани бои. Го нема го продале и тој ми вели ај и така не ти стоеше во таа боја. И после како да не го сакаш а?
Убав е денот и се чуствувам инспириран да научиме нешто ново и да го потрошам некако времето на членките читајќи го ова. Денеска ќе научиме за значењето на токмак. -Ама чичко Јипман веќе има на интернет што значи тоа.... - Да ама денеска ќе има ново значење кое ќе се користи исклучиво за интернетот. Дали вие сте биле учесник на интернет дебата некоја каде што вие или некој член прикажал да кажеме 99 докази од интернетот или лично искуство, каде што се вика дека на пример бојата е зелена и тогаш се појавува мистериозно член со 1 доказ дека не е , индиректно викајки јас ја знам вистината вие глупи сте , и упорно тој еден доказ го прикажува и за жива глава не менува мислење ,и после долги саати пишување разбираш дека веќе не е дебата него расправање со нечие его. Ама сакаш да го отераш во три лепе , не знаеш како , ќе бидеш баниран , плус ќе почне плачки , ама овааа е мое мислењеее , јас имам праваааа на интернетот ,ти ме навредии , повредии .... бла бла бла блааааааа. Затоа ќе пишете мрш токмак еден или нешто слично , комбинирајте како сакате. Токмак или скратено од Токсично Орангутанско Карактеристично Македонско Анално К*родрвче. Друг пример.... некоја фраза или што и да е што значи борење за права за ова за она , - Се појавува мистериозно токмакот , ама еве ви видео каде што не се бореле него правеле друго. Да СЕ РАЗБИРА дека во овој свет ќе има секогаш некој што погрешно ќе ги разбира, ќе биде насилно и ќе заебе работа , тоа не значи дека треба гордо да ја користиш таа особа за контра аргумент и да ги игнорираш другите 99 што се обидуваат да направат нешто подобро. Или најдобрата особина што ја поседува токмакот на интернетот е кога ќе почне да губи аргументот и кога ќе му се соберат да го караат , почнува со ама на баба ми другарот од трето колено знае , односно носење членови од фамилија и другари во дискусијата , бидејќи веќе никој не им верува на нив па мора да направат да биде по уверливо со примери од други демек , или имам докази ама не ви ги прикажувам и сеа знаеш дека лаже , знаеш дека нема докази или ништо и го тупи безвезе ,ама ако му го посочиш тоа ќе се правда и ќе плаче одма бла бла бла ..... Т.О.К.М.А.К .... или кога ќе почне со имам права , ја си знам , моето е во право и не ви признавам па макар цркнал , епа што тогаш се дебатира? , со кој се дебатира , со комплекси ? его ? проблеми од дома? што е работава? ќе токмачиме уште долго изгледа а ?... Или ќе кажеш сите сакаат да прават нешто или слично , и ќе цитира одма , ама ја не сакам ама ова ама она, ЗНАЧИ ..тоа кога ќе каже сите не се мисли на сите , не мора одма да се скока и да се правда, читај меѓу редови , токмак еден. Ај да не го тупам со разни примери , вајда до сеа разбравте што сакам да кажам , ако не јебига. Друго , сте ја имале ли таа депресија кога ќе отидете во некоја друга цивилизирана држава каде што све е скоцкано , средено , организирано , најголемот проблем и мака им е на луѓето што заборавиле патлиџани од пазар да земат , и онака си опкружен со убав менталитет , радост , убавини , и тогаш треба да се вратиш во Балканска земја , и тука те фаќа една депресија кога ќе видиш кај треба да се вратиш и со што треба да се справуваш, си викаш дај боље кола да ме згази... , сте ја имале такво нешто? .. и кога ќе пристигнеш ти треба неколку дена да се навикнеш и да стабилизираш... (еве на пример Т.О.К.М.А.К ќе цитира и ќе рече ама еве ви примееер од протал дека некој го утепале или ограбиле во тие цивилизирани места, гледаш сеааа дека не е убаво таму како што се вели а ааа , да знам дека не цветат цвеќиња и таму , 95% е убаво и 5% грдо , читај меѓу редови е*ате тоа токмакот) И така малце долг пост ,ама знаете што викаат за мажи што пишуваат долги постови хехехехе .... anywayy дојде време за одмори , овие соросоидски пари што ги заработив од моите кампањи по форуми мора некако да се потрошат зар не. Spoiler Ulala ulua lau lua laualua lu alua lau alua
Дека и после толку години многу ми недостига дедоми ...мојата душа,моето детство,мојот херој ,мојот дедо. Каде и да си знај дека мн ми фалиш едвај чекам да те видам....
