Што е спремање за одмор без куфер што едвај се затвора, без спремање плејлиста од летни песни. за по пат, без понесување фотоапарат за многу фотографии. Секоја година истата подготовка ама сепак целиот тој ритуал е интересен. Само уште сонцето силно да светне ми фали.
Сакам да си најдам некое ушно апаратче, за да може да ги филтрира, гласовиве од: Ванаби другари Токсични луѓе Егоисти итн
Јас сум најсмотаното суштество на планетеава... Не сум способна за ништо.. Не не бива за ништо.. Затоа во животот немам исполнета желба.. Незнам да ценам, незнам да чувам... Нема ни да имам...
Глупости! Моментална ситуација не ја опишува цела твоја личност и сите можни идни исходи! Способна си, те бива за многу работи, не си смотана! Извини за цитирањево...
НЕ.. Не е светот ништо подобро со мене.. Нема никогаш да ми биде дадено ништо.. Јас сум да ме ставиш на земја и да газиш колку што можеш..
Koга ќе видам видео како на некое дете му даваат онаков фиксен телефон од старите на вртење, па ова не знае како треба да заврти некој број, и читам коментари колку денешните генерации отупавеле, како знаеле на смарт телефони а не знаеле на овој... Ако првпат му го даваат фиксниот дури и не му кажат дека е телефон како ќе знае детево што е и како да заврти? Никој не се раѓа учен да ракува со било што. Верувам дека и ако на тие што коментирале им се даде гајгеров бројач нема да знаат што е и како се користи без да им посочи некој.
Слушна Норвешка дека и откажувам љубов поради студот, па реши да го има најтоплото лето. Потопло и од Скопје. Нели сме си судени? Всушност, кога размислувам за Норвешка, некоја вселенска сила ме влече кон неа, како да сум страсно љубела во нејзините граници, како да ми е страшна носталгија, возвишена убавина. Врска немам зошто, никогаш не сум била. Можеби ако има претходни животи, во еден од нив сум била царица на Норвешка И така листам летови за кратка екскурзија, си велам негде море, сонце нешто песок...и оп гледам на листата Норвешка, па Исланд... си патам јас од непозната во равенкава. Си кажав што имам да кажам, време е за кофа сладолед.
'Пациент' станав луѓе!! Зависна сум од форумов!!! Цело време чекам да ми се соберат 10.000 лајкови на постовите! Срамота, возрасна жена, со што се занимава
И јас ги знам Ја бев на форуми, вие под маса кошарка ко игравте Скроз жено!! Скорз!! Ги замислив на е*ана полица на зидот.. цела прелепена со темносин велвет... леле готово!
Не претервај каков дарк веб?! Не беше пред 15 години, беше пред 10 и беше форум.хр едит: 13 години било.. слабо ми оди математикава
Сакам да кажам дека од сабајле кога пишав мислењето, до сега уште три мислења прочитав каде некој упатува друг на психијатар зошто не се согласуваат, или не се сакаат, или едноставно кога се нема аргументи. Ок, "психијатар" ви е нов збор во речникот па работава е уствари за пофалба зошто мрднавте од мртва точка и јас за џабе уствари мрачам тука? Да си знам. Just saying, инаку не се важело.
Сакам да кажам дека преку глава ми е од спремање на куфери. Пакување, вадење, средување па пак пакување. Цела година, уствари две години истото. Едвај чекам Петок да дојди и да заврши сето ова...
Татковска љубов имено, го гледам периодов како учи, впива се што ќе виде и слушне, периодов е толку залепен за татко му што се лепи на џамот и вика по него, го бара, помине еден човек тој вика и го бара.. нон стоп по цел ден И преска кога влезе татко му не знаеше каде да бега и трча од среќа и љубов Сега го голедам се залепил до него и сам заспа, иако е испотен и му е жешко не се откажува .. се лепи и така спие до него А утре пак ќе го бара се до петок до кога он не го земе и не бликат од среќа заедно А јас ги гледам и си велам зарем постои поубава среќа од оваа, да гледаш љубов, да гледаш како расти со љубов Нема Од друга страна секојдневно читам низ форумов како се повеќе мажи ниту се прибираат дома нити имаат некоја желба да си го земат детето и да го дружат, да се запознаат, да комуницираат меѓусебно како тато и дете Зошто? Зошто мажи? Зошто ги ставате кафаните и другарите пред вашата фамилија и вашите деца? Кога ако не сега ќе им се нарадувате на сопствените деца, да ги поиграте, да ги нахраните, да ги пресоблечете и да ги насмеете од се срце Тој што нема желба да си го земе детето во раце и да помине квалитетно време со него не би го нарекла родител туку губитник Губитник на нешто многу поскапоцено нешто во животот од другарите и пивото Тој не заслужува фамилија, не би ми паднало на памет да зборувам дека би останала со таков лузер а не пак да размислувам да го променам Што да променам? Ако тој не дава родителска љубов јас да му ја ставам во срцето? Не бе.