И што сега треба јас да направам? Да земам една пластична кофичка и лопатка и да ти претурувам по мислењата, бидејќи инаку нема со што да аргументирам, за една најобична дискусија. Поентата не ми беше да речам на Ким треба Нобелова да и дадат, туку дека секој има различни вредности и различна животна цел.
Дали вреди овој живот да се борам? Најверојатно не. А јас сеуште сум тука, се борам, без да ја добијам дури и најлесната победа. Живот...
Ким се омажила, Амди Бајрам пет дена прави свадба на внук му, а тоа што Европски Парламент се наполни со еврофоби и неонацисти, воопшто не е ни битно. Господ нека ни е на помош...
Која може да заклучиме дека е глупа, површна и нехумана. Не си го оправдува своето постоење. Не, не ми беше во тоа поентата да копаме, туку да ти прикажам (прво ми дојде тоа мислење, отидов на најпоследната и најстарата страна или меѓу последните, тоа ми дојде) како може некоја глупост тебе да те погоди, а тек па замисли колку такви крупни глупости го вртат светот наопачки. Ај да се вратиме во реалноста и да се обидеме да се вратиме во зенот,оти реалноста е каша попара. Доста беше за Ким. Ана Каренина, исто ти се фаќа за што ќе зборуваш. Тоа е едно та исто, шарлатанство без срам, некој малку поинаков џет сет за иста цел како и на Ким нали,само демек посериозно е.
Не трошете премногу пари на козметика затоа што никогаш нема да изгледате како девојките во каталозите.Рекламите во козметичката индустрија се утопија!
Деннот по утрото се познава и да баш е така... Прво кафе во 7 , второ во 8 , трето во 9, четврто во 4 , а петото во 6 Ке добијам удар сега кога ги изброив ова одамна ми се немаше случено да претерам со кофеин но до вечер веке никакво кафе сигорно ! Иначе несакав тоа да кажам , нешто друго сакам да кажам а тоа е дека сум насмеана бидејки денеска насмеав една сиромашнна жена.. Ми тропа една сиромашна жена , со 3 огромни торби на рацете и ми моли да купам нешто од неа но и реков дека сега баш ништо не ми треба друг пат и ај ок си појде жената. После 5 минути слушам како многу заврна и како некој да ми тропа надвор пред куќа , кога излегов ја видов жената како се тресе од студ и се закрила под стреата на мојата куќа но очигледно повеке гледаше да ја сокрие гардеробата што ја продава да не и ја упропасти дождот бидејки од то вади парче леб и реков влези , ме гледаше со толку тажни благодарни очи и сварив кафе да се стопли и ставив благо ја помолив за ручек не сакаше , додека седеше и побарав да ми покаже што носи за продавање и ми падна жал па купив 5 блузи секако дека ке ми се најдат а и нека има жената денеска парче леб да јаде. Кога си појде жената солзи и потекоа од очите што сум ја примила беше многу среќна а јас уште пресреќна што некому помогнав.
Јас сум била многу глупо девојче. Толку сум глупа што за 13 години живот не сум сфатила дека сум глупа. Кренав претешка клупа и јасно дека ми падна на прстот од ногата. Гадно беше. Никогаш ништо не ме болело повеќе! Сега ногата ми е во завои и ми се плаче. А утре ќе правиме групна слика за крајот на учебната година. Колку убаво ќе изгледам со завои на ногата, сигурно ќе ја памтам сликата до крајот на животот. Всушност, зошто да не? Баш интересна слика ќе биде. Сигурна сум дека ќе плачам кога ќе бидам стара и ќе ја гледам. Само што нема да велам дека во наше време било убаво, туку дека кога сум била мала сум била многу глупа.
СКД дека ја изгубив довербата во сите.. Се се промени.Само од една личност се разочарав и веќе ја изгубив довербата во сите останати.Зошто станав толку ладна и сурова личност заради таа личност? Се прашувам зошто? Немам одговор. Си го сакам и си го барам времето назад.Времето кога си возев велосипед по улица, кога се прскав со црево, кога си ги вадев цвеќињата, кога гледав телевизија, кога играв на буквата на тараса со баба ми, кога се лулав на лулашката, кога не излегував до доцна во град, кога не бев затрескана во сите машки, кога имав другарки кои не ми зборуваа зад грб, кога за ништо не се грижев.Ми недостига тоа време кога не ги сфаќав личности онакви какви што се.А сега? Сега сфатив дека секој си гледа само за себе да си ги задоволи своите потреби.Можеби така е и најдобро:да си гледам и јас само за мене, бидејќи ретко кој ти мисли добро, освен твоите најблиски.