КАКО МАЖ Еј,застани! -Мене ми зборуваш? Да,тебе! Те видов вчера! Каде ме виде? Во сонот те видов! -Хаха,Ти се шегуваш со мене? Не-мртва озбилна сум,зошто се смееш? -Малку чудно е да ме застане жена и вака да зборува со мене а не се познаваме! Ти реков,јас Те познавам! -Добро тогаш кажи ми го твоето име и да се запознаеме како што е ред! Нема потреба,тоа само може да упропасти се! -Не Ти е страв дека може да Те нападнам?Погледни нема никој околу нас а и темно е! Не,не ми е! -Тогаш што сакаш од мене? Дојди поблиску! -Еве ме! Сакам да ме погледнеш во очи? -И сега? Сакам да ме помирисаш! -И сега? Сакам да ми кажеш какво е чувството? -Чувството?Поконкретно ако може? Чувството кога ќе те покани една жена што не ја познаваш да и се доближиш малку поинтимно! -Искрено малку збунувачки но и пријатно. Посакуваш уште? -Секако дека посакувам! Тогаш зошто се потребни имињата? -Бидејќи така се комуницира нормално! Што е тоа нормално? Зарем мора нешто да е нормално или ненормално! Зарем секогаш живееш по правила и нормите што ги налага општеството? Никогаш не си направил нешто инстиктивно? Ти го чувствувам пулсот дека е забрзан и тоа без допир,ти ги гледам зениците како се шират и ти го слушам ритамот на здивот! Тоа нормално е? -Ништо не ми е битно повеќе,само сакам да те допрам! Да ме допреш?Каде би ме допрел? -Насекаде!!! Видиш,колку е убаво чувството кога си свој? Кога ќе дозволиш спонтаноста да ги води работите а не умот! Кога ќе ги прескокнеш табуата за начин на комуникација меѓу маж и жена! Сега кажи ми за каква жена ме сметаш? -Не размислувам повеќе за тоа,верувај ми! Гледаш дека не се осудуваш да ме допреш без моја дозвола иако сме сами и е темно како што рече и самиот,знаеш зошто е тоа така? -Не незнам,но знам дека потребата да те допрам станува веќе болна за мене! Тоа е затоа што најголемиот број мажи кога се сами со жена се научени да го вклучуваат мозокот само кога на нив им одговара е тоа жените многу ги боли,знаеш? Вчера бев со еден таков. Дури јас му зборував дека не е добро да мисли само на себе и дека треба да престане да престане да ме повредува со некои нешта,тој мислеше само на тоа каде попрво да ме допре. -Жал ми е! Не-не ти е жал,туку сакаш побрзо да ме допреш и ќе кажеш се што сакам да слушнам,нели? -Не ми суди,Ти мене не ме знаеш? А Ти мене ме знаеш? -Не не Те знам! Па од каде тогаш знаеш дека треба да ме жалиш? -Чувствувам дека си повредена!Ти ја гледам болката во очите дури зборуваш за мажот со кој си била!Те гледам дека ги стегаш дланките како да сакаш да ме удриш! -Е сега можам да констатирам дека и мозокот Ти е вклучен. -Сакаш тука на трева или на онаа клупа? Не сакам никаде,сакам да Те однесам на вечера,на кино,на театар,на планина,на море,секаде би Те однел во овој момент само треба да побараш од мене! -Нема да Ти биде тешко да се воздржиш од допирање? -Ќе ми биде,и тоа многу! -Нешто од внатре ми вели дека тоа веќе не е најбитно сега!---Сакам да се запознаеме подобро,да се дружиме,да Те имам покра себе! Тоа што го чувствуваш сега,Ти излегува од душата-знаеш? -Да,знам! Значи сега имаме спој на чувства,мозок и душа!Незнам дали добро ги подредив,Ти што мислиш! -Не е битен редоследот,битно дека се тука,сите три! Точно така,и запомни-секогаш кога ќе недостига едното од нив некој ќе биде повреден! -Еј застани,каде тргна! Си тргнав по мојот пат! -Само така ќе ме оставиш? Зошто,жена неможе туку така да остави маж? -Но сакам повеќе-врати се те молам! -Кога можам да те видам повторно? Ти реков дека во сонот те видов а веќе е доцна и полноќта се ближи! Оди си и по полноќ,сонувај ме! Ако е пишано ќе се сретнеме повторно,барем на сон! Убави сништа Ти посакувам! Еј,застани-барем кажи ми како изгледав Во сонот? КАКО МАЖ!!!
