Чувството кога во исто време косата ти мириса и на лук и на Bvlgari шампон Прво,на лук ми мириса бидејќи на скалпот се тријам со лук за против опаѓање и да ми расте нова коса,од порано ми е испробано и стварно делува Второ,на Булгарито ми мириса,оти сега ја миев косата,ама мирисот на лук никако да исчезне скроз,ами шо ќе исчезне,еве 4 дена по ред се мачкам со лук А шампончето,ми го даде на подарок другарка ми кога се врати од Дубаи пред една година,и го чував љубоморно,не сакав да го трошам,го чував демек за посебни прилики,ама тие посебните никако да дојдат,и денес си го сефтосав,и настрана тоа што сеуште се осеќа миризба од лукот,шампонов е преубав
Можеби тоа беше само знак. Знак дека е потребна промена, веднаш. Знак дека е доста со ова досега. Одамна го имам тоа на ум, одамна чекам нешто да ме освести. Незнам дали ќе успеам, но ќе се обидам и ќе се потрудам максимално. Си ветувам сама на себе.
Не ми се верува што се не прочитав во темата гатање и тоа само на последните 3-4 страници Ај разбирам донекаде млади девојчиња што им е интересно да им предвидуваат дали ке бидат со симпатијата или дечкото, исто како ние што си гледавме на кафе кога бевме тинејџери, ама возрасни, семејни луѓе, па и деца мкнат по жени, по баење Луѓе толку заслепени по одење на бајачки што не можат да препознаат ни сарказам во пораките ни ништо, само за да дојдат до број од некој бајач. Млади луѓе, со пристап до интернет, каде се можеш да најдеш и прочиташ во рок од неколку минути, жално...
За сите оние што ги оставиле своите девојки дечковци,фамилии поради работа во странство,макар и на 3,6,8, месеци. СЕ НАДЕВАМ ЕДЕН ДЕН ЌЕ СФАТИТЕ ДЕКА НАЈВАЖНО Е ТИЕ ШТО ГИ САКАТЕ ДА СЕ ПОКРАЈ ВАС. Самотијата ќе ви го покаже своето лице, од неа ќе научите многу работи, позитивни, негативни..ќе ве научи да се борите САМИ, да САМИ. Навечер, кога затворате очи, кои слики ви идат? Се прашувате ли како се чувствуваат вашите без вас....? Да, парите се важни..да,во Македонија нема да имате толку пари како што имате таму.. Да, ги немате сите можности кои ви ги отвора светот, немате ни толку материјални добра тука.. Но, што кога пропуштате животни случувања без разлика дали се добри или лоши? Дечкото ме остави замина, ете, замина и тоа каде што има слаба интернет конекција, па нашето се сведува на 2 реда напишани неколку збора. Да, би одела само ако би биле во некое подобро место. Ете одговор. Не планирам да пропагирам 'ОСТАНЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ' Ова го пишувам од духовен аспект. Најважен дел од секое човечко битие е ЉУБОВТА! Не бидете себични. Имајте убав ден!
Сакам да кажам дека ако кавга почни во некоја тема, кога ќе се заклучи, кавгата продолжува во "прашања за форумот" и "што не ви се допаѓа на форумот". Што ако кавга почни таму? Камо продолжение?
@theowndemon најверојатно ќе се префли во темите за религија,секс или политика. Или во некоја друга тема има и други теми дал Господ на форумот. @joy1 и тоа што некој менува бои на лицето кога е во прашање расположението не го прави да биде камелеон или семафор.
Искрено и од срце ги жалам уште сега идните деца на млади ограничени и екстра конзервативни луѓе, на кои баш им е најголема животна цел родителството. Кои насекаде гледаат страв од неморал, неприродност, помодарство и мрчат за секакво задоволство дури и кај возрасни луѓе од тој аспект. Некој најзабеган ќе сними и видео за перверзни и сатански симболи во цртаните филмови и дури и на тоа одредена сума на прост народ ќе падне... не ми се верува понекогаш на што сѐ налетувам. А ќотекот, по некое шамарче за кое нормалните луѓе „драмат“ од друга страна секако е дело на ангелите и излезен од рајот... Ги замислувам како ги носат само по цркви и по митинзи со знамиња и како им чатат со кандило ако не дај Боже машко посака да поигра со кукли или женско со камиони +++ А многумина кои се интересираат за детска психологија и навистина сакаат деца од аспект на слобода и како што треба да се сакаат во 21 век, се преиспитуваат за потенцијални свои и се несигурни дали и би ги имале во иднина, сметајќи ја таа улога за преодговорна. Како и во сите сфери на животот со неоправданата самодоверба низ светот...
Тука може несакајќи да налеташ на својата мајка,сестра,братучедка и некој женски член од твојата фамилија. Замисли и пишуваш недолични пораки на соспствената мајка ммм Да имаше мозок да се размислува убаво би било Можеби со примеров ќе направимерефреш на мозокот и ќе направиме бумбумна тимбата П.с Овој Зоки колку ме нервираако го дознаам кој е ќе го искршам од ќотек
Треба да се создаде специјална тема за кавги меѓу членовите. Друго нешто,постојано се шокирам од некултурата на касиерите и касиерките во маркетите.А,бре,луѓето си плаќаат со парите што ги имаат.Некаде е проблем да се плати со покрупни,а некаде со поситни пари. Па,се бунат и викаат по муштериите.А,што се муштериите виновни што некој друг им дал многу ситни или крупни пари и што државава прави разни пари ? И уште ако направат грешка на сметката и им посочат на тоа,се претвораат во ротвајлери. Па,кај ви е паметот,бе ? Или ви се краде и мислите дека никој нема да примети ? Чесноста е непознат поим во државава !
Здраво луѓенца Долго време ве следам па решив и јас да станам дел од форумов Од сега ќе се дружиме , ми ширите позитивна енергија
Сакам да кажам треба да излезам за пет минути, ама јас ќе пишам мислење на фемина и ќе јадам Стоби Флипс од пица. Некогаш е мачно да си тој кој чека сам постојано.