Сакам да споделам моја приказна во поглед на ова погоре за што дискутирате. Односно за брковите или мустаќите како сакате наречете ги. Изгледа како средношколци да сте па уште за такви работи се расправате. Немојте да ми се налутите. Навредите влијаат на самодовербата на личноста тоа е дефинитивно. Јас во средно трпев навреди поради тоа што носев мустаќи имав најразлични прекари од оние опасни фраери, а и од некои самонаречени дами. Јас поради таквите нивни испади и навреди денес имам разнишана самодоверба и самопочитување. Денес многу од тие ми се извинуваат поради своето однесување тогаш ама џабе е се. Се надевам дека @ЕденЧлен погрешно се изрази или погрешно го разбравме. Исто така искрено се надевам дека не ја навреди девојката и и го кажа ова во лице. Ќе ти кажам нешто брат само немој да се навредиш. Нема потреба да се оптеретуваш со туѓиот изглед. Ова е само добронамерен совет. Обиди се ти да изгледаш онака како што ти сакаш и се чувствуваш добро. Поздрав и имајте пријатен и убав ден. Се надевам дека не ми се лутите .
@ЕденЧлен, пред некој ден во друга тема пишуваше за прифаќање и неосудување, тука сега „бркови ко сом“. Од една страна, на своја кожа си осетил што значи да се соочуваш со зачудени погледни, а од друга страна искулирано се исмеваш со туѓ проблем.
Сдк девојки баш уживам во ваше друштво , ретко пишувам ама ве читам редовно ми фалат стари членови на форумов ама тоа е секој со своите обврски Добро е што постоите
Си биле маж и жена. И двајцата Госпо ги створил со влакна, бркови, на газот , на тулето, на дудето, у уше, у нос, па без влака, на глаата, на газо, на пета... И сеа му текнало на некој се осечал ко комшијата да го лапа и драпа оти жена му се родила со влакна ( ку*ва ), и она му е крива,јес да да сам си е крив оти мисли на комшијата коа општи со жена му... Ја иам и брк и ко Чубака сум, али никад не сум си дозволила да ми се видат, али па од друга страна никад не сум помислила, па камо ли да сум се осудела да речам за некоја оти си ги носи и ја заболе жбунот доле, ниту па зашто муж нема влакна и се депилира. Жими се, ќе си речеш ниа Маќедонците, Балканците секој ден срања ни се дешаваат, од кај време да се замараме со глупости, али па коа ќе размислиш толку шо сме греота и неспособни својот живот да си го средиме, нели наравно скокаме на ,, помош ,, туѓиот да го ,, решиме ,, ( да не речам комплексите да си ги излечиме оти на психолог ако отидеш или си улав или педер, така нешо ). RUN.
Во врска со постот на ЕденЧлен.. Ве молам, доволно беше. Чет муабетите се избришани. Навредливите цитирања исто. Оваа тема не е за цитирање и дебатирање.Ако Ви се чини дека би имало добра дискусија, слободно отворете нова тема и напишете вовед. Темата СДК нема да се полни со реплики и цитирања.
Минував низ страшен период. Би го опишала како да сум низ тунел и да нема крај... Онаа find beauty in everything баш тепшко ми одеше, не дека не сакав, ама како да нема најпрво убаво а потоа како да не го забележувам. Еве, нова сум тука, 2 пат пишувам... а се уклучив во април.... Со самото тоа увидете дека ни прилично не ми било добро. Не се работеше само до другарките/ друштвото и до менталното здравје.А, да тоа зависи најмногу од мене ама да се вратам на 2рата напишана реченица.Се чуствував како во тунел. Никаде светлина, никаде позитивна енергија, немав никој и ништо. Океј ги имав мојте, кој во тој момент мислам дека си го даваа макс ( како и сега ) ама моментално увидов сега до тоа ( барем увидов... хаха ) од страна на другарки, ах не знам од каде да започнам. Секој си започнува некоја приказна и не ја довршува.Зборуваат на глас за другарство а самите ги прекршуваат правилата на таа другарска врска.Оговарање и многу злоба и кога си така меѓу многу луѓе ( сега мн е поим кој секој различно си го дефинира ама добро ) и ти стануваш таков... Не се правам ни божица ни светица.Ама не бев јас онаа кој беше последните 4-5 месеци. Не бев девојката и кога е убав денот очите да и бидат полни со тага. Сега увидов дека малце дистанца е потребна. Не би сакала да звучам како некоја тетка ама да, на мои години луѓето доста се посовесни.И еве, овај јули тоа го дознав. Благодарам на бога, на сите кои беа со мене.За сета енергија која ми ја даваа а јас која му ја одземав, всушност бев доста лоша личност. И не сакав да излезам надвор. И после се, после тунелот увидв... Секој има право да прави што сака, за себе за неговите, секој има право да сири лажни информации. Како и секој има право да шири негативна енергија.Ама веројатно прво би потонил себе а потоа другите да ги удави. Сега не сме први јан. не е нова година. Ама дефинитивно it's a new me.