Се прават домаќинки тука,а сите симптоми на ороспијчиња ги имаат. Ако не се гледате, не значи дека не може да ве препознае некој од пишаното.
Ах бе, Македонче... Паѓајте вие пак во несвест кога секоја факинг година како најголем спектакл ни ги носат Цеца, Аца и Севе и полнете сали и стадиони на нивни концерти, па после чудете се што ретките наши квалитетни музичари ќе ги гледаме на куп само на програми за митинзи или прослави поврзани со политика. И после колнете ги и драматично откажувајте се од нив, небаре првпат се случува ова и небаре злоставиле или утепале некого – секако, само ако настапуваат на нешто што се коси со вашите убедувања. Нѐ има доста луѓе идеалисти и на кои уметноста им е светост наместо религијата, кои сметаме дека истата во правилно општество не треба воопшто да се меша со политиката. Да, и јас спаѓам меѓу нив. Ама, за тоа колку нашето општество во однос на вкус и вредности е далеку од правилно, да не зборуваме за совршено – сите сме одговорни. За инает и triggers, позз4е и ФМП!
Појдовме со маж ми на пат, од страната на патот здогледав на секој еден чекор украсни дрвја со розеви цветови, се запрепастив само од глетката колку тоа изгледаат преубаво и прекултурно. Од страната направени патеки за пешаци и точоци.. Се скоцкано.. секое делче направено со љубов .. за државава. Бајка.. Му велам на маж ми погледни ги дрвјата колку се убави и колку убаво изгледаат и кажи ми кога во македонија државава ќе го достигне сето ова па на крај и дрвјата за поубав изглед.. Така немо се изнагледав и изначудив.. Кога бев 3 месеци во маледонија сите згради ми изгледаа распаѓано, ѓубре на сите страни каде и да погледнеш имаше раја од ѓубре и распаднати и скршени контињери, животни кои го раснесуваат ѓубрето на сите страни .. смрдеше.. Маж ми во неделата 2 пати ја чисеше колата од кал и земја, што се зачудив кога дојдов овде и кога бев онде не беше никогаш толку валкана како во македонија.. И знам, сега ќе ми кажете дека сум умислена, чиниш овде сум се родила. Не, ја знам македонија и таму сум родена само што кога одам еднаш у годината нормално ми е да се чудам и се да ми изгледа различно оти тоа е осетот за навиката кај луѓето. Не сум умислена само сметам дека ова овде е нормално, стандарт за секоја држава. Да не се дави у ѓубре, да не е се распаднато и искршено, да не е раскопано, да не течат канилизацииве по улиците, да има цвеќиња.. дрвја.. тротоари и убави улици.. Нормално е не е чудно. 3 месеци седев и 3 месеци не се навикнав, ми беше страв од глутниците кучиња што лајеа и трчеа наоколу гладни, размакнуваа кеси на сите страни. Луѓе што на секоја една клупа у парк грицкаа сончоглед и лушпите ги фрлаа на под, лулашките беа скршени и наоколу имаше отпадоци од пијанки.. Не е нормално, ама и ние луѓето не сме нормални со потезиве. И тоа е тоа. Нешто што не верувам дека ќе се смени и искорени. Ни кај политичариве ни кај луѓево.
Не знам... го видов кај другарка на ФБ, го читав во еден здив, ми дојде некако...не знам како. Ама сакав да остане некаде зачувано...
Се согласувам со се' што пиша, освен ова: Наречи ме наивна, но оптимист сум, дека може да се смени. Ако не милум, тогаш силум
Чудни сме ние луѓето,често знаеме да се водиме по онаа народната,Еднаш се живее,или пак,Ништо не е погрешно-ако тоа те прави среќна личност.... СДК,еве мене на пример:среќна ме прави да јадам пообилно храна и неконтрилирано,и кога треба и не треба Ама затоа после "среќата' ми се наплаќа дупло кога ќе се видам во огледало
СДК дека морам да трпам, морам да молчам... А сакам да биде побрзо.... Некако немам сили.. Се трудам, ама немам трпение веќе.. Морам да чекам да помине време.. Боже, изведи ме на прав пат, знам дека во најтешките моменти ме држеше за рака, беше тука да ме заштитиш.. Те молам продолжи..
Вистинските уметници нема со политика да се занимаваат. Само Македончето,единственото смопрогласено божество на уметноста во сите векови