На луѓево им треба еден курс, обука за љубов. Да научат да си ја сакаат државата, восхитувајќи се на нејзините природни убавини, нејзината култура, литература и уметност - а не мразејќи цели други народи поради (некогашно) непријателство меѓу политички врвови. Да научат да го сакаат Бог за свој мир, надеж и со убави желби - а не со ограничувања, осуди и навреди кои ги накалемуваат на другите. Да научат да си ги сакаат своите драги познаници, роднини (обично помлади) и чеда, давајќи им слобода и почитувајќи ги како индивидуални личности - а не со поглед од врвовите на авторитетот и со сопствени замисли „за нивното добро“. Толку многу луѓе се во заблуда дека се полни со љубов и позитивна енергија, а се тотално спротивни на тоа. Со затруени души, усти и прсти кои навредуваат, повредуваат, го срамат и ја уништуваат сликата за сето она што им е свето. Во концептот на љубов логично нема место за омраза, осуди, ниту пак за контрола и моделирање.
Секако дека се зафатив да гледам уште една кинеска серија од 66епизоди од по 45мин, зарем некој се сомневаше во мене? Уште да можев некако да допрам до јазикот, шеше шеше, еми нешо друго ќе се науче ли? Толку сум продуктивна. Ехееее колку имам јадено трици за тоа колку информации ни се достапни на интернет, а ние икони и амин споделуваме на фб и лајк за болните дечиња ама видиш, кравче што прави на интернет. Фантазија, пет кралства, борби, војни, она уствари е принцеза од лотус, ама ни сама не знае, и иде ги тепа сите. И сега ќе гугламе martial arts ќе си влагаме у филмови Името значело експоненцијал, небесна светлина, месечина што го покрива сонцето... Мислам... дали навистина толку многу имаат значење нашите имиња? Ми се плаче, ми иде да се откорнам од плачење, тоа да си кажам. И ништо нема да промени, ама не знам што повеќе да правам.
Се прашувам од каде потекнува таа омраза внатре во луѓето, омраза кон цела нација или раса или религија. Тешко ми е да влезам во памет на човек со таква омраза, па ја и нарекува патриотизам. Не е само за ова што зборат македонциве за пожарите во Атина. Во држави и држави постои ваквиот менталитет. И дури страв ме фаќа кога мислам на тоа... Човекот е ептен факинг чудно битие со факд ап размислување. Знам дека звучам клише. Ама кога размислувам некогаш за вакви работи се ставам во многу лошо расположение, без надеж. Емпатија, луѓе.
Сакам да кажам, пишувам не убаво звучи. Ништо. Само знам дека паника ме фаќа и некое неубаво чувство. За убаво нека е .
Сакам да кажам дека треба да станам рано наутро,а се уште не ми се спие. Морам да си го апдејтирам паметот.
Сакам да кажам дека... Секојдневно во светот, Сирија, Иран, Ирак, Авганистан, Украина, Чеченија, Сомалија, Судан, Египет, Израел, Палестина, Боливија, Колумбија, Мексико.... убиваат жени, деца, стари лица... Во Србија, Бугарија, Косово мафијата секојдневно ликвидира обични невини луѓе случајни минувачи....за Босна да не почињам.... Вас само са Хелените бре солзи ви течат па и група направија .... Дедовците во гроб ни се превртуваат, да знаеа ќе ги изд.каа татковците ваши во некој ров. Генерации Македонци сеуште страдаат од грките политики и пропаганда( власта ја бира народот, така да ова нема врска со политика, не ви важи).. А истите хелени сакаа да ја делат Македонија со Милошевиќ, 2001ва правеа воени вежби на нашата граница додека кај нас имаше војна, ни сменија име, знаме, Устав... Каде беа хелените да помогнат 2016та поплавите во Стајковци, Инџиково кога беа?? Да не не жалеа они тогаш? Да не праќаа 12милиони евра помош?? Е затоа не ни ја бива државава! И нема да ја биде... Абе да пукне војна сега сите ќе испаднат да слават со окупаторот... "Македонче гнило конче"
Сакам да кажам дека причина зошто Демон би станала толку рано е: сети дека врни и се втрча преку џам да собери кактусите. Добри вести, уште немаше ветер манато на таа страна и на оној дожд се суви. Вау. Втора причина би била зошто ѝ се можи.
...си седам јас така уморна и си велам на себе си "ајде станувај, уште овој живот и ќе се одмориш" #немисеживее #депресија #семиетешко #мемрзидаживеам #немиепоќејфживотов #кодаметератдаработамкогатребадаживеам #робот #сетешам
СДК #1 Не ми се коментира повеќе за Грција и омразата на одредена маса на луѓе и нивната омраза. Се знае што е добро а што не. Свесните луѓе не размислуваат на тој начин, нели. #2 Пред некој ден на еден муштерија му паднале 50 ден, истрчав и да му кажам, но рече не ги зема,одговорот му беше 'Почести се нешто од мене. Бидејки не сум таква личност, не ми е убаво, не сакам што и да било туѓо, се мислам дали да купам масло и да го однесам во црква или да ги дадам на луѓето што питаат ... Не ми е дојдено до пари.... #3 Навистина, почнав да размислувам да се преселам со НЕГО надвор од Македонија, преку глава ми е од срединава и црната хроника по болници ...