Јас среќата би ја дефинирала како „една кутија од омилениот сладолед, пуштен албумот на пинк флојд а надвор врне дожд“. Што ми треба дечко да ме топли, си имам ќебе. Убав ден беше.
Не сакам да учам во гимназија бе, не сакам! Јасно ли ти е дека не сакам да останам тука?! Јасно ли ти е дека не го сакам животот овде? Јасно ли е?! Не е, нели?! Не заслужуваш да те нарекувам "татко"! Мојата желба одсекогаш била далеку од твоите мерки. Мојот избор не ти е важен. Јас не сум важна, нели? Не сум твоја играчка! Нема да го учам тоа што ти го сакаш!!!
Ги почувстував пеперутките во стомакот,конечно,по долго време. Црна коса,плави очи. Ќе се затрескам јас,така ми изгледа.. не е на арно. Колку вистина има во ова..
Абе обожавам луѓе што бришат луѓе од живот,а утре ги гледаш заедно на кафе. Ми се допаѓа таа доследност и искреност. Само ме интересира дали им кажуваат на истите дека момент порано ги бришеле...
Толку многу ли грешам што само ја кажувам вистината? Толку ли грешам што кажувам дека не треба да се запостави друштвото ако се фатило дечко? Толку ли е поважна љубовта(која во овој случај не е љубов само ај)од другарството? Што е со другарството? Што е со луѓето кои ти биле се до пред некое време? Што откако ќе заврши таа фамозна љубов? Повторно ли ќе биде се по старо ли? Премногу ми шетаат на нерви овој тип на луѓе. Разбирам,ајде да се излезе,да се биде со човекот кој го сакаш,но да се биде деноноќно со него и воопшто да не се посветува внимание на друштвото кое било секој миг со тебе до тогаш? Толку ли грешам што си ги сакам другарките назад кои сега скоро не ги препознавам? Ох...
...неделава правам 6 тестови, Господ нека ни е напомош и на нас учениците и на лудите наставници ....
Спојлер Најпрвин сакам да се извинам за постот кој го напишав, бидејќи не се однесуваше на поплавите, туку на дождот. Тогаш се уште не знаев за поплавите. Се извинувам на сите кои ги навредив. Знаете што? Не ми се верува дека научив да свиркам. Толку време се учев и конечно. Абе мераци. Сега, знаете, си зујам нон-стоп До тој степен што и устата ме заболува и треба добро да ја размрдам за да ја вратам во нормала. Дома веќе не ме поднесуваат. Слушнаа ли нешто пригушено како тинка, се знае кој е. Прееска се нервирав, не можев една задача да решам, и онака издишувам, а притоа си свирнувам. Ко некоја ментално ретардирана сум. Во продавница - свиркам, во школо - свиркам, по пат - свиркам. Ама за жал, уште не можам да фатам интонација. Леле кога ќе се научам, нема да престанам со швајцарската пезна на евровизија, сега засега, ја шушкам, онака безвезе Имајте убава ноќ! Нема смајли со свирање http://www.youtube.com/watch?v=kjWG0oNpWog
Здраво девојки. Ова ми е нов профил,морав да направам нов профил. Сите многу добро ме познавате Кој сака да знае која сум нека ми пише лична порака ќе му кажам. Поздрав до васссс
После 4 месеци копнез по бивсиот,денес ми се разбудија одамна заспаните пеперутки во стомак,мислам дека почнувам да се заљубувам
Не ми се верува. До пред некој ден се радував што ќе се откачам од вас, а сега душата ме боли кога ќе помислам дека имаме уште помалку од две недели. Дел од вас можеби нема никогаш повеќе ни да ве видам... Ништо не е сигурно... Всушност, едно е сигурно.И ние можеме да бидеме силен и сложен клас. Се надевам.. Ве сакам сите, вашата Лајтнинг. <333