Одам на автобуска а таму седнати дечко и девојка, се лапаат се фаќаат мислиш во соба се.. и ги загледав... Чисто онака затоа што цела клупа ја фатиле.. Доаѓа една женичка околу 50тина год и ми вика - девојче не ти е срам да ги гледаш?! И викам - нив не им е срам да се лигават? Зошто да ми е срам, не ми е јасно.. уште малку па да се расоблечат од страст како се драпаа..мене да ми е срам или нив? П.С... дежаву ми е ова.. веќе неколку пати се дешава..
Нешто слично на муабетот на дасти. Го пуштам малиот во школски и доаѓаат 14 годишни на лапање. седнуваат на најскришното место ама таму има камери кои не ги приметија. уз пат им дофрлив да знаат. велат не им сметало. велам ја да ви кажам дека утре може некој да си го мава на вашето драпање. Им се одмили и си отидоа. И така.
Здраво фемина. За тоа колку сум неодговорна кажува фактот дека маусот од компјутерот ми е зафркнат со години, ама никако не купувам нов. Ок, повеќе и лаптопот го користам, ама ете деновиве се бориме со овој маус што мислам дека потајно е мазохист. Добро, не толку потајно. Доаѓа август некако толку брзо, времево го замислувам како пекмен кога си ги лапа бонбончињата, така времево деновите. Си ги замислувам работите. Си ја замислувам Coming back to me, и i saw you што цел ден без осет ми дреме на мислите. Деновиве и некои работи ми се причинуваат, ама за тоа ќе ги обвинам наочарите, пред да си препишам некоја дијагноза. Изморена сум, и некако...ми се прави муабет со рандом луѓе за рандом работи, некои далечни од животов. Зааа..не знам, топлите тротоари во Исланд, за мачето со крената лева рака што носи среќа, или десна, или двете раце, за тоа што кола пративме во вселената, ама лек за рак не најдовме...уствари за ова веќе правев муабет. Ми недостасува брат ми. Не е ништо ново, ама некои моменти навистина многу. Измислувам патувања, можам туристичка агенција да отворам. Каде и да отидам, работите исти ќе останат. На ви, и вас да ве обземе Посоздржајно, се надевам за брзо време, ако сум емотивна, се надевам годинава, ако сум рационална.
Ако не ги памти емотикониве и ставањето на истиве покрај името во ник за да изгледаш покул, мал/а е за тебе...
СДП до кога на некого ќе му смета моето неконсумирање на алкохол? И зошто луѓето кои не го консумираат истиот се сметаат за не океј личности? Бдв пијам,, чаша - две а некогаш и воопшто
Се додека нестанеш од маса и не му кажеш чао на тој што му пречи тоа. Затоа што они кога се трезни не се ок личности,ете за тоа. Не дозволувај други да ти го живеат животот.
СДК дочекав момент да не обрнам внимание на срцепарателни песни,знаејќи колкав емотивец сум,ова е премија за мене Бев кај другарка ми,пушти музика од Тоше сите балади по ред,па од Ѓорѓи Крстевски и Владо Јаневски,си пееше и си тажеше во исто време,јас по некој поглед и фрлав,а во меѓувреме јас го гледав Али Баба и 40 разбојници на Сител #ЕднаОбичнаВечерНаСтариЧупи (според правилата на комшиите)
Подај му рака на човек кога му треба. Ако ти се намоча на истата измиј ја и стај си ја у џеб. Ти пак имаш рака што дава, а тој не. Просто е нели?