Не го разбирам ова-си ставил/ставила тетоважа на забележливо место на телото и постојано ја криеш? Ја на тетоважа гледам како уметност на телото и кога би се решила да ја имам на себе би ми била како дел од мене,нешто најнормално,што никогаш не би го криела се разбира додека е на пристојно и забележливо место за други погледи Инаку кога би решила да ставам тетоважа покрај парите да ми ја направат би тргнала настрана и пари ласерски да ми ја отстаранат за да еве можеби од таа причина бидам принудена да ја кријам,се друго ми е неоразбирливо и неоправдано. Навистина не разбирам зошто да се крие дел од себе си освен ако е недопадлива или не испаднала онака како личноста замислувала да биде/ја посакувала таа тетоважа. Амапа и тогаш може ласерот да заигра така да...
Ако можеш да почувствуваш болка, жив си. Ако можеш да ја почувствуваш болката на другите, човек си. Сите што се ситите на случувањата во Грција, се давите во сопствената беда!
Сакам да кажам дека кога разговарам со некои луѓе или пак читам одредени мислења, сфаќам зошто не сум многу дружељубива. И не, ако некој е за на психијатар, греота е да велиш дека е смрдливец, и не, само ако го неќиш не значи дека е за на психијатар. Just saying. Исто така, сакам да кажам дека ако се ситите на туѓа мака е гадничко. Едно е да си индиферентен, друго е да си засегнат, трето е да си загрижен, ама да се ситиш на туѓа мака е некое ново ниво на безобразлук. Just saying, tho. Патем, сакам да кажам дека сум се среќавала со мислења, теории, за личности кои прават одредени работи за внимание како: себеповредување, играње жртва и слично. И сега дури, да знам дека каснам мама ме вика неонка, се задумав, шо е со оние луѓе кои се жалат и се закануваат дека ќе си одат од форум, или дека ако не направиш нешто нема да направат тие нешто друго, или ако не им е по ќеф нешто се закануваат дека нема да го направат? Шознамевенезнам, ама нели овие вторите се копита, ова извини - манипулатори, а другите можеби само ја користат својата улога на жртва до максимум? JUST SAYING, не ме сфаќајте грешно, де. И за крај, сакам да кажам дека ако порано некој сум навредила - извинете. Ама порано. Сега не ми е гајле. Исто така, just saying, hehe. Останете ми поздравени. Или не, ако неќите, ништо не можи со сила.
Сдк смачено ми е, да толку млада колку и да ми викаат дека ништо не сум видела, имам видено и многу повеќе од што треба...Нели младоста беше убава? Нели ова беа најубави години? Само повеќе притисок ми создавате со тие зборови. Не знам ете не осеќам ни среќа ни возбуда ни еуфорија "не ми врие крвта" ни волја, ни енергија, ништо...
Другарка ми ми вика - леле изгорев денес на плажа, како добро би ми дошло да поминам некок ден кај тебе.. И и викам, повели дојди.. земи дуксер за преку ден и јакна за навечер.. И се откажа не можам да објаснам дека преку ден морам дуксер да носам од што е ладно
Кога ќе ти кажат на кои години треба да се мажиш... Вчера се најде таква особа.Според него,за девојче да се мажи на 27-28 години,доцна е И ситуацијата да биде потрагична,се работи за млад дечко 24 години.Значи ужас,ми се гади Јас ќе градам кариера,ќе шетам,ќе патувам,и врски колку сакам ќе имам,и со партнер ќе живеам....на 20 години деца да родам? Ок,има и такви кои се спремни за тоа.Ама мене младоста ми е една и сакам да си ја проживеам.Јас сакам да бидам независна,да ја работам работата од соништата и да имам свои пари. Значи ме иритираат вакви закоравени умови.Ако било ок пред 100 години пра баба ми да се омажи на 18-20 години,денес не е. И кога му го изнакажав сето ова,добив одговор.И тоа:Да,ама што ако се случи да останеш трудна и добиеш дете? На што му одвратив,дека дури и да се случи тоа ќе продолжам да учам.И дека,без да стојам на свои нозе,во брак не влегувам. Е омекна типот...Ама ме нервира дека се однесува спрема женските како послаб пол.Значи аман бре луѓе.Што се жените,малоумни? Јас сакам џентлмени,ама мачомени подалеку од мене. Најискрено,на другарка ми и пожелувам среќа.Тој,ќе ја „чека“ да доучи.Па вели „добро,можеби и тебе некој ќе те чека.Знаеш женските одат со постари машки,ама ти ако бидеш 27-28 години,а некое машко 32 години,не е баш.Машките во 20-те се подруги.Сега за него таман се 27-28 години да се жени,таа 3-4 години помала,значи некаде 23-24.Нејзе ќе и биде потешко,ама така си е...“ Не верував дека ќе се најде некој и мене да ме „просветли“ и да ми укаже кога треба да се мажам. Навистина жално оти е за млад човек.
Сакам да кажам дека најмногу ме нервираат девојки што се како ччкалица слаби и глаата тапан ми ја прават како они се здебелиле премногу и демек паника ги фаќа ау... секое видување со другарка ми,ми го прави тој муабет леле Види колкава сум леле што ќе правам еј,види подебела сум од тебе аии (а ја пази бремена сум) а таа е преслаба... незнам што и е муабетот...мнг ме нервира