Интересно е тоа како некои луѓе сами се одалечуваат и незнаат да ценат подадена пријателска рака,работава испаѓа дека молиш за некој да ти биде пријател ,да ви кажам повеќе не се замарам со такви,што сакаат нека прават,ниту сум очаен за такви личности,ниту ме интересираат. Ви благодарам што ми отварате очи.
Понекогаш човек мора да отвори и да каже се... Не сум исклучок. Можеби подоцна ќе се чувствувам глупаво, но морав. Една глупост (да ја наречеме така) која ја направив ми пречеше...многу време. Сега ми е полесно. Сакам да бидам позитивна. Можеби ќе успеам сега.
Сакам да сум онаква каква што сакам да бидам.. Знам дека се замарам со глупости како на примет ‘Уан Дирекшн‘, но сепак сеуште дечките ќе ги респектирам, дека ако тие не беа. Имав и прилика да отидам на концерт, но нешто поубаво од семеен одмор нема! Нив можам да ѓи видам после 100 пати, но дали ќе имам прилика да отидам со моите на одмор друг пат? Како што стојат работите, не верувам. Сигурна сум дека многу поинаку ќе беше сега. Све ќе беше поинаку, и кученце ќе си останеше емотивна и наивна Но, сепак сакам да се подобрам, да си го гледам својот живот и да не се замарам со некој што не заслужуват да ги спомнам. Љубоморните планирам да ги тргнам. Почнав да размислува да си ја средам собата, за понатаму. Сакам да си останам класична, несакам да бидам ничија копија, сакам своја да бидам! Нема повеќе да се трудам да зборувам на својот дијалект, дека искрено не ми оди. Зборувам само за да не ми преречуваат луѓето дека се малограѓани. Од секогаш сум зборувала литературно, и така и ќе продолжам да зборувам. Може е глупо, и знам дека никој не го интересира за мене, но морав некаде да се искажам
Каков стресен момент сум имала денес на работа, се прашувам од каде ми дојде таа сила да реагирам веднаш, без да се испаничам. Да ми ја предвидеше некој однапред целата ситуација и да ми кажеше дека дете ќе лежи долу на под , без свест ..јас со сигурност ќе бев негде на страна од страв и паника.Но не и денес , викав за помош колку ме држи гла., Го кренавме. Го мавав го ладев со вода ...и агонијата за момент попуште. Иако после тоа се тресев како есенски лист на гранка мислејќи што ќе биди како ќе биди. Фала му на Бога рекоа се е во ред....се надевам не ме лажеле. Го молам Бога , оваа моја одговорна -до небо , професија д а не ми приредува др пат вакви моменти.
Гмо free = содржи гмо. Се фрустрирам од капиталистичките лаги. Како и од неначитаноста на народов. Чао.
Никогаш. Никогаш нема да бидам добра за никој. Бев спремна за секого да направам сé, но они за мене не верувам. Ме напуштија личностите кои знаеја сé замене, ме оставија сама, изгубена во просторот. Никогаш нема да биде како порано, нема да го дозволам тоа, нема да дозволам да бидам повторно повредена. Поминавме многу време заедно и имаме многу спомени кои никогаш нема да ги заборавиме. Уствари да се поправам НЕМА ДА ГИ ЗАБОРАВАМ, не сум баш сигурна за нив. Во ништо веќе не сум сигурна.Сега имам другарки и другари кои ги повредувам поради минатото. Страв ми е, страв ми е да не се случи истото. Секогаш јас бев таа што се труди да се смири со некого, секогаш јас попуштав. Но изморена сум веќе од сé, од животот. Само надоаѓаат проблеми, а никако некој да го решам.Се навикнав да се смеам и кога ми е најтешко. Никој не приметува дека не ми е добро, дека се наоѓам во најлош период. Постојано се карам со некого и сеуште незнам во кого е проблемот. Во мене или во нив? Секако сега сите ќе речете "секако дека е во тебе, штом со секого се караш". Но јас не мислам така. Кој ме познава знае каква бев до пред 1-2 години. Никогаш не сум се однесувала вака. Секогаш сум била смирена. Но знаете што се случи ? Ми пукна филмот, не можев повеќе да издржам, да ќутам. Не можев веќе да чувам во себе. Премногу работи се случија набрзина. Како и да е, што и да речам, што и да направам на крај пак Авенџд е крива
Чудно е како може некоја личност да влезе во твојот живот и целосно да ги промени работите. Да го промени твојот живот кон подобро, да влее надеж во секое поле и да ја прикрие секоја пора на несигурност. Да ги откорени сите стравови и да влее топлина во твоите гради. Стануваш позрела и постабилна личност заедно со него. Созреваш. Тој е твој љубовник, твој пријател, твоја душа! Да љубиш и да си љубен безгрижно со целото срце, без страв. Пронаоѓајќи во него вистински лик на човек, во овој свет преплавен од маски. Неопислива среќа, може само да се почувствува.
И ти си ми била другарка,подобро со папагалите да зборев отколку со тебе да ги поминам последниве 3-4 месеци.У пм нека иде и нашето пријателсво...До таму ли стигна па да ме вреѓаш..девојкоо освести се што се сум правела за тебе.... Forgive YES Forget NEVER
Додека се трудиш и планираш да биде се совршено за да уживате заедно на најдобар начин тие веќе нашле други каде што без никаков напор средиле се како што треба ... Жално но навистина подобро е пред време да го дознаеш оваа отколу трудот да ти биде за џабе
Не ми се верува луѓе,успеав. И докажав на наставничката по математика дека 5ката ми е заслужена. Од цееела генерација само јас и мојата симпатија 5ки на тестот со сите можни бодови,уште и ни вика не очекував искрено,да не препишувавте,зошто он е позади мене,па демек можно било,а врска нема,а и за мене и него викаше дека ни биле попуштени оценките. Ама се заинатив вечерта учев како будала. Ете се се можело кога се сакало и кога се имало волја. Ајде нема да купам часовници,така нема да се запознаеме,ќе ве носам на вечера,утревечер,дотерани средени,во ресторан фемина,во 20часот,нашата прва собиранка,јас плаќам,пијте,јадете колку сакате,частам. Добра ноќ,феминки.
Ако мислиш дека во партијата на животот ,мора да блефираш,тогаш да ти кажам дека партијата од старт си ја изгубил. П.С.не реплицирам повеќе да не ме бришат.