Според мене,музиката и политиката не треба да се мешаат.И онака се различни.Музиката ја лечи,а политиката ја расипува душата.
Жените се нервозни кога треба да добијат,кога имаат добиено или кога не добиле.... Иначе се срцки....
И ние машките сме нервозни кога не сме добиле Spoiler: . Кладилница Мене ми касни еден месец немам добиено
Од убави работи -сабота да работиш. Нема гужва, нема врвулица од коли. Ти мириса на море и тоа е тоа.
Значи, после средба со аеродромец--ориџинал... ништо на овој свет веќе не е исто. Гаддем. Мислев зезанција се тие муабети.
Јадам пилешко, телешко, свинско, колбаси, суви вратови, кебапи, гибаници, пастрмајлии, колачи, чоколадо, баклави, сладоледи, пијам Кока Кола, Пепси, Миринда, буткам се што ќе ми дојде при рака. Пред два дена крвна слика повеќе од идеална. Ај НЗС?
Не знам дали е до мене, но јас воопшто не сакам да го кревам носот кога ќе видам колку сум барана, колку сакаат да ме видат и да се дружат со мене, за разлика од некои што се курчат кога ќе видат нечија порака, повик, па превртуваат очи и велат - видете ме колку ме сакаат и молат. Понекогаш мислам дека сум изрод на овој свет и не ми е местото овде, бидејќи сум спротивна од сите други. Тој ми вели дека тоа ме прави посебна од сите останати, но не знам. Што се случува со луѓето? Во светот? Дали јас живеам во некој сосема изолирано место па сум изненадена од луѓето? Што би рекла мајка ми - Наивна си, премногу им веруваш на луѓето, затоа си изненадена.
Знаев дека има неписмени луѓе кои работат во полиција, но она на што бев сведок изутринава беше нешто што ми ги отвори очите и ми покажа дека јас нема што повеќе да барам во оваа земја. Те застанува полиција од што се многу културни полициските службеници ти велат: Смрдиш на алкохол ајде да дуваш. Откако се заврши целата фарса и испадна дека нема основа за пишување на казна поради возење под дејство на алкохол, најдоа друга причина и напишаа казна. На моите зборови дека по погрешен член изрекува казна ми рече: Ќути ти што знаеш. Целата оваа фарса траеше 15 минути. Откако се заврши се си продолживме понатака. За по 5 минути да се појави истото полициско возило со вклучено ротационо светло позади нас. Кога не престигнаа застанаа и еден од полициските службеници рекоа: Еве го овој на кој му напишавме казна по погрешен член. И тоа беше уште 15-20 минути малтретирање од нивна страна оти имаа направено грешка па мораше да ја поправат и во нивниот електронски систем. После толку малтретирање поради нивни грешки ме изнервира кога видов какви кретени работат во нашата полиција. Е поради вакви пацери квалитетните и образовани кадри не можат да се изборат за своето место под македонското небо.
Се нашла некоја паметна на дечко ми да му кажува дека сите биле исти, ќе сум го зафркнала и ја исто ко и претходните, па ќе бил повреден, ќе сум му раскинала кога ќе ми здосадел, да не мислел дека е среќен многу сега, па ќе плачел. Кога луѓево ќе прекинат нивното незадоволство од животот да го лечат со вакви коментари, наместо тоа може да почнат да прават нешто за нивниот живот, може ќе си го средат. И до каде со тие генерализации од луѓево, дека сите машки и женски се исти. Не се сите бившиот/бившата, никој не е ист. Изгледа најлесно е да седиш и да коментираш за други, па да мрчиш како си несреќен и незадоволен, а секој ден да го проаѓаш пред компјутер сеејќи негативност и хејтајќи све.
Така кога јас почнав со дечко ми да идеме, една познаничка ми велеше да се тргнам од него, ќе ме изиграл, зошто на неа некој така ѝ направил и нели, сите машки се исти. А она го немаше ни заппзнаено, него онака на слика не ѝ се бендисал.
Она кога никогаш немаш оставено датум за роденден по социјалните мрежи, а сепак сабајлето на роденденот имаш пораки од најбислики другари, братучеди, фамилија, пропуштени повици од баби и тетки...Го паметат датумот и без потсетување, ти честитаат и сфаќаш колку им значиш на тие блиски И најмалото внимание може за секунда денот да ти го направи поубав
Не знам дали сум единствена, ама освен „тетке“ од рандом деца на улица, исто така малце глупо и постаро се осеќам и кога некој (обично женски кои имаат таква навика да се обраќаат) ќе ми се обрати со жено
Работи кои ги направив денес: 1. Му пишав на принцот од Брунеј "Will you marry me?" на Инстаграм. Многу е секси, мајке ми...
Она кога ќе си ги отвориш дневниците што си ги пишувала на 12,13,15 години и ќе почнеш да читаш на кого се` си се лутела, за какви глупости си се лутела, зошто си мислела дека другарка ти те лаже, кој се` ти бил симпатија, какви пораки сте си пишувале .... Oh dear Lord #саботнопопладненапоезијата