Човек што се гага или човек што ќе му платиш да ти пивне од пијачката при тоа да се слика и да ја стави сликата на инстаграм.
најголема грешка што може човек да ја направи е да се довери ,отвори и даде себе си на погрешна личност
Она кога ги читаш т.н. алфа мажјаци како на женски форум се фалат и натпреваруваат кој е најголем маШ и најдалеку од „педерчиња“ преку тоа кој колкав полов орган има, како пискаат и вриштат ко Тарзан и „летаат во други димензии“ за време на секс... Flying cars in the future, yeah right
Ако паднеш,крени се. Ако се засрамиш поради други,крени ја главата нагоре.Гледај ги сите право во очи. Покажи цврст став.Не потклекнувај пред будали. Парите лесно се враќаат,но угледот не.Затоа пази што правиш. Сакај се себеси за да ги сакаш и другите.Сакај ги и ако не те сакаат. Не дозволувај им да ти ги срушат сништата.Терај по свое,но остани човек. Овие совети ми се многу вредни.Се трудам да ги применувам. Понекогаш грешам,но учам и се поправам.
Си гребеме грепки и си разменуваме мисли “што ако”. Што ако ги добиеме овие милион евра? Ќе си купиме поголемо станче, кола и поголем мотор од овој сега. Ќе шетаме по азурен брег оти и двајцата таму сакаме, а колку и да го планиравме за годинава... планот потона длабоко во Јонско. Дел од парите ќе ги донираме на помалку среќните. Или ќе изградиме дом за бездомните. Ќе ја делиме нашата среќа со секој на кој ќе можеме да му помогнеме. А за нас.. може ќе си купиме и малечко бродче. За да одиме малку подалеку од обала, каде тој ќе може да лови риби, додека јас читам англиска литература или германска филозофија. И во тој момент на тв оди новост дека некој го нашол милионот денеска. Не сме ние. “Ние сме добри луѓе. Не мислиме зло, не правиме зло..” - ми велиш. Знам љубов, знам. Не биле наши. Ние сигурно не сме го наполниле доволно со љубов малецково станче за да добиеме ново. Ќе бидеме среќни со тоа што веќе го имаме, малецко станче, што мириса на љубов, разбирање и многу соништа и планови. Ќе си се сакаме и гушкаме секогаш кога ќе можеме. И кога станчево ќе биде доволно полно љубов, кога ќе си ја исполниме нашата кауза овде, веројатно ќе добиеме ново, каде ќе можеме да си ја шириме и негуваме љубовта и да го исполнуваме секое ќоше со она што најдобро го знаеме... А во меѓувреме ќе си работиме на надежите..
Ех да е само овој пример, супер ќе беше...од секогаш први провоцирале, не' навредувале и се и сешто, ама не бе, има и фини од тоа си патиме, страшно и жално.
СДК Дека право на говор е абсолутно. Слобода е. Потребно е. И да иде контра нас, и да не вреѓа. Говор е говор.
Ова е пример само кој може да се види на фб,а да не збориме за надвор што се случува,тоа е страшно нешто.Ама за све има крај,ништо не трае вечно.
Ги молам сите 'мамички', да се спуштат малку на земја, да не се прават совршени мајки, и да не мислат дека само тие знаат како треба и што е добро, а сите други се лоши мајки. Посебно оние кои имаат нормални сопрузи и кои имаат разбирање од нив и имаат пари да плаќаат жени за чување. Да си ја чукнете главата, и да знаете, дека не секоја жена ја има таа повластица, и не секоја жена е иста како вас! Не сте вие совршени, туку сте самобендисани, арогантни 'мамички', без ни малку емпатија и разбирање за другите. И не се вели 'бебе', 'дете', туку 'бебето', 'детето'.
Имам милион зборови, милион солзи, грутки еден куп и онака... не ми се филозофира. Лесно е да се мрази. Лесно е да не се разбере. Лесно е да не се научи. Па живејте таков лесен живот, тоа е... Да ви давам лекции за љубов е глупост. Јас не ги сакам сите. Во оваа точка овде, точкава на живот, точкава на граница на пукање, да беше душата топка исшутирана, парталава, издишува... затоа што тие што ги сакам, толку енормно многу ги сакам. И се ме боли. СДК дека ќе пукнам, ништо ми нема логика, и се ми има значење сега.
Понекогаш ме нервира тоа што сум носталгична личност. Затоа и понекогаш одбегнувам да одам на места каде што знам како после ќе се чувствувам, за тие денови, за луѓето со коишто некогаш ми биле многу блиски а сега муабет не сме направиле од кујзнае кога.
Додека шетав куче поминав покрај вашите згради и куќи и ми текна како порано постојано влегував таму, немаше ден а да не се видиме. Боли што се сменивте толку сите, зарем се' заборавивте? Јас не ве заборавив..
Животот е многу чуден и пресвртлив. Никогаш не можеш да бидеш целосно сигурен на што си. За жал најчесто повеќето се опуштаат и мислат дека се е во ред и тогаш ко од ведро небо една врела шлаканица ќе те освести и ќе те врати во суровата реалност. И тогаш сваќаш дека си станал оптимист а не реалист што иствари е поблиску до песимист. Ништо не е сигурно ништо не се знае. За еден миг се може да се смени. Па како ли тогаш да се живее? Најверојатно е многу подобро да се живее сега во овој момент и за себе а не за и во иднината....