СДК бидејќи во соодветната тема,онаа за Дебели девојки и помали шанси за дечко,ве читав дека не било се до дебелината,ами до душата,се охрабрив да изедам 4 парчиња торта Само што,штета,досега не сум сретнала ваши истомисленици во реал лајф
Велат не донесувај одлуки кога си нервозен и не донeсувај одлуки кога си радосен. Така нешто у тој контекст. Fuck that. Ако е цитат и поред него има слика од некој што го кажал под дифолт не го прави релевантен. Не знам за вас ама јас најдобри одлуги у животот донесувам кога сум нервозен. Тоаш реалноста ме удира по глава. Се освестувам. До сега немам згрешено. Ете после не знам колку време, прееска ептен се изнервирав и така си седам нервозен. Баш пријатно ми е. I can feel it in my veins. Иако се нервирам за една работа, али процесирањето на информации ми е на повеќе страни. Така да ете, радосен сум што сум нервозен и ја имам таа шанса да се освестам себе RUN
Сдк Одликот на еден човек можеш да го забележиш и од далеку по неговото понесување, секој еден гест, секој еден збор се гледа оддалеку не е потребно да сум ти во близина за да сватам уствари каков човек си и дали уствари би сакала да ти се доближам или не. Трули вижни, изопачени вредности до бесвест, завист, неправди и зајадливост.. Само тоа гледам и слушам низ светов .. Ретки се оние стории каде што човечноста и хуманоста, убавиот збор и културата се одлик на една прекрасна персона, ретко ги слушам.. гледам.. Се нема повеќе ниту страв ниту срам нити граница и баланс за човечност! Ама јас љубам да зборувам, да мислам и да се надевам на она човечното.. прекрасното..
Зборот. Зборот е страшна работа. Ако излетаат погрешни и тешки зборови од нечија уста, и се залепат на нечија душа, што тогаш? А ви се има случено да кажете нешто, ептен што не треба?Мене да. Вчера. Се однесував ужасно. Не се препознав ни самата себеси. Тоа не бев јас или барем не верувам дека бев, не сакам да бев. Така некако, нешто меѓу ова. И беше што беше, сега како до исправка? А зборот е опасен и не се враќа назад.
Дека многу го сакам Мојот Филип...Тој е се во мојот живот.И после долги 3 месеци конечно утре ќе ги видам.И ве сакам сите на форумов.
Горда сум на себе. Што и кога сум болна и врзана за кревет, наоѓам сили да станам и да ги завршам обврските. Што по секоја бура, јас повторно наоѓам начин да најдам нешто позитивно од тоа. Си се сакам најмногу.
каде сум јас...во кој лавиринт..во која пајажина..има ли правдина за мојата добрина...зошто секогаш наивните и добрите страдат...сакам да излезам..да избегам..да се ослободам..ќе го најдам патот..ќе го пронајдам излезот...светлината од темниот тунел...ќе излезе пак пред моите очи..знам..го можам тоа...
Ако некој некогаш ја изговори фразата ,,Најде со жени да се расправаш" kindly fuck off and consider yourself dead to me. А вие жените што се смешкате на ова, се надевам свесни сте дека ова е најдеградирачката работа кон вас што може да излезе од нечија уста.
Не се ли запрашале дека овие нашиве инфлуенсери веќе преоѓаат форма на питачење? Ма стварно не ми е гајле за нивниот живот. Не знам кој воопшто им плаќа побогу?! Стварно некој се лаже да купи нешто само зошто тие го рекламираат? Па и платени реклами на обични луѓе за да ги заследиш рандом ти рипкаат низ инстаграм. Фучка ми се за газдарицата на Мана што сака да стане инфлуенсерка со нејзините чизи и веќе преоптеретени изјави - љубов ми е или не знам уште што ко да го пишал Јода или Микроби, јер креативност, 200 пати ми искочи на реклама. Ех тој Тоше певачицата такоѓе со влошките Тианде што не знам веќе што лечат. Или Лила и Ревалид шампонот. Стварно преоѓа во патетика болната желба да се гагаш и да питачиш. А да не дискредитирам колку од фациве се должни богу и народу и уште користат ствари и очекуваат беспари, на крај сепак им наплаќаат, ако им се заканиш со тужба, ти вика - и јас тебе ќе те тужам. Мајке ми ми оди еден портал жута штампа да отворам и да ги лепам на тапет. Евтини сте бре! Евтини!