...се во животот се случува со причина,ништо не е случајност. ** СДК ми здосади од ова школово веке,писмени,тестови испрашувања па и екстерно, аман веке! Сакам лето,сакам испагања,дружење,седење до колку сакаш,гласна музика и го сакам него ! Чао,поздрав и се најубаво
Значи преку таквото ми е од лажни пријатели,га.о лижачи на шефчиња и слични на нив,лажни бракови и врски,лажна љубов,користољубци,оговарачи,ма се се се ми е преку таквото!
Oh my... http://www.youtube.com/watch?v=y4ZeeAmx ... e=youtu.be Deserves standing ovation !! Can we all rise and observe a moment of silence…
^само мене ми пречи начинов на интерпретација на читаниов текст и акцентот/остаток од дијалект? Ако веќе настапуваш јавно, зборувај литературно и одмерено, не нападно и со набилдан пристап дека си на повисоко ...ај да не бидам безобразна, нема везе ама кој знае кое литературно дело си мислела девојкава дека го чита Како и да е, во секој случај добра е содржината на читаното
Имитација на скопски дијалект ? Од каде таква потреба ?? Невермајнд, мислам мизерни, неспособни ... ?! Опрај се навреме, те преколнувам...
^ мора тешки зборови за да се запази силината на шекспировото (или евентуално молиерово) дело. Џабе поентата е убава, кога е на лош начин прикажана Инаку, не алудирав дека треба да е скопски туку напротив, според мене не треба говорот (во случајов читањето) да има било каков дијалектен шмек, така кажаното некако ми губи од значење . Истото важи и за скопскиот дијалект доколку би било читано на таков.
Не можам да ви објаснам какво чувство ми буди кога ги гледам овие 24 ушиња кои ѕиркаат од кутијава. Ми оди да ја брцнам раката и да ги галам до изнемоштување и да си умрам од мекотија. Како бе може така ѕверски некој да ги остави спакувани во кутија? Башка кај ги нашол 12? Та дури и веќе пораснати... Сакам сите да ги вдомам!!! И да бидам девојката со мачките. И стара мома. Крејзи кет уоман!
Некои оставаат деца без око да им трепне, не па мачиња... За жал... Инаку преслатки се, би сакала да можев да чувам едно маченце.
Има ли нешто погрдо за гледање кога 40 годишна жена се однесува и облекува како 20 годишна девојка? Има ли...?
Па ако така се чувствува,како дваесетгодишна-зошто пак да не се облекува? Тоа што има 40 ,не значи дека треба ко „теткица“ да се облекува.
Па ако носи мини сукња под која и блескаат бутовите,или и ѕирка стомакот под кратката кошула,или носи дреч сина сенка на очите,и се кикоти и скока...тоа мислам нема врска со чувството дека е помлада,одколку што е. НЕ? И поимот теткасто што точно значи?Должина на сукња до колена,пристојна должина на кошула и квалитетна дискретна шминка? Не баш..
Е па драга моја луничке,од самиот почеток требаше да кажеш за бутовите и кусата кошулка.А всушност,ако неа и прави кеф така да се облекува....не мора да ни се допаѓа и нам,нели? Годините не се мерило за тоа како треба да се облекуваме-нормално ако е се во склад и соодветен број.
Зашто сме фамозниот 21 век нели? Па затоа мора се' да одобруваме... Сите сме слободоумни суштества, па на секоја замерка за било што од општеството, наидуваме на коментари па што, кој, како сака. Па да, нормално дека како сака, сигурно дека нема да отидам и да и' речам на некоја таква што си се облекла вака и да не те видам уште еднаш. Ама дека не личи, не личи, тоа е факт за кој верувам дека сите би се сложиле. А таа пак нека прави што сака, се додека мајка ми не се облекува попровокативно од мене таквите не ми сметаат, ама ако сакам да ги коментирам, епа ќе ги коментирам. Уште стојам на тоа дека и 231 век да сме треба да постојат граници. Се знае што е пристојно облекување. Всушност јас таква облека (од описот на lunicka) не одобрувам ни за тинејџер, а не па за 40 годишна жена. А за волја на вистината гледам такви се' повеќе и повеќе. Која е целта се' уште не можам да сфатам.
И така, дојде време, дојде денот, т.е утре е денот ама како и да е, тоа е тоа, фејс ди ријалити. Ве позравувам девојки и по некој фин и културен момак, имајте убаво лето без непотребни нервози и грижи, драматизирања и кавги, бидете позитивни, насмеани и со цел во деновите и делата. Јас заминувам на подобро место, барем климетски поише ми паше мене, а и финансиски по се изгледа. Аривидерчи
^^ Ајде ајде сречан ти пут, и знаеш како што, голема си да не те учиме, само немој после да си пишала во некоја тема - пробав со црнец и едвај преживеав. Се шалам цуцо, ова од една женцка што имала авантури во Америка, што знае да експериментира не внимавајќи на животот. Јас оваа година нема да ти бидам комшика, ај здравје наредната И мој совет-секој ден повторувај си по 5 македонски зборчиња, за да не го заборавиш македонскиот скапоцен јазик и за да немаме потреба за пола година-година да шпикаме инглиш уит ју, разбираш.
Дневникот е чудесна работа. Обично парче харија пред кое си ја соголуваш душата, се соочуваш со сите свои рани, сомнежи, стравови. Хартија на која ќе ги исфрлиш сите чувства, го затвораш и...светот изгледа подобар. Напишав се што ме гушеше неколку дена, не очекував дека ќе ми биде волку подобро... Потоа се вратив на претходните страници, денови, недели и месеци наназад. И знаете што сфатив? Дека не ме болат моментите кога сум пишувала и плачела, туку моментите кога сум пишувала и сум била среќна. Деновите што сум ги минела со прекрасна насмевка позади која стоела уште попрекрасна личност. Тоа ме боли.
Оние соништа кои сакаш да ти се реалност, се оние што никогаш нема да бидат, празни сонови. Ако не на јаве, на сон сме заедно де.. така иде тоа. Добро утро.